О, спорно е или беше. Памтам преди 5 години кога овде
@Bratot например скокаше за заедничките седници, што било тоа, немало потреба и така натаму...Jaс имам привилегиjaта да памтам и да сум на форумот то около 10 години.
Пустиот ти привилегиран. Вашите меѓусебни преписки со Братот се нерелевантни на темава.
http://www.press24.mk/zaednichka-sednica-na-makedonskata-i-bugarskata-vlada-vo-kjustendil
http://press24.mk/makedonskata-i-srpskata-vlada-na-zaednichka-sednica-vo-belgrad
Па видовме до каде стасовте со словенското искуство. Колко от парите по ИПА фондовите сте изкористили? Тоа беше тезата - ние имаме словенското искуство, не ни треба бугарското. Убаво,ама многу повеке проблемите ви са слични на бугарските,а не на словенските. Затоа и не проработи словенското ви искуство.
Немој, не ме смеј. Кој бил поуспешен во евроинтегративните процеси и кој има поквалитетно искуство може да се види на лице место. Словенија и Бугарија?? Ајде биди еднаш во животот реален, дека ан Словенците вода може да им носите. Впрочем и ако не сакаш ти да го признаеш, можат да го потврдат неколкуте илјади Бугари кои работат во Словенија за 800 евра месечна плата.
Ќе видиме како вие ќе помогнете. Сепак, мислам дека во спорот помеѓу Македонија и Грција којшто е клучен проблем Бугарија ќе застане на страната на Грција. Ова веќе беше потврдено пред неколку седмици од Борисов.
Овој договор е основа за нови уцени од Бугарија и за понатамошно влошување на нашите политички односи, коешто ми дава за право да сметам дека Македонија можеби никогаш нема да стане членка на Европската Унија. Барем не на оваа, во овој формат.
Не, проблем за вас не е непочитуване на нешто,а сакането да ни наметнете на нас со сила вашите возгледи. Тоа е проблемот. Ние немаме проблем да си користите jaзикот, но не пробаjте да ми го ставате како jaзик на коj утре ке треба да обучуваме деца. Бидете си етнички македонци слободно, но не дигаjте костите на умрелите и кога са се определували за бугари приемете този факт. Вие имате право да се самоопределувате както саката денес, никоj не сака не почитува вашата сомоопределба, ни да ви мени нешто,но бидете така фини да не почитувате и вие.
Ние ве почитуваме.
Антимакедонската медиумска пропаганда и хистерија во Бугарија не е ништо послаба од глупостите на Миленко.
Во македонските учебници по историја се учело и се учи за историјата на бугарската држава и бугарските царства. Во нашите учебници се учи и за тоа дека македонското словенско население во текот на подолг временски период било нарекувано бугарско во согласност со наследената политичка терминологија од времето на источното римско царство.
Се учи и за
обидот за формирање бугарска, српска или грчка национална свест кај Македонците.
На овие теми сме изнапишале илјадници страни на подфорумот историја, и самиот знаеш. Кај вас споменувањето на македонската засебна историја и развојот на македонската национална идеја од средината на 19 век е секогаш прикажано со потценувачки, потсмешлив,навредлив и понижувачки тон.
Проблемот е што кај вас не се почитува кога истите тие личности коишто се сметале Бугари на едно место, на друго се одрекувале од тоа и се искажувале во полза на македонската државна и национална засебност. Или во други прилики дури и се декларирале како Срби и Грци.
Уште повеќе што сите овие дискусии се однесуваат на помалиот образован дел од македонското население во 19 век. За мнозинството од македонското население концептот на национален идентитет не претставувал нешто поимливо и интимно лично дури до ВСВ. Ете тоа е тајната на формирањето на македонската национална свест која е несфатлива за соседите и странски набљудувачи.
Ајде да не ја тупиме со историја овде.
Славиме заедички, тоа што е заедничко. Сакам и чекам да видам този премиер,коj ке се повлече. Особено ако е Груевски наредниот. Само да припамтам,дека е во едно партиско семеjство со ГЕРБ и нема да е многу тежко да замрзнат членството на ДПМНЕ по баране на ГЕРБ.
Както ти кажав, западот много обича некоj да не почитува договорите. Имавме неколко диктатори на Балканот со вакви желби, знаеме и како поминаха.
Еве, веќе си го потврдил она за што пишувам цело време. Намената на договоров што го потпишува Црпнатиот е нови уцени и условувања за Македонија.
Знаеме за такви диктатори, поддржани од Западот.
Например грчката власт која прекрши меѓународен договор во 2008.