За заканата за бомбардирање ја гледам како превентивна. Да не стане поголем конфликт. Етничко чистење и поголема регионална војна. И факт е дека не станала ниту не бомбардирале. Барем како јас ја читам таа работа.
Заканата од Натовското бомбардирање дојде откога Македонија одби да престане со воените дејствија во с.Арачиново против терористите по барање на нашите Западни пријатели. Немаше никаква врска со етничко чистење. Не дојде до бомбардирање бидејќи АРМ ги престана своите дејствија.
За време на ситуација со Арачиново тотално излезе на виделина целото лицемерие и двојните стандарди на САД и Европа. Русија од друга страна ја подржуваше нашата позиција. Вистина, они не интервенираа на наша страна, но за разлика од нашите верни сојузници САД и Европа, нашиот историски непријател Русија не работеше активно против Македонија.