Марли
Tci
- Член од
- 30 јануари 2008
- Мислења
- 13.838
- Поени од реакции
- 23.083
Се надевам на подобра среќа за мојот тим од моите два предхоника
Али тешко дека малерот ќе го заобиколи Милан пошто последна тема кој отворив беше за дерби Милан-Интер кое заврши 0-4
Годинава Серија А се очекуе да биде поинтересна, за разлика од минатите години немаше голем одлив на битни играчи и имиња од Серија А. Иако небитни да ги споменемо и нив, нема да ги гледамо годинава Салах, Рудимбе ( ), најверојатно Бака и Перишиќ, Дарко Уфо, итн.
Али за трансферите и заминувањата во легендите подоцна.
Новата сезона стартува на 20-ти август.
Оваа сезона ќе има неколку новини во лигата како целосно користење на ВАР системот (пуши пенис јувентус), по системот на англиската лига ќе има и натпревари за околу нова година и божиќните празници а зимскаа пауза ќе биде на средина на Јануари.
Актуелен шампион е Јуве како и прошливе 57489549 године, се чудим како уште Кевин Дурант не им дошол.
Али и мие од маало да се соберемо ќе бидемо шампиони со вакви никакви (до сега) Милан и Интер и провинцијалски клубови, се извинуем, клубови со провиницијалски менталитет да ни се конкуренти за титула.
Да се надевамо дека тоа ќе се смени во блиска иднина.
Емполи, Палермо и Пескара ја напуштија лигата, на нивно место дојдоа повратникот у лигата Хелас Верона, и дебитантите Спал и Беневенто.
Што се однесува до досегашните трансфери доминира екипата на Милан која со новите газди доведе дури 10 нови играчи, и не планира да застане, бум ор баст сезона за Милан.
Јувентус исто така со неколку одлични засилувања како Бернардески и Флеш кои би требало да ја ублажат болката нанесена од заминувањето на тој на кој не смее да му се изговори името, само ќе кажем дека е топ 3 дефанзивец у свет J
Наполи со речиси истиот тим од лани со неколку да ја средимо малце шминката потези.
Рома се уште тивка одкако остана без неколку клучни играчи, пред се пензионирањето на големата 10-ка, последниот голем играч у Серија А, Франческо Тоти, капа доле за кариерата мајсторе.
Интер чека да дојде први јануар 2945-та година да им заврши проблемот со ФФП, ММФ и ПМС па да почнат да купуваат нешто.
Другиве екипи не се ни толку битни, али кого интересира сите трансфери во Серија А што се десија летово може да ги најдете тука
https://www.transfermarkt.co.uk/serie-a/transfers/wettbewerb/IT1/saison_id/2017
Само да кажем за крај дека у рок од 5 дена, Касано се пензионираше, па се врати од Пензија, па му текна дека не сака да игра у ВЕрона, па пак се пензионираше, па пак се врати од пензија и кажа дека најверојатно ќе игра у Џенова, за пак да се пензионира, царчина.
Распоредот за комплетните кола и натпреврати го имате тука.
Поважните натпревари :
Derby della Madoninna утакмицата за газдата у Милано во 8-то коло
Бонучи ќе си го плачат во 11-то коло
Дербито на Рим во 13-то коло
Derby D Italia ако ова више може да се нарече дерби 16-то коло
Дечки тоа е тоа, да не паламудим више ќе имамо цела година, да се надевамо на добра и интересна сезона, многу забава и заебанции, и помалку кансер доскочици од Џонтра
#InterISComing #БонучиПросек #РомаНееСуперМаркет
Последно уредено: