Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да сподели материјали по имплементација на системи со отворен код?
 
Дали би можел некој да ми каже нешто во врска со изборниот предмет Формални јазици и автомати? Тежок , лесен, интересен? Како се полага и дали има задачи?
 
Вака сега, сакам да се запишам на ФИНКИ смер КНИ - англиски. Сега како прво прашање, вториот предмет по државна матура ми беше Англиски и добив 5ка со 98%. Затоа што сакам КНИ англиски, дали ова ми важи како соодветен или несоодветен предмет?

И сакам општо мислење за овој смер од вас, дали сите предавања се на англиски јазик? Дали би било подобро да идам на КНИ (македонски) со оглед на тоа што би имал повеќе шанси да фатам државна квота.. фала однапред.
 
Секоја година во периодот за уписи доаѓа и редовната тема за бирање насока, предмет итн.

1. Официјални информации за содржините и начинот на одржување на предметите

На страниците на Факултетот има содржини на предметите. За секој предмет е даден документ направен според тоа како била спроведена акредитација за предметот. Ниеден наставник не би смеел да ги менува содржините произволно и да излегува надвор од тоа. Зошто? Акредитацијата е процес со кој на Факултетот му се одобрува да држи настава според некој даден предлог план, насоки и предмети во тие насоки со наведени содржини, литература, очекувања, оценување итн. Студентите имаат право да студираат според напишаното во акредитационите документи, и тоа право не би смеело да им се ускрати.

Универзитетите мора да работат по некои нормативи (помалку или повеќе) и треба да се очекува да држат настава за некои подолготрајни вредности (особено научно поддржани вредности и стандарди) и позначајни технологии (базирани на стандарди) кои се докажале и се одржале како такви, а не работи што се раѓаат, менуваат и исчезнуваат на секои 3 месеци.

Ова би требало да одговори на прашањата и коментарите за тоа колку наставниците ги менуваат содржините, дали содржините се застарени или не.

2. Дополнителни информации за содржините и правењето избор

Низ страниците на Факултетот (ако пребарате) може да најдете и водич за студирање, кој може да биде од помош во изборот на насоката и изборните предмети. Ако и натаму имате прашања за некој предмет, обидете се да ги прашате и самите наставници.
Факултетот веќе нема јавни предметни сајтови (такво нешто имавме од 1996-2011, но сега немаме), па за да дојдете до официјални материјали за тоа како конкретно и реално се држел некој предмет ќе мора да се снаоѓате и прашувате по колеги или да ги замолите наставниците да ви пратат информации.
Факултетот не ги листа наставниците по предмети или по области, туку по звање, па ќе треба да се распрашате за да дознаете кој наставник е соодветен или да ги посетите нивните личните веб страници да видите со која област се занимваат и кои предмети ги држат за да знаете кој наставник да го прашате.

3. Ако и натаму не ви се јасни различните насоки - што е нивната поента, како настаналe, што треба да очекувате дека има на нив и сл.

Го препорачувам сајтот на ACM (најголемата и најпозната светска асоцијација од областа на информатиката) за тоа како треба да изгледаат наставни планови - https://www.acm.org/education/curricula-recommendations . Некои од насоките на ФИНКИ се правени делумно според моделите од ACM, но не сите и не се секаде покриени препораките во целост. Сепак тие информации може да ви се од корист.

Поконкретно, за да видите која насока од кај потекнува, какви цели има и што опфаќа препорачувам да прочитате CC 2005: https://www.acm.org/education/education/curric_vols/CC2005-March06Final.pdf
(Ако не сакате цела книга, тогаш барем стр. 9-21 за општи историски и тековни информации за различните дисциплини според кои се именувани и нашите насоки, особено што и историјатот на образованите во МК одело по слични трендови, сликите на овие страници се информативни за да ги разликувате насоките по тоа каков генерален фокус имаат, и да ја разгледате табелата на страна 24-25 која дава преглед на тоа кои предмети колкава тежина треба да носат во определена насока)

Во некои од документите на овој сајт има и пример предмети како се реализирани на други Универзитети во светот, па со тоа може да си споредите како е кај нас и како е некаде на друго место и од тоа да заклучите што и колку би ви било признато.
 
2. Дополнителни информации за содржините и правењето избор

Низ страниците на Факултетот (ако пребарате) може да најдете и водич за студирање, кој може да биде од помош во изборот на насоката и изборните предмети. Ако и натаму имате прашања за некој предмет, обидете се да ги прашате и самите наставници.
Факултетот веќе нема јавни предметни сајтови (такво нешто имавме од 1996-2011, но сега немаме), па за да дојдете до официјални материјали за тоа како конкретно и реално се држел некој предмет ќе мора да се снаоѓате и прашувате по колеги или да ги замолите наставниците да ви пратат информации.
Факултетот не ги листа наставниците по предмети или по области, туку по звање, па ќе треба да се распрашате за да дознаете кој наставник е соодветен или да ги посетите нивните личните веб страници да видите со која област се занимваат и кои предмети ги држат за да знаете кој наставник да го прашате.

https://www.finki.ukim.mk/mk/studies/study-guide

Овој е водичот што го спомна? Не работи ниеден од линковите.
 
За упис на ФИНКИ каде треба да се достават документите, кај ТМФ или?
 
Дали може со молба да се запише Вис без положен К1 и дали може со молба да се запишат 6 предмети во семестар?
 
Шо е ТМФ? Google вика Технолошко металуршки факултет. Ако е тоа точно значи таму треба?

Да во технолошко металуршки факултет се одвиваат уписите на ФИНКИ.
Ќе биде означено се така да нема да погрешиш.
 
Да во технолошко металуршки факултет се одвиваат уписите на ФИНКИ.
Ќе биде означено се така да нема да погрешиш.

Само уписите да беа ќе беше добро (y)
 
За уписите мора извод не постар од 6 месеци или може и постар?
 
За уписите мора извод не постар од 6 месеци или може и постар?
Иако овде непиши, https://www.finki.ukim.mk/mk//enrollment/dodiplomski-studii?q=mk/enrollment/dokumenti
на страната за пријавување за уписи кога ќе го завршиш пријавувањето, ти ги дава сите потребни документи за печатење освен таксена марка? и тука е наведено следново

4. Извод од матична книга на родените(оригинал - независно колку е стар)

Еве ти скриншот, ваљда и ти можиш самиот да видиш шом се запишваш сеа.
http://imgur.com/a/J9Cht
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom