Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 септември 2016
Мислења
49
Поени од реакции
58
Ovo e shto Crvenkovski od SDSM reche pred nekolku godini. Ah Zaev? Budal. Predavnik.

-Неподготвеноста во Бугарија да се признае засебноста на македонскиот народ и засебноста на македонскиот јазик, создава сомнеж. Јас ви тврдам дека ако тоа прашање се реши, а може да го реши само бугарската страна, испочитувајќи го тоа право дека во тој момент, никаква резерва, во моментов и во наредните не знам колку години, децении или векови во односите меѓу двете земји, двата народи повеќе нема да постои, истакна среде Софија Бранко Црвенковски, тогашниот лидер на социјалдемократите при посета на Бугарија на средби со бугарскиот политички врв.

http://republika.mk/803735

Bugarija ne mozhe da ni pomezhe za Evropa ili za ekonomijata ili za pravdi. Nie Makedonci sami morame da terame Makedonija napred.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.882
Поени од реакции
36.937
Најбитната порака што се праќа со Договорот е дека две балкански држави може да седнат и да се договорат без некој поголем брат од Западна Европа да ги тегне за ушите и да биде посредник.
Дополнително би требало да го зголеми притисокот кон Грција.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
49
Поени од реакции
58
Најбитната порака што се праќа со Договорот е дека две балкански држави може да седнат и да се договорат без некој поголем брат од Западна Европа да ги тегне за ушите и да биде посредник.
Дополнително би требало да го зголеми притисокот кон Грција.
Ne. Najbitnata poraka e deka Zaev reche site problem so Bugarija se zatvoreni, no nie narodot znaeme deka problemite ne se zatvoreni -- ushte Bulgarija ne ni priznavaa kako Makedonci koji zboruvaat Makedonskiot jazik.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Уште бегаш од одговор другарче, ова станува патетично...
Не зборувам за договорот. А ти цело време на договорот ја вртиш... :)
Па другата можност е да не знаеш што да прашаш и како да формулираш прашането....
Кога поставиш прашане, ке получиш и отговор.
Што ако Европа и "државите" не прифатат звездички и додатоци на едноставно име -Македонски јазик- во графата на официјални јазици на ЕУ??? По незнам кој пат исто прашање....
Што според тебе значи - државите? Бугариja e дел от тези држави или не е?
Ти се уште размислуваш се едно Бугариja e надвор от ЕУ. НЕ, друже, БГ е внатре и ако таа инсистира на тоа ке седи по некаков начин. Одлуките за вакви работи се носат со консенсус во ЕУ.[DOUBLEPOST=1501593642][/DOUBLEPOST]
Најбитната порака што се праќа со Договорот е дека две балкански држави може да седнат и да се договорат без некој поголем брат од Западна Европа да ги тегне за ушите и да биде посредник.
Дополнително би требало да го зголеми притисокот кон Грција.
Тоа е целта.[DOUBLEPOST=1501593721][/DOUBLEPOST]
Ne. Najbitnata poraka e deka Zaev reche site problem so Bugarija se zatvoreni, no nie narodot znaeme deka problemite ne se zatvoreni -- ushte Bulgarija ne ni priznavaa kako Makedonci koji zboruvaat Makedonskiot jazik.
За ваквите како тебе и ако бугарски премиер харакири во среде Скопие да си направи, докато се колне во македонски jaзик и македонски народ нема да е доволно. Тоа са патоложки категории ставови.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Ovo e shto Crvenkovski od SDSM reche pred nekolku godini. Ah Zaev? Budal. Predavnik.

-Неподготвеноста во Бугарија да се признае засебноста на македонскиот народ и засебноста на македонскиот јазик, создава сомнеж. Јас ви тврдам дека ако тоа прашање се реши, а може да го реши само бугарската страна, испочитувајќи го тоа право дека во тој момент, никаква резерва, во моментов и во наредните не знам колку години, децении или векови во односите меѓу двете земји, двата народи повеќе нема да постои, истакна среде Софија Бранко Црвенковски, тогашниот лидер на социјалдемократите при посета на Бугарија на средби со бугарскиот политички врв.

http://republika.mk/803735

Bugarija ne mozhe da ni pomezhe za Evropa ili za ekonomijata ili za pravdi. Nie Makedonci sami morame da terame Makedonija napred.
Зошто не пишуваш на кирилица?
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Дојде Бојко. Стотици полицајци околу владата и поширокиот реон. Сега веројатно Зоки Заев го потпишува предавничкиот договор. Кај мисли да живее овој човек понатаму? Нема ли страв, ако веќе нема чест, срам...? Како ќе живее со срамот на предавник? Нема ли страв дека до крајот на животот ќе треба да живее со телохранители?
Бог да чува, што чудо ни наместија за премиер...
Не шлапај глупости аман, полицијата прајт погрешни проценки од вакви тврдокорни ко тебе и затоа се тие стотиците џандари..

Предавнички договор? Го видов на брзина, врска немат со некакво предавство.
Кај мисли да живее Зоки понатака? Зоки тек се роди, чекај сеа до пубертет има време. Другото дете 11 години го растевме, рано е сега за тие муабети.
Не е предавник, и има и страм и страв и чест, што е сасвим нормално. Ние другите ги гледаме работите поинаку, твојата перцепција на случувањата е погрешна.
Ова со телохранителиве ти е слаб, низок обид да го оправдаш твојот вечен фараон и неговата потреба за екстра обезбедување, а знаеш од кого?
Не се тоа ни странски ни ванземски ни никакви сили. Грујче побара екстра обезбедување пошо добиват закани од СОПСТВЕНИТЕ, неговите до вчера - верни поданици.
Нив им жежит под нозе, пола се пријавувет за сведоци, пола барет амнестија од Господа, и останатите 2ца се верни до гроп.

То е реалноста бато. Договоров со Бугарија не е чекор напред, туку скок од 3 метри со оглед на катастрофалната ситуација во нашата бедна дипломатија. Последниве 5 години не сакаа ни кафе да се пијат со нас.. сваќаш?
 
Последно уредено:

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Едно интерву от DW

Шрамајер за ДВ: Договорот со Бугарија нема замка
Први август 2017 година е радосен ден за Бугарија и Македонија, празник за Балканот и меѓународната заедница, оценува поранешниот германски амбасадор во Скопје и Софија, Клаус Шрамајер.

ДВ: Зошто на две соседни држави им е воопшто потребен ваков договор? Има ли Германија вакви договори со Холандија или Франција?

Д-р Клаус Шрамајер: Германија и Франција на 22 јануари 1963 година го потпишаа т.н. Елисејски договор и со тоа ставија крај на т.н. наследено непријателство. Со Холандија постојат попрозаични договори, на пример за демаркација на границите. Бугарија и Македонија, со оглед на жестокоста на нивните судири, имаа итно потреба од ваков договор. Притоа, повеќето прашања веќе беа регулирани во декларацијата од 22 февруари 1999 година, меѓу тогашниот шеф на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и Иван Костов. Со промената на шефовите меѓутоа се загуби и разумноста. Колку беше добра декларацијата од 1999 година покажува фактот што новиот договор ги презеде непроменети или многу малку променети повеќето членови од декларацијата.

Вие сте добар познавач на двете држави и на билатералните односи. Кои делови, според Вас, се најделикатни, а каде гледате значителен напредок?

Клучен напредок има во новите параграфи 2-3 од членот 8. Тој налага основање „Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на паритетна основа“ и со тоа им ја одзема на политичарите сувереноста за толкување. Постојано имаше разлики во мислењата околу историски личности или настани.Тоа, со оглед на долгогодишната заедничка историја (до 1912/1913 и за време на бугарската окупација на Македонија во двете светски војни), не е чудо. Меѓутоа, беше непромислено да се дозволи доминација на политички оценки наместо стручна оценка од страна на експерти. Оваа грешка сега со новата експертска комисија се отстранува. За да не се појават сомнежи, нејзе со член 8, параграф 2 ѝ се дава задача да ја толкува заедничката историја според објективни, автентични и научни критериуми. Членот 8, параграф 3, содржи и уште една, клучна за помирување, обврска: договорните страни ќе организираат со заемна согласност „заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности“. Почеток се прави сега, на 2 август, во Скопје. Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева заедно со својот македонски колега Никола Димитров ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје (македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот бугарски колега, Бојко Борисов со членовите на делегацијата ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев, по што свое обраќање ќе има претседателот на македонската влада, н.з.). На крајот, треба да се укаже и на членот 12 од Договорот, кој предвидува основање Заедничка меѓувладина комисија со која ќе копретседаваат двајцата министри за надворешни работи и која ќе се состанува најмалку еднаш годишно. Таа би требало да се погрижи за „ефективна примена на Договорот и подобрување на билатералната соработка, како и за решение на прашањата кои се појавиле во текот на исполнување на Договорот“. Со тоа е создадено институционално посредување во случај на спор.

Националистите во Бугарија тврдат дека Договорот е „прогласување банкрот“ и дека Бугарија со овој договор ќе ја загуби сопствената историја. Како Вие гледате на тоа?

На националистите не може никогаш да им се удоволи, затоа што сметаат дека само тие се разумни. Ќе се случи токму спротивното - целото богатство на заедничката историја ќе се спознае дури со научен и можеби различен пристап на двете страни.

Има ли договорот некаква замка?

Нема. Ниту една од страните не е обврзана да ги прифати резултатите до кои дошла Експертската комисија. Комисијата според член 8, параграф 2 е обврзана само да им поднесува извештај на двете договорни страни за својата работа. На тој начин ќе се намали жестината на политичката дискусија. Меѓутоа, Договорот може и да не успее доколку ја снема добрата волја на едната или другата страна. Договорот живее од добрата волја на двете страни за негов успех.

Застапниците на Договорот во Македонија тврдат дека документот е солидна основа врз која може натамошно да се гради. Противниците, пак, се цврсто убедени дека Договорот создава механизми кои подоцна на Бугарите ќе им овозможат да ја уценуваат Македонија. ВМРО-ДПМНЕ веќе најави дека нема да го поддржи Договорот. Дали, со оглед на ваквите ставови, добрососедските односи имаат навистина иднина?

Македонските националисти од денешната ВМРО-ДПМНЕ целосно ја руинираа Македонија и ја донесоа во ќорсокак. Тие треба да се среќни што новиот премиер Заев конечно повторно на земјата ѝ пружа шанса за разумен нов почеток. Впрочем, заедничка историја принудува на компромис, на заедништво, на споделување. Таа не е игралиште за екстремисти кои историјата ја третираат како своја сопственост.

Први август 2017 година е радосен ден за Бугарија и Македонија, празник за Балканот и меѓународната заедница. Но, за среќата да биде комплетна недостига еден играч: Атина. Би било убаво кога Атина би се инспирирала од духот на новиот договор и би ги исполнила барем своите обврски од Времената спогодба од 1995 година и пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 2005 година. На Балканот му е конечно неопходна соработка, хармонија, за да се спротивстави на сите опасности кои му се закануваат.

Д-р Клаус Шрамајер беше германски амбасадор во Македонија во периодот од 1996 до 1999 година, по што замина во пензија. Претходно беше неколку години во германската амбасада во Бугарија. Автор е на многу текстови за политиката и правото во Македонија и Бугарија.
http://www.dw.com/mk/шрамајер-за-дв-договорот-со-бугарија-нема-замка/a-39915735?maca=mk-Twitter-sharing
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Најбитната порака што се праќа со Договорот е дека две балкански држави може да седнат и да се договорат без некој поголем брат од Западна Европа да ги тегне за ушите и да биде посредник.
Дополнително би требало да го зголеми притисокот кон Грција.
Ti navistina veruvash vo toa shto go velish?
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Договорите се потпишуваат, договорите и се раскинуваат !
Грција и Бугарија никогаш нема да ги признаат постоењето на Македонскиот народ како посебен Балкански народ, Македонскиот јазик како посебен јужно-словенски јазик и Македонскиот национален идентитет (националната посебност од останатите народи) ... но како и да е сето ова е дел од бурната Балканска историја, додека сегашноста како и иднината што ни претстои се многу полоши дури и од историјата, пола народ веќе се исели од државава, а другата половина што сеуште мрда и живурка тука нема никаква перспектива, накратко кажано Бугарија ја боли тасето за нас и нашата иднина, ние сме тие кои нив ги молиме да ни помогнат околу нашите евроинтеграции, не дојде прв Борисов во Скопје, туку нашиот премиер Заев отиде прв таму во Софија пред месец дена да баци рака и да моли за помош и сојузништво !
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Deka ne zhiveam v'Makedonija.
Па кој кур мудруваш за Македонија? Ајде гитла таму.

Ќе фатат некој клозет по САД и Европа и пота ќе серат на форуми и социјални мрежи.
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
570
што е до мене нека потпишат и бугарски и тирански договор и грчки и турски и нека воведат албански и клинголски јазик задолзителен АМА ако тоа ги покачи плативе 500 еу мин , се воведе 200 еу социјална помош ,за секое новородено по 100 еу бонус месечно,бесплатно студирање за тие што сакаат да учат ,подобри услови за работници,,,,, ако во наредниве 4 години не се мрдне работава редно е народов без разлика на вера и националност да земе мотики и да крши глави на политичариве
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.882
Поени од реакции
36.937
Ti navistina veruvash vo toa shto go velish?
Знам дека после 11 години е тешко да се верува во друга реалност, ама имаме придвижување напред и сојузник кој ќе започне дипломатско лобирање за нас.
Пријателствата со Словенија и Хрватска се за сликање, со Бугарија имаме заемен стратешки интерес.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
49
Поени од реакции
58
Па кој кур мудруваш за Македонија? Ајде гитла таму.

Ќе фатат некој клозет по САД и Европа и пота ќе серат на форуми и социјални мрежи.
Deka moite prededovci se borea za Makedonija na Ilinden...deka Bugarite go frla dedomi na zatvor koga bulgarija ja okupirale Makedonija, i isto taka gi naprel kommunistite posle nekolku godini. Ako shto ne zhiveam v'Makedonija? Imam bratudchedi, tetki, i mnogu familja, i stoka. Jas zhiveam vo SAD, no sum Makedonec...i mojto identitet kako Makedonec e zaftena so istorijata i rabotata na Makedonija.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom