Soccer Manager (Други Лиги)

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Ако има нова лига со Атлетико сум. Ако играме со слаби со Сент Паули. У случај да не видам, па да не ме заебете па со интер да играм мајку вам божју.
 
Зборено е веќе, ама идеално би било да платиме и да си направиме своја лига, со наши правила. Ќе дојде по 50-100 денари од човек мислам, зависи колку ќе се пријават. Сметам дека треба да се стремиме кон нешто слично на ЕЛ лигата, затоа што другиве ептен брзо здосадуваат. Еве во оваа не верувам на некој баш вистински да му е гајле.
 
Во право си, ЛШ и мене брзо ми здосадува, темплејтот на ЛШ е срање. (Не се менуваат тимовите во дивизиите од година на година или се си е тој истиот)?

Ќе собереме пари од сите овде што играме и ќе направиме наш сопствен темплејт со најбитно правило да има трансфер периоди и мал буџет и да играме со слаби тимови, да неможеме да купуваме во старт кога сакаме и што сакаме, нема да биде реално во „селски“ тим да имаме 100 милиони и повеќе за трансфери и ќе се истепаме кој да го земе Меси, Роналдо, Нејмар итн...
 
Немора да имаме мал буџет, просечен некаде е најдобро, но со слаба економија. Тоа ќе значи дека нема да има големи бонуси после крај на сезона и дека нема да има инвестиции од сопственикот на клубот, што ќе биде најбитно уствари. Во ваков случај при купување на играч нема да се гледа само цената, туку и платата на играчот, со оглед на тоа што редовно ќе одиш во минус со играчи кои земаат преголема плата, а нема да смееш да си дозволиш да си во преголем минус пошто знаеш дека бонусот по крај на сезона ќе ти биде минимален. Исто битен момент е да се одберат рамномерни тимови, со стадиони кои им се тука некаде на големина и кои немаат 150 души на позајмица, од кои подоцна некој би можел да собере 70 милиони.


За трансфер периодите и јас сакав да предложам. Уште пореална ќе ја направат лигата и таман ќе биде едниот да е во периодот од крајот на тековната до почетокот на следната сезона со што овој ќе трае 2 недели одприлика, а другиот да биде недела дена некаде на сред сезона.



Иначе ако сакате ќе ви пуштам сметка уште одма, не е проблем. :cool:
 
Ќе мора да напуштам значи едната лига за да можам и јас да играм во новата за една недела шо ќе ја направите.
 
@Клипче ај овде префрли ги постовите од другата тема, па тука ќе се договараме за новата.
 
Prvin da se dogovorime sve, i koj so koj tim ke bide pa potoa da plakjame.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Јас ништо не планирам да напуштам :D

Јас не можам повеќе од 3 лиги затоа морам да напуштам една за да влезам во новата пример. А баш ми се игра во новата од почеток сите.
 
Јас не можам повеќе од 3 лиги затоа морам да напуштам една за да влезам во новата пример. А баш ми се игра во новата од почеток сите.
Па оваа ќе си ја напуштиш бато.
 
Иначе чекајте малце нека заврши трансфер периодот, нема потреба од брзање со бирање екипи. :P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom