Добро, не се дери.
Друго сакав да прашам. Кога го гледав Заев на МТВ, мислам дека зборот дебата го повтори некои двеста пати. Впечатокот ми беше дека за секое посериозно прашање ќе има дебата. Под дебата ја лично подразбирам јавна дебата, не дома со семејството, у штаб или у влада. За договорот со Бугарија дебата немаше. За законот за двојазичност не само што ќе нема дебата, туку и ќе го залепат со европско знаменце, за да помине експресно. За становите за бегалците и новиот етноцид шо ни се спрема исто не гледам дебата нигде, а викаат дека со мои пари тоа ќе се градело, од буџет ќе се вадело, на други места ќе се кратело.