Дали нашата позиција во преговорите "за името" е јасно дефинирана?
Во смисол, кои се нашите барања за малцинството во Грција? Имотите на исселените дали се предмет на преговорите? Мене овие параметри не ми се познати.
Што се однесува до придавките, ако е географска, нели е логично и Грција да напраи отстапка и да си ја крсти покраината "јужна" или "долна"?
Според мене, ако веќе се кити името, а де факто ќе дојде денот, помалку болно би била додавка која би го изразило државниот карактер како "народна, демократска" отколку географска. За другите идентитетски прашања, да бидам искрен, не би прифатил ниту дискусија за нив, затоа што мислам дека се посензитивни. Знам дека мојов став ќе навреди многу хард-кор ликови овде, ама тоа е.
Го спомнав моментот со имотите заради тоа што Грција како еден од главните аргументи за целава блокада инсистира дека ние имаме експанзионистичка, иридентистичка и не знам си каква политика, која задира во нивниот интегритет. Со самиот факт што ние имаме проблем од сличен карактер со албанците, со две раце би им ги потпишал поклон имотите на егејците и би им гарантирал неменување на граници, ако тоа е некаков гарант за понатамошно неопструирање од нивна страна. Прашање дали воопшто нашите "мудри" преговарачи воопшто ја користат оваа тема.