Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.297
Поени од реакции
8.766
Го фатиле у лага, нема што (под услов да е све тоа вистина). Тапа е.

И не лажел без корист, ама лажел за што? За тоа зошто се сликал гол.
Ехеј, пастирот у очи лажеше за многу покрупни заебанции, да не се лажеме. И не само тој.

Овде пак друго збори. Пошто подржувач на Груевски ги постираше сликите кај што изјавил дека е тоа за прометејовите гаќи, добро би било да се провери таа изјава. Не викам дека по дифолт све што сендвичите ќе постираат на форумов е лага, ама после 150.000 учк борци, синот што загинал у Вејце, девојката од 25 години што починала, 3000 муџахедини, згради за емигранти кои ВМРО "не" ги градело и други работи, не на одмет човек да провери све што постираат.
Да не испадне дека го бранам или нешто слично, ама мислам дека исказот му е малку 'метафоричен'. Кај Јасна Котеска на Твитер пишуваше дека кога го правеле тој проект за Маргина, бил револуционерен во тоа време и се противел на 'табуизирањето на сексуалноста' или 'ги кршеле сексуалните табуа' (ставањето гаќи на Прометеј за Алаѓозовски е табуизирање на сексуалноста...) нешто во таа смисла. Не верувам дека Алаѓозовски е толку глуп да каже дека во 2003 год. се сликал гол во знак на протест за проект претставен во 2008 год. Мислам дека и изјавата му е дадена во овој контекст.
 
Последно уредено:
S

silmarillion

Гостин
Ајде да видиме што фора е ова на груевци за зврле.[DOUBLEPOST=1502901419][/DOUBLEPOST]Ајде да видиме што фора е ова на груевци за зврле.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Ајде да видиме што фора е ова на груевци за зврле.[DOUBLEPOST=1502901419][/DOUBLEPOST]Ајде да видиме што фора е ова на груевци за зврле.
Или е фора или вчера Бејли дошол инструкции да каже кој што да прави.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Мене, искрено да пишам, натегањево околу зврле не ми е целосно јасно.
Пак, судовите се тие што ја праат затката, а во нив дешавка никаква, ниту пак СЈО го има некаде.
Ај хиениве да речеме дека се за разбирање. Истите срања ги праат пошо ги чека клавир свирење, ама освен време не сфаќам што друго би добиле.

И да ги потсетам токмаците у сдс дека кога ќе го сменат зврле треба друг да дојде на позицијата, па ако не побарале чоек до сега, барем овој да го знаат унапред, а не да ни се загрозуе државава ко Струшкине ручеци.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Ајде да видиме што фора е ова на груевци за зврле.[DOUBLEPOST=1502901419][/DOUBLEPOST]Ајде да видиме што фора е ова на груевци за зврле.
Ќе ја оспоруваат одлуката за разрешување на Зврле врз база на мислењето на Антикорупциска. Колку е валидно мислењето на Антикорупциска во случајов тоа е друг муабет.[DOUBLEPOST=1502911370][/DOUBLEPOST]
Мене, искрено да пишам, натегањево околу зврле не ми е целосно јасно.
Пак, судовите се тие што ја праат затката, а во нив дешавка никаква, ниту пак СЈО го има некаде.
Ај хиениве да речеме дека се за разбирање. Истите срања ги праат пошо ги чека клавир свирење, ама освен време не сфаќам што друго би добиле.

И да ги потсетам токмаците у сдс дека кога ќе го сменат зврле треба друг да дојде на позицијата, па ако не побарале чоек до сега, барем овој да го знаат унапред, а не да ни се загрозуе државава ко Струшкине ручеци.
Од една страна сакаат да демонстрираат "сила" пред избори, од друга - за да стигне до суд случајот мора да помине прво пред обвинител.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
ИНТЕРВЈУ Милчо Манчевски: Не припаѓам на ниту една банда


За тврдењата на власта дека опозициските „бомби“ се монтирани и креирани, а во кои се разобличија криминалите на владата на Груевски, тој се изрази лаконски – ако „бомбите„ се монтирани, ќе го земе тој човек да работи на неговиот следен проект. Милчо Манчевски. Македонскиот режисер и уметник, познат и признаен во планетарни рамки, човекот кој никогаш не ја заборави Македонија и преку своите дела ја прослави ширум светот, говори за ЦИВИЛ Медиа. За себе вели дека мисли глобално, но дејствува локално. Скромен по природа, Манчевски, сепак, не може да го избегне фактот дека неговите уметнички дела имаат глобален ефект.

ЦИВИЛ Медиа: Каква е општествено-политичката позиција и одговорност на уметниците и интелектуалците?

МАНЧЕВСКИ: Одговорност и привилегија да се биде чесен и гласен имаат уметниците, интелектуалците, ама и сите граѓани, особено оние што примаат државна плата. Од уметниците и интелектуалците со право се очекува да формулираат став кој ќе биде дел од еден дискурс полезен за заедницата или да бидат славејот во рудникот и први да ги забележуваат девијациите – иако целта на уметноста не е да се бави со општеството, туку да се бави со човекот. Како и да е, оваа обврска на уметниците и интелектуалците не ги апсолвира граѓаните. И интелектуалецот и уметникот треба да придонесуваат на заедницата, ама тоа треба да го прави и секој граѓанин. Тој самиот треба да учествува во создавањето на подобра, пофер и попрогресивна заедница. Тоа нема никој друг да го стори за него. За жал, во Македонија има многу полтрони. Кога е детето мало не се прашува дали е весело или дали е паметно, или дали е среќно, туку дали слуша. Учени сме да бидеме користољубиви, а тоа подразбира да бидеме тивки и послушни. За илјадници од овие криминали што се случуваа, за унаказувањето на градот и на државата, за сето тоа има потписи и два кренати прста на илјадници послушни македонски апаратчици кои во тоа влегувале со цел да се офајдат. Власта не е дојдена од Јупитер, туку е од тука и поддржана од премногу послушни и користољубиви граѓани.

ЦИВИЛ Медиа: Уметниците и интелектуалците се повикани да бидат одговорни пред општеството. Тие не можат да останат на страна од политичките и општествените настани и процеси. Начинот на кој тие ќе одберат да учествуваат во општеството е нивна индивидуална одлука, но има силен општествен и политички одек. Во времиња тешки за демократијата, голем дел од интелектуалците и уметниците решаваат да молчат или да ги прикријат своите мисли од големото око на режимите. Некои стануваат дел од системот. А малкумина од нив, решаваат да бидат гласни и бескомпромисни. Некои, пак, се придружуваат кон политичката опозиција, а по падот на режимот, стануваат дел од новите власти. Каде беше Милчо Манчевски?

МАНЧЕВСКИ: Јас би сакал да ги погледнете уште еднаш моите филмови и да ги препрочитате моите интервјуа од последниве 5, 10 или 20 години. Со години укажувам на она за што мислам дека е важно да се зборува и ме слушаат многу луѓе и во Македонија и во светот. Некои тивко размислуваат за тоа, други пишуваат есеи или го предаваат моето дало на универзитети и средни школи, трети ги стваат моите реплики на транспаренти. Зборувам за работи кои треба да се веќе апсолвирани: дека треба да се биде хуман, чесен, вреден, солидарен, да се сака ближниот, да се осуди корупцијата, омразата и национализмот, да се биде спремен на саможртва. Тоа го кажувам во моите интервјуа и написи, ама – многу поважно – во моето уметничко дело. Нешто се обидувам и на дело да помогнам. Зборувам и за конкретни работи – за војната во 2001, за грчкиот национализам, за криминалниот пустош кој властодршците го оставија зад себе, за конкретниот криминал во Филмскиот фонд, за фактот дека племенската поделба и партиските криминали ја разјадуваат земјава како жива рана… Поради она што го кажувам и снимам често имав проблеми за кои не зборував јавно, а бев на црна листа повеќе од седум години, сите мои уметнички проекти беа замрзнати, власта се обиде да го забрани МАЈКИ, дома ми беше пратена полиција, мегафоните на власта ме напаѓаа со гнасни лаги, а медиумите се обидуваа да ме скријат од јавноста.

Мислам дека уметникот прво треба да зборува со своето дело. Доброто уметничко дело не е само одраз на времето и на местото, туку има универзална тежина и зборува за општочовечки прашања. И во уметноста, и надвор од неа јас верувам во прецизно кажана мисла. Достоинствена. Не ми требаат суетни Фејсбук преписки. За жал, кај нас владее една токсична какофонија, како јатрви што врескаат на капиџик. Јас одбивам да бидам вовлечен во еден таков недостоинствен хаос. Поради тоа сум еден од ретките што ја имал честа да го плукаат и Латас и Геровски (откако и едната и другата партија ми нудеа министерски позиции) – ама јас ја имам таа комоција моето дело да биде меѓународно признаено и ценето, 80% од финансиите за моите македонски филмови да доаѓаат од странство како копродукции и затооа – а и затоа што не врувам во лажни авторитети – нивниот притисок не ми пречи. Само е потврда дека не грешам. Она што сум го постигнал сум го постигнал со личен ангажман и во странство и тука. Иако израснав сам од 14 години, бев најдобар ученик на генерацијата и се изборив за стипендија од универзитетот во Илиноис; моите проефсионални проекти – после долгогодишни обиди – беа поддржани од луѓе на кои не знаев точно ни името да им го напишам. Златниот лав, номинацијата за Оскар, сите 40-тина награди, вклучувањето на мое дело во најдобри 1.000 филмови било кога снимени, како и сето тоа што моите филмови го направија за оваа држава – сето тоа беше постигнато со објективен напор и талент, а на затоа што сум во наша банда или ваша банда или затоа што одработувам за еден криминалец или друг. Не верувам во племенско здружување во 21 век. Ова не е релативизирање, ами посочување на фактот дека во оваа заедница – за жал – се’уште се живее племенски и тоа само не’ влече кон дното. Нашава племенштина оди рака под рака со примитивност и себичност.

Јас сиве овие години работев за мојата уметност, ама и за мојата татковина – и филмови и изложби и книги и реклами. Не само што сите тие дела се силни уметнички дела, туку тие се и полезни за заедницата. Погледнете ги одново рекламите за македонски туризам, на пример. Има луѓе кои сметаат дека не смееш да работиш за својата држава ако не се они на власт. Нив ги интересира власта, а не заедницата. Ги интересира опресија, а не солидарност.тие сметаат дека државните пари се нивни за они да ги делат. Тие за се’ имаат мислење и секого судат, а најважно е тие да се во центарот на светот, или барем на нивното маало. Не е чесен интелектуалец ниту е чесен човек оној кој се крие зад јавниот интерес, а всушност го интересираат само лични и племенски интереси. Бивши министри со криминално однесување на кои и претседателот им го отепаа, а они немаа доблест да се засрамат и да се повлечат од политиката, или луѓе кои глумеа уредници за да одработуваат за криминалци си го земаат правото да обвинуваат, да судат и да носат луѓе на отстрел како во најубавите сталинистичи времиња. Веројатно се надеваат дека додека викаат по други луѓе, никому нема да му текне да гледа во нивниот криминал.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се Вашите следни филмски проекти? Дали подготвувате некој проект овие денови?

МАНЧЕВСКИ: Завршив еден краткометражен експериментален филм, кубанско-американска копродукција, КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО, кој веќе играше на десетина фестивали и освојува награди. Го снимив додека предавав на филмската академија во Хавана, како еден од првите американски уметници кој дојде во Куба уште пред обновувањето на дипломатските односи меѓу Куба и САД. Завршив и долгометражен филм, БИКИНИ МУН, во Њујорк, кој допрва ќе ја има светската премиера. Како што гледате, работам филмови по светот. Додуша, и сите мои претходни македонски филмови беа европски копродукции, во кои учествуваа Британија, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Бугарија и Еуроимаж. Една од причините зошто сега воопшто не снимам во Македонија е тоа што тука власта ме стави на црна листа. Ама, иако се промени власта, не очекувам да се промени односот на културниот естаблишмент кон мене. Нивниот однос кон мене (ама и кон други успешни луѓе) не е предизвикан од идеологијата, туку од зависта, од фактот дека не припаѓам на ниту една банда, и од фактот дека го потсеќам културниот естаблишмент на нивната ништожност.

Џабир Дерала
 
S

silmarillion

Гостин
Ќе ја оспоруваат одлуката за разрешување на Зврле врз база на мислењето на Антикорупциска. Колку е валидно мислењето на Антикорупциска во случајов тоа е друг муабе.
Па мислам дека не е воопшто валидно.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ова беше максимум што можеа да извлечат. И ним им беше јасно дека шарадата еднаш ќе заврши и Зврле ќе биде сменет. Вака добија шанса да го оспоруваат новиот јавен обвинител и обиненијата кои неминовно ќе следат. Не дека тоа нешто ќе смени, ама работата беше дај шта даш.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.856
Поени од реакции
36.889
Мене, искрено да пишам, натегањево околу зврле не ми е целосно јасно.
Пак, судовите се тие што ја праат затката, а во нив дешавка никаква, ниту пак СЈО го има некаде.
Ај хиениве да речеме дека се за разбирање. Истите срања ги праат пошо ги чека клавир свирење, ама освен време не сфаќам што друго би добиле.

И да ги потсетам токмаците у сдс дека кога ќе го сменат зврле треба друг да дојде на позицијата, па ако не побарале чоек до сега, барем овој да го знаат унапред, а не да ни се загрозуе државава ко Струшкине ручеци.
Кога ќе стават нов обвинител ќе може да поведат веднаш постапки за инцидентите во парламент и за куп други работи. Пола вмро ќе го гонат. Бонус и Стевчо Јакимовски едвај чекаат да го подберат. Човекот е тежок криминалец и печен е за затвор.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Ќе го сменат и овие ќе искочат на протест и пак ќе се вртиме у круг... Животот во Македонија.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.437
Поени од реакции
5.485
http://vesti.mk/read/news/13840383/4773061/nema-pokachuvanje-na-penziite-penzionerite-gi-gubat-beneficiite-koi-gi-steknaa-od-vladata-na-vmro-dpmne-no-i-redovnoto-zgolemuvanje-na-penziite
Бенефициите кои за пензионерите ги воведе ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат укинати, а пензиите нема да се зголемуваат линеарно, односно по 600 денари, туку владата на СДС оваа есен ќе ги зголеми за симболична сума од 1%. Тоа би значело дека најниските пензии би добиле зголемување од само 85 денари. На овој начин, пензионерите кои добиваат повисоки пензии ќе добијат повеќе пари, додека оние кои примаат помала пензија ќе добијат помало зголемување.
Дојдоа комунистите на власт. Комунистичкото пак си почнаа да го тераат.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.279
Поени од реакции
15.405
Мене, искрено да пишам, натегањево околу зврле не ми е целосно јасно.
Пак, судовите се тие што ја праат затката, а во нив дешавка никаква, ниту пак СЈО го има некаде.
Ај хиениве да речеме дека се за разбирање. Истите срања ги праат пошо ги чека клавир свирење, ама освен време не сфаќам што друго би добиле.

И да ги потсетам токмаците у сдс дека кога ќе го сменат зврле треба друг да дојде на позицијата, па ако не побарале чоек до сега, барем овој да го знаат унапред, а не да ни се загрозуе државава ко Струшкине ручеци.
Со реформата на Јавните обвинителства, тие превзедоа 95% од овластувањата на истражните судии(све освен одредувањето на притвор), и друга битна работа е што сега обвинителството има дирекна надлежност над МВР во поглед на истрагите. затоа МВР оддели отприлика 150 инспектори кои се формално вработени во МВР, но сепак се под палката на јавниот обвинител.

Е сега, ако не го сменат Зврлески, овие 150 инспектори воглавном по организиран криминал, ќе бидат надвор од палката на Оливер, а со тоа им престои опасност во наредниот период, поготово пред локалните избори овие 150 да им прават истраги за злоупотреби на министрите, и јавно да ги влечат на ист начин како што катица ги влечеше вмровците.

Тоа на заев најмалку му треба во моментов, и со подршка на `чадорот со наочари`` е решен по секоја цена да го смени, ако треба и со кршење на уставот, за што ќе добие премолчена согласност од западот
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom