Дечки, последна надеж ми е форумот (и xda-developers, ама уште немам reply таму).
Значи, малку ќе биде подолг постот, да објаснам околностите под кои ми се случи дефектот. Имам HTC M8s, купен од Телеком пред недели 2 години. Пред 4-5 месеци почна ненормално да кочи, апликациите да crash-оваат, и не можев да го инсталирам најновиот OTA update. Малку прочепкав, и го најдов stock ROM-от една верзија пред онаа што во тој момент ја имав, го флешовав и го инсталирав најновиот update. Телефонот работеше беспрекорно до пред неколку дена.
- на сред работа, ми се рестартира, и после вклучувањето ми покажа текст дека податоците се енкриптирани и морам да внесам screen PIN unlock code за да ги отклучам. Внесив 4 нули, и ме однесе на друг screen, кај што пишуваше дека податоците не можат да се декриптираат и веројатно се коруптирани, и дека морам да направам factory reset. Си реков да не е некаков glitch, пробав рестарт неколку пати, но секој пат беше истото
- на вториот screen имаше копче за factory reset. После неколкуте restart обиди, го кликнав копчето, но телефонот не се ресетира, туку само се рестартира, и повторно се појавија истите screen-ови. Пробав уште неколку пати, но безуспешно.
- го бутирав телефонот во бутлоадер, и пробав factory reset од таму. Factory reset фрли Error! Некои патеки не можеле да бидат најдени или не можеле да се прочитаат, не успеав сите грешки да ги забележам, но беа многу. Неколку пати пробав, истото.
- последно што можев да направам е да го флешовам stock ROM-от што го флешовав минатиот пат кога имав проблеми. Го ставив на картица, бутирав бутлоадер, потврдив за флешовање и флешовањето беше успешно. Press Power to reboot. Притиснав
- кога се вклучи телефонот, се заглави на HTC логото. Почекав некаде околу половина час, и кога видов дека нема чаре, Power+VolumeDown за да го исклучам.
- пробав да го уклучам, ништо... не реагира. Кога ќе го ставам на полнач, трепка црвеното сијаличе.
Чаре? Или толку од телефонот?