@
Kalimali,
вежбаш ли? Јас имам лумбаго, кога ме фати пред 3 -4 години имав десет дена струја и вежби. Препорака од докторката беше седењето да го сведам на минимум, вежбање секој ден и пешачење.
Одам двапати неделно на групно вежбање, а секое сабајле вежбам онака, демо верзија. Моја препорака е да се консултираш со физиотераевт да ти каже кои вежби се за тебе и ниту еден ден да не ти помине без вежбање. Можеш дома да вежбаш, јас одам на групно оти сум многу недисциплинирана и знам дека дома нема да ги правам како што ги правам таму.
Кога ме болеше пиев Кетонал и дијазепам, дијазепамот го пиев кратко, многу ме замајуваше, кога помалку ме болеше, престанав и со Кетоналот. Не кревам тешко, дури пазам и во чантата да не носам нешто што не ми треба, возам точак, не се наведнувам од половината.
Во Македонија многу често препорачуваат операција, како не знам колку развиено здравство да имаме. Во странство, барем моето искуство е такво, операцијата е последно решение. Кога и спомнав на докторката дека би сакал да направам магнетна, ми рече дека магнетната не е снимање за телевизија, истата се прави само ако резултатот е нејасен или кога е неопходна операција.
Е, и да не заборавам: обавезно да се внимава на чевлите. Рамни никако. Обавезно да се 2-3 сантима подигнати и да се ортопедски или да се носат ортопедски влошки. Мене ми се најзгодни патиките, а ич не сум спортски тип, ама тоа е.
Поздрав на сите и вежбајте!