Објавување на лични податоци без дозвола

  • Креатор на темата Креатор на темата Daromir
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 август 2017
Мислења
3
Поени од реакции
1
Здраво,

Сакам да креирам веб страна која ќе содржи профили на луѓе и ќе вклучува нивна фотографија и професионални информации. Ме интересира правниот аспект на тоа, односно дали е дозволено да се објават тие информации без согласност на сопственикот? Дали оние кои ќе се објавени имаа право да поднесат тужба или да побараат нивниот профил на страната да биде отстранет? Доколку некој има подобро искуство со ваквата проблематика ве молам за мислење.
 
Без дозвола на лицето не смееш да објавуваш лични податоци затоа пред да пристапат на твојот портал ќе треба да им дадеш да потпишат (accept/decline) електронска согласност дека одредени лични податоци кои тие ќе ги внесат при креирање на свој профил, согласно закон ќе бидат јавно објавени како дел од нивниот профил (на пример како што е на facebook, linkedin, itn.)
Ако си согласен можам да ти составам таква согласност, пиши ми во порака за да се договориме.
 
Здраво,

Сакам да креирам веб страна која ќе содржи профили на луѓе и ќе вклучува нивна фотографија и професионални информации. Ме интересира правниот аспект на тоа, односно дали е дозволено да се објават тие информации без согласност на сопственикот? Дали оние кои ќе се објавени имаа право да поднесат тужба или да побараат нивниот профил на страната да биде отстранет? Доколку некој има подобро искуство со ваквата проблематика ве молам за мислење.
Мислам дека ако ти се добиени на легален начин(ако ти ги предадат самите, ги имаат објавено на некоја социјална мрежа или ги имаш најдено на медиумските страници), нема да имаш проблем. Би требало да имаш проблем, на пример ако земеш тој што сакаш да го имаш на страницата го сликаш ко некој манијак, или украдеш негови информации од негови лични архиви. Сепак би ти препорачал да се консултираш со стручно лице, тука повеќето ќе ти одговорат од ракав, како што тоа го направив јас(не излажав во ниеден дел од текстот, но сепак и јас не сум сигурен дека тоа е вистината) и @Forca.
 
Ме интересираше дали е возможно некој друг да го креира нивниот профил, затоа што ќе се користат само информации кои се веќе јавно достапни. Фотографијата би била обичен портрет како за на CV (ќе ја има доколку самите ја оставиле некаде на интернет). Друга информација која ќе е вклучена е нивната професија. За почеток ќе се само овие.

@Forca Така и претпоставував. Доколку ми затреба твоја помош, ќе те имам во предвид. ;)
 
Не смееш во никој случај без нивна дозвола. Членот погоре има пишано дека е легално да се користат информации доколку ги имат објавено на други социјални мрежи. Не е легално (освен во одредени случани каде имаат потпишано согласнот самоволно дека дозволуваат нивните информации да се користат слободно и на други места).

Можат и ќе те тужат.
 
Не.

@Daromir И кога ќе те тужат, ќе наебеш. Пошто си објавил, ти си, се знае кој си, се знае кои се оштетените, а документ за согласност и дозвола нема да можеш да продуцираш затоа што го нема.

Можеш само да се надеваш дека нема да те тужат, ама од повеќе луѓе ќе се најде некој, некој што има добар адвокат кој што вади ќар од вакви работи, ќе си платиш убаво и во иднина ќе научиш да бидеш учтив.
 
Јас воопшто не те разбирам. Што имаш ти да се занимаваш со туѓи профили, па уште и да им ги објавуваш податоците? Јас прв би те тужел
 
Не смееш во никој случај без нивна дозвола. Членот погоре има пишано дека е легално да се користат информации доколку ги имат објавено на други социјални мрежи. Не е легално (освен во одредени случани каде имаат потпишано согласнот самоволно дека дозволуваат нивните информации да се користат слободно и на други места).

Можат и ќе те тужат.

Истото го пишав и јас само со други зборови, а за фб и др. социјални мрежи ние кога го креираме профилот на фб со прифаќање на условите на нивниот сајт даваме и дозвола за објава на нашите лични податоци а дотолку што имаме опција понатаму да определиме самоволно што ќе биде јавно а што приватно на нашиот фб профил, али во секој случај треба да се има согласност од лицето дали сака дел од неговите лични податоци кои тоа лице ќе ги определи и кои ќе ги внесе при креирање на својот профил да бидат јавно објавени согласно закон.
 
Вака, да бидам појасен. Нема проблем ако луѓето сами си прават профили да им ставам форма за согласност за да одобрат. Прашањето ми беше, што ако јас им направам профил, на секој поединечно? На пример сакам мојата страна да е база на сите адвокати во Македонија, на пример како Златна Книга. Нивна фотогорафија, име и презиме, и професија (работно место).
 
Доволно си јасен. Секогаш ќе се најде некој шо ќе ти шибне тужба
 
Ќе те тужат ако објавиш нивни лични податоци,тоа е приватност
 
Вака, да бидам појасен. Нема проблем ако луѓето сами си прават профили да им ставам форма за согласност за да одобрат. Прашањето ми беше, што ако јас им направам профил, на секој поединечно? На пример сакам мојата страна да е база на сите адвокати во Македонија, на пример како Златна Книга. Нивна фотогорафија, име и презиме, и професија (работно место).

Bez prethodna soglasnost na samoto fizicko ili pravno lice ne smees da objavuvas nivni podatoci a uste pomalku bez nivno znaenje da im kreiras profil na nivno ime i za nivna smetka da objavis licni podatoci (generalii na subjektot).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom