Фигуративно ти објаснив кој е патот да се оспори една теорија, не ти сега лично да го правиш тоа. Значи за било кој, тоа е патот, ако сакаш да те земат за сериозно, инаку слободен си да веруваш во што сакаш.
Што се однесува до насловот, не би коментирал. Осетлива тема за верници, а потфорумов е религија.
До денешниов ден, многу теории постоеја, беа оспорувани и паѓаа. Тоа оспорување е‘ уште постои па токму затоа и побарав да одговориш, односно наведеш една конечна научна вистина.
Патем кажано, дали јас лично ќе прифатам или не, тоа е мој избор. Таман работа ако животов ми помине во поддржуување или соборување на теории, оти животов не ми е даден за таа цел.[DOUBLEPOST=1502039637][/DOUBLEPOST]
Еве ти де конструктивен, зошто упорно по тоа што плукаш и што тврдиш дека е контра тоа што те учи религијата, го правиш и самиот. Попросто, зошто ја користиш технологијата што е плод на науката?
Веќе ти одговорив, ама си киднал од форумов; користењето на било која технологија, од било кого па и од мене, не е „ствар„ на личен избор, туку е „ствар„ на елегантно економско и идеолошко насилие, кое го вршат центрите на финансиската и иднустриската реална моќ, која ги користи политичарите за свои евтини и послушни слуги.
Затоа не можеш да наведеш ниту еден историски познат случај, кога толпа луѓе излегла на некој плоштад, со барање да и‘ биде воведен „Интернет„. Затоа пак, центрите на реалната моќ, преку образовниот систем, воден од сервилно-дебилни поличичари, образува генерации и генерации луѓе, претворајќи ги во евтина и затуцана работна сила, која од 08.00ч-16.00ч. ќе работи за цркавица а после 16.00ч., ќе ја троши цркавицата за „најновите„ мобилни телефони, битисувајќи во убедување дека нивното користење е дел од „напредокот„.
Ќе ти текне...
П.С:
Кога Бог не би го створил и Светот и човекот, не би постоеле ниту науките ниту технологиите. Јасно е ка‘ ден дека без Бога, не би постоело ништо надвор од Бога.