Портпаролот на Министерството Тони Ангеловски соопшти дека по наредба на министерот Оливер Спасовски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди извршил проверки за настанот.
Во саботата попладне активисти на партијата се обиделе да истакнат транспарент со натпис „Стоп на војните за профит“ за време на изложбата на опремата на армијата на САД на плоштадот во Скопје. Тие биле спречени од неколкумина полицајци што ги врзале со лисици, а потоа ги легитимирале.
„Утврдено е дека од страна на четворица полициски службеници врз четири лица неосновано била употребена физичка сила, а над тројца од нив без основа е употребено средство за присилба – врзување со лисици. Против полициските службеници кои што ги пречекориле службените овластувања и постапиле спротивно на член 83 и 85 од Законот за полиција ќе бидат преземени дисциплински мерки согласно Колективниот договор на МВР и ќе биде известено надлежното јавно обвинителство во Скопје“, рече Ангеловски.
линк