Морам да кажам, некако чудна епизода. Некако не ми се допадна, не е проблем телепортингот, аман веќе со тоа, пак ли треба да повтараме дека истото од првата епизода во првата сезона го има. Тирион дојде од ѕидот до Риверлендс за пола епизода во прва сезона, а не па Џон и екипата со брод до Иствоч.
Но се друго ми беше некако, пребрзо, секоја епизода го кажуван истиот проблем, пичка им матер што решија да исфураат се во 7 ипол сезони. Затоа некако без логика се дешаваат ствари, ликот на Тарли треба да се тргне, па ај да го направиме инат, неќел да се предаде оти и служи на кралицата што го отепа неговиот легален надреден и направи уште еден куп глупости и не сака да и служи на ќерката на кралот под кој се борел пред 20 години лојално, единствениот војсководец кој го победил Роберт.
Тирион веќе не знае што прави, цела сезона глупави негови планови па уште и ова со примирјето со Серси. И како така еден од најпрепознатиливите ликови се шета по Кингслендинг без мака. Исто и Давос, баш го најде Гендри за саат време во градот и Гендри ни два ни три одма се слага да оде со него без да му каже овој што и како.
Серси нема да крие и јавно ќе објави дека ќе роди дете на Џејми, а цел заплет започна ради нивниот инцест.
Баш ме интересира што од сплетката од Винтерфел ќе испадне, со осум епизоди до крај, тешко нешто битно. Да беа уште 20 епизоди, може и да се надевавме. И зошто Ројс и војската на Вејл пола година се заседнати во Винтерфел, не им е попаметно дома да се вратат.
И кај фанаа Еурон и Грејворм, сите се шетаат по континентот само они останаа заглавени некаде.
Гендри кога дозна дека е син на Роберт, не се сеќавам на таа сцена.