Не, тие реално се „деца“ према мене. Имаат многу малку познавања, доста површни. Немаат капацитет за дискусија, но јас сепак, одржував културно обраќање кон нив. Тие не одговорија „стручно“ на мои „стручни“ размислувања, туку со потсмевање. Замисли какви дебилни одговори имаше, а веројатно и ти си на тој ранг. На пример, јас често коментирам дека Законот за формирање на СЈО е противуставен. И посочувам цитати од уставот според кои мислам дека е таков. Знаеш ли какви одговори добивав? Дека така се договориле 4-те лидери во „Пржино“ и затоа е легитимен. Ваков одговор само „шарлатан“ може да даде. Е сега, не можејќи да парираат со издржани одговори, почнаа да се потсмеваат, да изигруваат „селски мангупи“, а реалноста е друга. Јас не тврдам дека моето пишување мора да е точно, ама за да го побиеш, мораш со факти и цитати да го сториш тоа. Секако, релевантни.
Е, гледам дека и ти си таков, ќе треснеш нешто без да има некоја важност истото. Види, ако ти е партиска задача да ја браниш „работава“ со Бугарија, брани ја, ама кажи си. Ама, не сакам да не реагираме на предавничкиот чин што го прави човек кој ја нема довербата на народот, кој е поставен за премиер, кој очигледно дека има ниски интелектуални способности, а кој знае што уште му е наложено да направи со Македонија. Не за бадијала сторија се за да го стават на премиерска функција.
Ех, кутри ние...