Засега Заев се обидува да остане на тоа што го ветил, ветуваше дека ќе донесе слобода за граѓаните.
Секако дека многумина ќе се изненадат од кадровските промени и не е проблем што назначува во високи функции луѓе од негова доверба, активни при рушење на режимот, луѓе со кои дели исти сваќања за функсионирање на државата ... нормално не може да остави во функција еден вмровски директор кој не е научен да работи праведно туку расипнички, одмазнички, партиски ...
Верувам дека Заев без разлика што назначува свои луѓе, сепак нема да ги партизира институциите како што правеа од дпмне, кои ја партизираа целата држава, требаше само да ја преименат од Македонија во Вмро-Дпмне.
Злосторот што го направија Дпмне, невиден е за Европа во последните децении.
Толкава желба за сотрење на сопствениот вид немало, ги применуваа највалканите методи према противниците.
Размислете малку, префрлете малце и на прислушкуваните разговори, луѓе се или ѓаволи ... толку местенки, уцени, сотрење, ендеци, изживување со противниците-неистомислениците ...
Кога да им текнеше, тужеа и добиваа пари заради наводни клевети.
Најголем дел од буџетските пари ги насочуваа во сопствените фирми, а ако се работеше за некој јак тендер не мрзеа да отворат нова фирма се со цел да го добијат тендерот.
Ќареа од меѓуетничките инциденти, одеднаш почнуваа серии на разно разни инциденти, играа мајтап со чуствата на луѓето, де ќе градиме двоглав орел со УЧК симбол, де крст од десетина метри, де Филип де Скендербег, важно националистичкиот жар да не спласне а преку него да профитираат политички.
Не дека дпмне не се пазарува, Груевски на секое интервју се фали дека многу направил за албанците, но на граѓаните им е преку глава од нивните инскенирања.
И албанската платформа ја прифатија и тоа во многу поширока форма и за промена на името беа спремни, се пазаруваа скришум.
Земете пример и од медиумите:
Влезете во т.н. портали на сорос и видете дека секое известување и секоја реакција на Дпмне се пренесува изворно, секоја анти-Заев Влада реакција се пренесува на порталите не тн сорос.
Потоа влезете и во порталите на Мвро-Дпмне, најдете ми една реакција на Сдсм или било кој друг што е против Мвро-Дпмне.
Значи не е сеедно, Дпмне докажале, во борбата за власт се беспоштени, ти ја онадуваат демократијата, сотрење и ништо друго, не сакаат критика да слушнат камо ли да прифатат, нивните медиуми се огледало на нивното функсионирање и размислување.
Кажете кој функсионер од Дпмне даде оставка во 10 години владеење, кој од нив беше гонет за некој криминал.
И сеуште после толку сторени злодела сакаат да владеат со државата.
Демохристијани, бремената ќерка на Рамковски ја пикнаа во притвор, а сега 2 години ја блокираат државата само да не паднат во притвор, бегаат и се кријат како кукавици, а пред судот со ангелски глас бараат милостина, биле многу поштени, ни пасош не требало да им се земе.
Присетете се како ги уценуваа луѓето, од Стевче Јакимовски направија ѕвер човек, од Бетмен велит направија че гевара, оној како се викаше Дамовски од обвинет за шпионажа направија Илинденец, од Божиновска која пцуеше и колнеше Груевски со фамилијата направија жив штит за Груевски, преку ноќ лидерите на ромските, турските идр партии менуваа страна, дури и претседателот на советот на општина Центар успееја да го уценат и за малце да го свртат на нивна страна ...
Многу луѓе се заробени во оваа држава и мислам затоа Заев зборуваше за СЛОБОДА.