Тоа е точно, но сендвич популацијата нема што тука да се буни, пошто не се бунеше ни пред тоа.
Е па сега и ти си до сендвич популацијата или не ?
Ако не си, по логика на нештата треба да си го кажеш твоето - поддржуваш или не поддржуваш амнестирани терористи во власта ?
Јас никогаш ниту сум ги поддржувал, ниту планирам да ги поддржувам, а бидејќи гледам дека од 2002 година па наваму сите влади имале амнестирани терористи за министри, заменици министри и не знам какви други позиции, воопшто не планирам да поддржам ниту една од тие досегашни влади, вклучувајќи ја и актуелната влада.
Амнестиран терорист може да биде министер на одбрана, ама држење говор на настан никако?
Што се однесува до мене, не може да биде амнестиран, туку само на суд за да му се суди за воени злосторства.
Оди кажи им на американците да потпишат рамковен договор со Ал Каеда, во знак на мирољубиви мултиетнички односи после 11 септември 2001.
Тоа се празни изговори. Мислам и дека проблемот со името е само изговор за да блокираат.
Јас друго се прашувам.. еднаш влезени во ЕУ и НАТО што или кој може да не спречи да си вратиме знаме на Вергина, да си ја применуваме државата, нацијата назад како Македонски?
Може бе, Стојан Андов едно време велеше дека може, ќе менуваме име, знаме, химна, грб, како чорапи, денес еден пар, утре друг пар.