Да, дефинитивно. Моментот со тапа тренер се провлекува од самиот почеток на новиот ЖРК Вардар и како резултат на таа нестручност бар еднаш не успеавме да дојдеме во ситуација да ја освоиме титулата. Жално е таков колектив да нема тренериште кое тактички ќе го донесе до титула, бидејки од авион се гледа дека фали тактика во натпреварите на Вардар, за разлика од индивидуалниот квалитет со кој и стигнавме до вицешампиони. Е да, баш зборот "дрскост" најдобро ја опишува Илина а ја би додал и брзина ( нешто што и фали на Лекиќ на централен). Би било убаво да ја земат ама како што кажа тешка ќе бида работата со неа. Ајде ќе видиме што ќе се дешава. И да, се надевам и посакувам девојките следнава сезона да имаат полна сала, навивачите да доаѓаат да ги гледаат нив, а не по критериум спрема јачината на противникот. Вардар како клуб со сето тоа што го прави изминатите сезони, а посебно минатата каде стана вицешампион во женска, и шампион во машка конкуренција дефинитивно заслужи такво нешто.