Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
три дена го даваат „Трето полувреме“ а вечер и „Денови на искушение“, се против новата „розова соработка“ со бугарите.
Предлог? Што викаш да ги уништиме негативите и сите копии на филмот и да направиме ко никогаш да не постоел?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Предлог? Што викаш да ги уништиме негативите и сите копии на филмот и да направиме ко никогаш да не постоел?
Да, исто ко ти шо се праиш луд со лажните принтскринови за пожарите, Заева, загинатиот во Вејце и безброј други.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.343
Поени од реакции
24.018
Дај бе нека му објасни некој на @Nekojx некој работи околу меѓудржавни договори и нивното непочитување. Греота е вака да си гае лажни илузии.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.352
Поени од реакции
34.981
Дај бе нека му објасни некој на @Nekojx некој работи околу меѓудржавни договори и нивното непочитување. Греота е вака да си гае лажни илузии.
И БЈРМ беше времена, и „само за кратко“.
Така ни кажува.

Паметниот учи од туѓите грешки, глупавиот од своите. Е, а ретардираните тие... :(


Но, и така пак е ок.
Се прави притисок врз Грција, се праќа порака во ЕУ и во свет, а што и да е решено може да се врати од прв ден во ЕУ.
Прашај ги девојките што им кажувале дека ќе им го стават „само до пола“, што се десило со другата половина.
Освен ако можеби некако веќе знаеш? ;)
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Zaev e postaven od stranski sluzhbi i raboti po instrukcii na istite. I ovde zavrshuva prikaskata.
Ако под странски служби подразбираме ЕУ, САД и нивните партнери, тогаш да.. овде завршува приказната.
А тоа работи под директива на "странските служби" фала богу што е така. Видовме шо се дешават ко ќе некој не работи по наредба. Паторот ќе го турија пошо глумеше Шериф Брендо.
Сега ќе глумит Идриз Бег.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.352
Поени од реакции
34.981
Предлог? Што викаш да ги уништиме негативите и сите копии на филмот и да направиме ко никогаш да не постоел?
Сега човек да е паметен, ќе вложи во печатница.
Сите учебници кога ќе фатат да ги преправаат, по бугарски.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Да, исто ко ти шо се праиш луд со лажните принтскринови за пожарите, Заева, загинатиот во Вејце и безброј други.
Сакаш да кажеш дека "Трето полувреме" не е вистинит?
Што е следно, Бугарите биле ослободители?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.343
Поени од реакции
24.018
Не шлапај глупости аман, полицијата прајт погрешни проценки од вакви тврдокорни ко тебе и затоа се тие стотиците џандари..

Предавнички договор? Го видов на брзина, врска немат со некакво предавство.
Кај мисли да живее Зоки понатака? Зоки тек се роди, чекај сеа до пубертет има време. Другото дете 11 години го растевме, рано е сега за тие муабети.
Не е предавник, и има и страм и страв и чест, што е сасвим нормално. Ние другите ги гледаме работите поинаку, твојата перцепција на случувањата е погрешна.
Ова со телохранителиве ти е слаб, низок обид да го оправдаш твојот вечен фараон и неговата потреба за екстра обезбедување, а знаеш од кого?
Не се тоа ни странски ни ванземски ни никакви сили. Грујче побара екстра обезбедување пошо добиват закани од СОПСТВЕНИТЕ, неговите до вчера - верни поданици.
Нив им жежит под нозе, пола се пријавувет за сведоци, пола барет амнестија од Господа, и останатите 2ца се верни до гроп.

То е реалноста бато. Договоров со Бугарија не е чекор напред, туку скок од 3 метри со оглед на катастрофалната ситуација во нашата бедна дипломатија. Последниве 5 години не сакаа ни кафе да се пијат со нас.. сваќаш?
Немој бе Никола шо збораш. Договор кој го мислеја дипломати, политиколози, експерти и кој ли знае кој уште што му е тоа работа и тоа со години Ти си го ѕирнал онака на брзина и си заклучил дека е Ок. :bravobe:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
После тоа има некоj уште да праша каква заедничка историja имаме?
Став на Бигорскиот манастир

За Договорот за пријателство помеѓу Р. Македонија и Р. Бугарија
  • 19 јули/1 август 2017 лето Господово
Оградувајќи се однапред од каква било партиска и политичка припадност, наклонетост, протежирање нечија страна и сл., како монашко братство кое повеќе од 20 години верно ѝ служи на светата Македонска православна црква – Охридска архиепископија и на Татковината Република Македонија, би сакале и ние јавно и транспарентно да го искажеме нашиот став во поглед на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Бидејќи пропагандните отрови вбризгувани во поединечната и колективна свест на македонскиот човек и народ од територијата на денешна Р. Македонија во текот на скоро еден век полека го губат своето погубно дејство, настапи време кога можеме слободно да го кажеме своето мислење за некои важни државни прашања, но и без страв и фрустрации да погледнеме во нашето национално минато и да дознаеме дека македонската самобитност и државност се крепат на подвигот и крвта на недобројните наши родољупци и херои на слободата. Лесниот и нецензуриран достап на историските извори денес, ни овозможува да проѕреме длабоко во историскиот бит на Македонецот, непосредно, лично, без никакви идеолошки призми и матрици. Затоа, крајно време е со здрави и трезвени очи да погледнеме во блесокот на нашата сјајна историја, која самата по себе, без никакви додавки, криења, извртени толкувања и сл., нè прави да бидеме горди Македонци, достоинствени носители на европските цивилизациски придобивки.

Меѓутоа, културниот идентитет и националната посебност, колку и да звучи парадоксално, подразбираат и заедништво и испреплетеност со други идентитети и посебности. Пример за таква историска симбиоза се македонскиот и бугарскиот народ. Таа вродена вековна близост се пројавува во многу значајни сегменти од општественото живеење: јазик, фолклор, култура, настани, дејци… Впрочем, да не заборавиме и дека нашите два народа имаат една цивилизациска лулка, заеднички крштелен купел – имено, мисијата на Светите Браќа Кирил и Методиј и особено на нивните свети ученици, покрстувањето за време на Светиот Рамноапостолен цар Борис-Михаил и почетокот на заедничката писменост. Тоа ни дава право, или подобро кажано, обврска да го негуваме тоа духовно сродство и близина, без притоа, се разбира, да се негираме и омаловажуваме едни со други во нашите културни особености. Всушност и брат со брат се разликува, и семејство со семејство, и град со град, и област со област, и говор со говор… Но, не смееме да дозволиме различностите да станат главниот фактор во нашите меѓусебни односи и причина за омраза и раздор. Напротив, многу повеќе се нештата што нè обединуваат, а и самите различности треба да ги гледаме како наследство од нашето заедничко суштествување.

Врз основа на ова, сметаме дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, чиј зародиш треба да го лоцираме уште во почетоците на независната и самостојна македонска држава, е природна последица на историските текови. Тој просто не е само потпис на една влада и премиер и друга влада и премиер, туку логичен и ненаметлив исход на културните и општествени збиднувања во двете држави. Според наше мислење, договорот е срочен во духот на европското право, без двосмислени политички фрази, без никакви навреди, потценувања или превагнувања на едната или другата страна. Дополнителен аргумент за неговата полезност е и суштинската потреба да се има најблизок соработник и сосед пријател, особено за дејствување во меѓународно поле. Во контекст на ова, сметаме за потребно да потсетиме дека Р. Бугарија беше првата земја што ја призна Р. Македонија и што изврши дипломатско влијание за Русија да ја признае. Исто така, таа беше земјата што значително помогна Македонија да не дојде до финансиски крах, кога во 1994 година беше воведено трговско ембарго кон нашата држава. Дополнително, посебно значаен факт е тоа што во договорот заедничката историја се јавува не како јаболко на раздорот, ами како мост кој „ги поврзува двете држави и нивните народи“.

Замолувајќи ги сите читатели нашиот став да не биде злоупотребен за политички цели и надмудрувања, ќе завршиме со краткиот, но многу длабок и прекрасен псалм на светиот цар и пророк Давид за благословената братска љубов:

Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат заедно! Тоа е како миро врз главата што се лее по брадата, брадата Аронова, што се лее по полите од одеждата негова; како роса ермонска, која паѓа на горите Сионски, зашто Господ дал благослов и живот вечен (Псалм 132).

Монасите и монахињите заедно со нивниот Старец, Архимандрит Партениј,
од Свештениот Бигорски манастир.

http://bigorski.org.mk/stavovi/za-dogovorot-za-prijatelstvo-pomegju-makedonija-i-bugarija/

Господ да чува Бигорскиот манастир!
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Да, исто ко ти шо се праиш луд со лажните принтскринови за пожарите, Заева, загинатиот во Вејце и безброј други.
Тoa сo пoжaрoт е вистинa.Вoлкoвo вo мoментoт е без струјa,a Ѓoрче и Влaе мирисa нa чaд
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.343
Поени од реакции
24.018
Сакаш да кажеш дека "Трето полувреме" не е вистинит?
Што е следно, Бугарите биле ослободители?
Ако треба и тоа. Па виде како го избањаа другиот државотворен народ. Прку ноќ и спа, и бањи и масажи, купки. Како нови што би рекле.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom