Не, ова со терористов татарски, не се согласувам. Поинаква димензија имаат двата ликови и не се споредуваат.
По некои параметри паторот многу лесно би го стаил пред нив двајцата.
Било кој МКД активен политичар после нашата независност, да го споредуваш со дотичните двајца, иако се работи за строго негативна конотација, според мене е давање преголемо значење
Треба да го знаеш светот и условите во тоа време, исто ко да прашаш дали оправдано било Александар да крени војна и освојува далечни земји.
Во период на 2СВ во америка во логори беа ставени околу 200.000 луѓе од кој некои не преживееа условите, во франција се ликвидирани после војната околу 50.000 луѓе по судења во села и градови организирани од месни комитети од кои голем број беа противници на де гол, во италија во меѓусебни судири на комунисти и антикомунисти се убиени околу 30.000 луѓе во политички пресметки, во бугарија се отворија стотина логори за политички затвореници од кои некои беа активни и во 80десетите, слично беше во романија, албанија, унгарија.... во грција се водеше војна на прокомунисти и антикомунисти, во ссср по логори и затвори завршија милиони луѓе од кои многумина беа убиени, во германија секој ден беа убивани припадници на предходен режим.... светот беше во хаос и големи промени, се очекуваше и трета светска војна, се формираа нови блокови идеологии политики и стратегии
Југославија беше во тој хаос, се уште имаше присталици на стариот режим кој бараа да се врати кралот се уште имаше усташки четнички и балистички групи по шуми и планини, над милион ипол мртви, разурната индустрија и инфраструктура, глад во градовите и одеднаш закана од војна со тогаш една од најсилните земји и нивни сојузници кои бараа да се ставиме под нивна команда и управа. Америка и запад јасно кажаа дека нема да се мешаат при инвазија на југославија и нема да помагаат воено освен ако борбите не се прелеат на нивна територија. Имаше и раководители и функционери и офицери кои се залагаа за сталин или со свои постапки доведуваа во опасност опстанокот на земјата. На границите на југославија беа распоредени руски армии и оклопни дивизии, со подршка и на бугарија и унгарија и албанија и романија а помош во оружје муниција опрема.... од никаде се немаше.
Како и да е вкупно за информбиро беа судени 16.000 луѓе, 12.000 беа пратени на голи оток, останати по други затвори, висината на казните во најголем случај беше од 6 месеци до 2 години, а по затворите и голи оток починаа 400 луѓе.
сега од ова гледна точка можеме да осудуваме и даваме забелешки, но треба да замислиш како беше тогаш ситуацијата и во земјата и во регионот па да сфатиш дека многу малце простор имаше за демократија во тие времиња и дебати по телевизии. Историски гледано можеше да се врати и кралевина југославија, па пак да бидеме јужни срби во вардарска бановина, или да добиеме некој наш евнер хоџа или чаушеску или руски маршал за водач па 40 години да живееме како шо живееа бугари албанци романци.... со полициски дозволи за патување од град во град, со цензурирана музика филм култура со државна економија, со 2 типа на салама и 3 типа на облека за граѓаните, земја каде пат во странство или сопствено возило беа незамислив луксуз со воени бази на русија и никаква независност.
со оглед на ситуацијата во тоа време, ние добро поминавме....
Значи тие што умреа во рок од година дена после враќањето од голи оток според тебе како се класифицираат?
Убава дигресија направи со цел да релативизраш политичка репресија, ти реков, и нацистите имале образложенија за формирањето на работните логори, тоа гледано од нивен аспект, во тогашна перспектива било сосем оправдано а цената прифатлива...
Во САД се формираат центри за интернација каде воглавно се сместуваат Јапонци, де дај провери колку има таму загинати за време на престојот или колку починале година дена по враќањето?
Франција после ослободивањето прво расчистува со колаборационистите, поддржувачи на Владата од Виши, меѓу нив е Маршал Петен, потоа Де Гол влегува во пресметка со левицата итн...
За граѓанската војна во Грција мислам нема потреба...егзодус на македонците пред се.
Ама како и да е никаде не видов формирање на вакви логори?
Ете и тогашна ФНРЈ/СФРЈ, немоеш вака воопштени предавања да држиш, исто и сега некој велат дека нема простор за дебата, такви се времињата, сум читал доста, Владата во егзил на чело со кралот после етаблирањето на Тито и КПЈ е веќе надвор од игра одамна, значи тоа ти паѓа во вода.
СФРЈ како суверена земја после Потсдам, каде дефинитивно се подлени сферите на влијанија, може Варшавскиот Пакт да ја нападне, без притоа да нема одговор од НАТО?
Ако било така, не верувам дека ќе опстане а и дека ќе биде иницијатор на формирање на Неврзаните?!
Опасноста од т.н информбировци е прецената и еден добор изговор за политичка чиста, голем дел од казненеиците се пратени без судење, немаат врска со коминтерна, националистички движења, а колаборационистие се елиминирани одамна, волгавно критички настроена интелегенција.
Други времиња, поинакви околности и сл не е оправдување никогаш.