Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
За Ченто не знам дали може да се категоризира како интелектуалец или не, бил комунист, и во секој случај бил подобар избор од лазо козарот гледано од некоја Македонска гледна точка.
Уживал голема поддршка од народот, АСНОМец, според тоа што сум имал прилика да прочитам, видам и сл.
Нешто одамна и од живи сведоци на некои настани, така да да повторам Лазо Колишевски = Ванчо Михајлов за чисто Македонска линија.
Не, ова со терористов татарски, не се согласувам. Поинаква димензија имаат двата ликови и не се споредуваат.
По некои параметри паторот многу лесно би го стаил пред нив двајцата.[DOUBLEPOST=1500849440][/DOUBLEPOST]
Кутриот ти, Бог знае како издржуваш и успеваш да се разбереш со 300 милиони народ.
неам ја проблем со комуникација, туку ти ме дриблаш...не кажа дали си од Швабија или од Локов, струшко.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.896
Поени од реакции
31.844
Во светската политика и геостратегија нема мразење..има само интерес. Моменталниот интерес на западот е ние да влезиме во НАТО, што и ние тоа го сакаме
Само те молам немој да прејудицираш.
На референдум ќе кажеме што (не) сакаме.



И на крај, би било подобро Сталин да ја окупира Југославија?
За Македонците, нема подобра алтернативна историја oд таa (фантазија, на жалост).




Не знам, имаше некаде гледав или прочитав дека ги качиле во камиони им рекле дека ги носат за Солун, а всушност ги однеле за Срем...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
И ако бројката е помала, тоа според тебе го оправдува политичкиот прогон?
Треба да го знаеш светот и условите во тоа време, исто ко да прашаш дали оправдано било Александар да крени војна и освојува далечни земји.
Во период на 2СВ во америка во логори беа ставени околу 200.000 луѓе од кој некои не преживееа условите, во франција се ликвидирани после војната околу 50.000 луѓе по судења во села и градови организирани од месни комитети од кои голем број беа противници на де гол, во италија во меѓусебни судири на комунисти и антикомунисти се убиени околу 30.000 луѓе во политички пресметки, во бугарија се отворија стотина логори за политички затвореници од кои некои беа активни и во 80десетите, слично беше во романија, албанија, унгарија.... во грција се водеше војна на прокомунисти и антикомунисти, во ссср по логори и затвори завршија милиони луѓе од кои многумина беа убиени, во германија секој ден беа убивани припадници на предходен режим.... светот беше во хаос и големи промени, се очекуваше и трета светска војна, се формираа нови блокови идеологии политики и стратегии
Југославија беше во тој хаос, се уште имаше присталици на стариот режим кој бараа да се врати кралот се уште имаше усташки четнички и балистички групи по шуми и планини, над милион ипол мртви, разурната индустрија и инфраструктура, глад во градовите и одеднаш закана од војна со тогаш една од најсилните земји и нивни сојузници кои бараа да се ставиме под нивна команда и управа. Америка и запад јасно кажаа дека нема да се мешаат при инвазија на југославија и нема да помагаат воено освен ако борбите не се прелеат на нивна територија. Имаше и раководители и функционери и офицери кои се залагаа за сталин или со свои постапки доведуваа во опасност опстанокот на земјата. На границите на југославија беа распоредени руски армии и оклопни дивизии, со подршка и на бугарија и унгарија и албанија и романија а помош во оружје муниција опрема.... од никаде се немаше.
Како и да е вкупно за информбиро беа судени 16.000 луѓе, 12.000 беа пратени на голи оток, останати по други затвори, висината на казните во најголем случај беше од 6 месеци до 2 години, а по затворите и голи оток починаа 400 луѓе.
сега од ова гледна точка можеме да осудуваме и даваме забелешки, но треба да замислиш како беше тогаш ситуацијата и во земјата и во регионот па да сфатиш дека многу малце простор имаше за демократија во тие времиња и дебати по телевизии. Историски гледано можеше да се врати и кралевина југославија, па пак да бидеме јужни срби во вардарска бановина, или да добиеме некој наш евнер хоџа или чаушеску или руски маршал за водач па 40 години да живееме како шо живееа бугари албанци романци.... со полициски дозволи за патување од град во град, со цензурирана музика филм култура со државна економија, со 2 типа на салама и 3 типа на облека за граѓаните, земја каде пат во странство или сопствено возило беа незамислив луксуз со воени бази на русија и никаква независност.
со оглед на ситуацијата во тоа време, ние добро поминавме....
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.150
Поени од реакции
15.130
Нивниот интерес се поклопува со нашиот. А сигурно не ни мислат лошо, ако сакаат да не примат во ЕУ и НАТО, не?
Ne stanuva zbor deka ni mislat lošo...tuku ednostavno ne teraat veće ako morame da si ja pkatime cenata za toa
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.707
Поени од реакции
11.967
неам ја проблем со комуникација, туку ти ме дриблаш...не кажа дали си од Швабија или од Локов, струшко.
Јас сум роден и израснат во Скопје и од кога знам за себеси знам за Скопје како место во кое живеам.

Воопшто немам за што да те дриблам, татко ми потекнува од Струшка Малесија и ми има кажано дека постарите од неговиот роден крај велеле дека се потомци на Берзитите, односно Брсјаците, кои потекнувале од источна Германија, западна Чешка и југозападна Полска.

До неодамна можеби беше приказна за мали деца, но откако првата братучедка направи генетичка анализа на крвта на нејзиниот син, од приватната лабораторија за генетика и` рекле дека детето има гени слични на гените на Берзитите, односно Брсјаците.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
И Велика Британија и Франција беа гаранти на самостојноста и независноста на Чехословачка, па сепак ја фрлија на волците, поточно на нацистите, со Минхенскиот договор од септември 1938.
Чехословачка се распадна на Чешка и Словачка па и обврските на англија и франција престанаа пошто престана да постои и земјата на кои и беа дадени гаранциите.
Читај бе историја.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.707
Поени од реакции
11.967
Чехословачка се распадна на Чешка и Словачка па и обврските на англија и франција престанаа пошто престана да постои и земјата на кои и беа дадени гаранциите.
Читај бе историја.
Е па историјата вели дека со Минхенскиот договор од септември 1938 на Адолф Хитлер и Нацистичка Германија им се отстапува само Судетската област од Чехословачка, додека останатите територии од Чешка, заедно со целата територија на Словачка продолжуваат да постојат како една држава Чехословачка, се` до март 1939 кога Хитлер и нацистите го прекршуваат Минхенскиот договор и ги окупираат преостанатите територии од Чехословачка, по што вршат поделба на Чехословачка на марионетската наводно независна држава Словачка, и поделената Чешка која ја преименуваат во протекторат на Бохемија и Моравија.

И покрај ваквото прекршување на Минхенскиот договор, Велика Британија и Франција си молчат и после март 1939, со што нивниот пишан збор не вреди ни колку хартијата врз која е напишан, ни колку мастилото со кое е напишан.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Чехословачка се распадна на Чешка и Словачка па и обврските на англија и франција престанаа пошто престана да постои и земјата на кои и беа дадени гаранциите.
Читај бе историја.
остај лупета лупета на лево и на десно[DOUBLEPOST=1500850709][/DOUBLEPOST]
Единствен кој е фатен во дебели лаги си ти кој се правиш наудрен, еве баш сега се фати во лага велејќи дека понекогаш не` нарекуваат Словени, како што и другите понекогаш ги нарекуваат латини, хиспаноси итн; а сепак другар ти Џес Бејли од прва ги погоди Ромите - а не ѓупците или циганите, Турците - а не отоманците или селџуците, и дефинитивно од прва ги погоди Албанците - а не шиптaрите или илирите, но нас од прва не` погоди како Словени, а не како Македонци.
Дали се правиш до толку глупав? Или стварно си незнам.
Еве ЕДНАШ во ЕДНА прилика не нарекле Словени. Мислам џабе уопште да зборувам за контекст, во кој употребиле, тоа нема ни да разбереш што е.

Што ако во ЕДНА прилика не нарекле СЛОВЕНИ кога во МНОГУ други прилики не нарекуваат МАКЕДОНЦИ?
Еве некој пат не нарекле словени а најчесто не ословуваат со Македонци. И сега што?

Ке лажеш дека не нарекуваат само словени ако кажале така еднаш во една прилика?
Кого се обидуваш да лажеш мене? Себе?[DOUBLEPOST=1500850976][/DOUBLEPOST]
Ne stanuva zbor deka ni mislat lošo
многу будали си мислат така. станува збор баш за тоа. треба да се пренесе пораката дека не ни мислат лошо.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.707
Поени од реакции
11.967
Дали се правиш до толку глупав? Или стварно си незнам.
Еве ЕДНАШ во ЕДНА прилика не нарекле Словени.
тоа не е правило. Што ако во ЕДНА прилика не нарекле СЛОВЕНИ кога во МНОГУ други прилики не нарекуваат МАКЕДОНЦИ.

Ке лажеш дека не нарекуваат САМО словени ако кажале така еднаш во една прилика?
Кого се обидуваш да лажеш мене? Себе?
Не бе дете, единствен кој лаже тука некого си ти, и тоа себеси се лажеш.

Прво рече дека било голема лага дека Џес Бејли не` нарекол Словени, па потоа го оправдуваше дека тоа било нормално кај американците кои и другите народи ги нарекувале латини, хиспанци и не знам што, за сега да ги правдаш дека само еднаш не` нарекле Словени.

Еве ти уште еден пример, за да видиш дека јас не лажам кога велам дека не јас, туку американските конгресмени и сенатори, вклучувајќи го и актуелниот амбасадор на САД во Македонија, Џес Бејли, го минимизираат признавањето на Македонија под уставното име од страна на САД.

Се надевам дека статиите на Дојче Веле ги сметаш за веродостојни, гледај сега повторно да ги правдаш твоите американски миленици бидејќи статијава е од 2011 година, а не од пред некоја недела или од пред некој месец.

ФИРОМ се враќа во американскиот Конгрес
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.406
Поени од реакции
7.857
Не, ова со терористов татарски, не се согласувам. Поинаква димензија имаат двата ликови и не се споредуваат.
По некои параметри паторот многу лесно би го стаил пред нив двајцата.
Било кој МКД активен политичар после нашата независност, да го споредуваш со дотичните двајца, иако се работи за строго негативна конотација, според мене е давање преголемо значење ;)


Треба да го знаеш светот и условите во тоа време, исто ко да прашаш дали оправдано било Александар да крени војна и освојува далечни земји.
Во период на 2СВ во америка во логори беа ставени околу 200.000 луѓе од кој некои не преживееа условите, во франција се ликвидирани после војната околу 50.000 луѓе по судења во села и градови организирани од месни комитети од кои голем број беа противници на де гол, во италија во меѓусебни судири на комунисти и антикомунисти се убиени околу 30.000 луѓе во политички пресметки, во бугарија се отворија стотина логори за политички затвореници од кои некои беа активни и во 80десетите, слично беше во романија, албанија, унгарија.... во грција се водеше војна на прокомунисти и антикомунисти, во ссср по логори и затвори завршија милиони луѓе од кои многумина беа убиени, во германија секој ден беа убивани припадници на предходен режим.... светот беше во хаос и големи промени, се очекуваше и трета светска војна, се формираа нови блокови идеологии политики и стратегии
Југославија беше во тој хаос, се уште имаше присталици на стариот режим кој бараа да се врати кралот се уште имаше усташки четнички и балистички групи по шуми и планини, над милион ипол мртви, разурната индустрија и инфраструктура, глад во градовите и одеднаш закана од војна со тогаш една од најсилните земји и нивни сојузници кои бараа да се ставиме под нивна команда и управа. Америка и запад јасно кажаа дека нема да се мешаат при инвазија на југославија и нема да помагаат воено освен ако борбите не се прелеат на нивна територија. Имаше и раководители и функционери и офицери кои се залагаа за сталин или со свои постапки доведуваа во опасност опстанокот на земјата. На границите на југославија беа распоредени руски армии и оклопни дивизии, со подршка и на бугарија и унгарија и албанија и романија а помош во оружје муниција опрема.... од никаде се немаше.
Како и да е вкупно за информбиро беа судени 16.000 луѓе, 12.000 беа пратени на голи оток, останати по други затвори, висината на казните во најголем случај беше од 6 месеци до 2 години, а по затворите и голи оток починаа 400 луѓе.
сега од ова гледна точка можеме да осудуваме и даваме забелешки, но треба да замислиш како беше тогаш ситуацијата и во земјата и во регионот па да сфатиш дека многу малце простор имаше за демократија во тие времиња и дебати по телевизии. Историски гледано можеше да се врати и кралевина југославија, па пак да бидеме јужни срби во вардарска бановина, или да добиеме некој наш евнер хоџа или чаушеску или руски маршал за водач па 40 години да живееме како шо живееа бугари албанци романци.... со полициски дозволи за патување од град во град, со цензурирана музика филм култура со државна економија, со 2 типа на салама и 3 типа на облека за граѓаните, земја каде пат во странство или сопствено возило беа незамислив луксуз со воени бази на русија и никаква независност.
со оглед на ситуацијата во тоа време, ние добро поминавме....
Значи тие што умреа во рок од година дена после враќањето од голи оток според тебе како се класифицираат?

Убава дигресија направи со цел да релативизраш политичка репресија, ти реков, и нацистите имале образложенија за формирањето на работните логори, тоа гледано од нивен аспект, во тогашна перспектива било сосем оправдано а цената прифатлива...

Во САД се формираат центри за интернација каде воглавно се сместуваат Јапонци, де дај провери колку има таму загинати за време на престојот или колку починале година дена по враќањето?

Франција после ослободивањето прво расчистува со колаборационистите, поддржувачи на Владата од Виши, меѓу нив е Маршал Петен, потоа Де Гол влегува во пресметка со левицата итн...

За граѓанската војна во Грција мислам нема потреба...егзодус на македонците пред се.

Ама како и да е никаде не видов формирање на вакви логори?

Ете и тогашна ФНРЈ/СФРЈ, немоеш вака воопштени предавања да држиш, исто и сега некој велат дека нема простор за дебата, такви се времињата, сум читал доста, Владата во егзил на чело со кралот после етаблирањето на Тито и КПЈ е веќе надвор од игра одамна, значи тоа ти паѓа во вода.

СФРЈ како суверена земја после Потсдам, каде дефинитивно се подлени сферите на влијанија, може Варшавскиот Пакт да ја нападне, без притоа да нема одговор од НАТО?

Ако било така, не верувам дека ќе опстане а и дека ќе биде иницијатор на формирање на Неврзаните?!

Опасноста од т.н информбировци е прецената и еден добор изговор за политичка чиста, голем дел од казненеиците се пратени без судење, немаат врска со коминтерна, националистички движења, а колаборационистие се елиминирани одамна, волгавно критички настроена интелегенција.

Други времиња, поинакви околности и сл не е оправдување никогаш.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Се надевам дека статиите на Дојче Веле ги сметаш за веродостојни, гледај сега повторно да ги правдаш твоите американски миленици бидејќи статијава е од 2011 година, а не од пред некоја недела или од пред некој месец.
2011 година!!!! АЛО
Абе ова е испод просек и за твоите лажги.
Колку треба да бидеш очаен да ми вадиш статија од нешто неостварено од 2011???

Па еве колку 6 години поминаа, Америте уште не ословуваат со Македонија и Македонци.

И тоа не зборува за Американски став туку за предлог на грците - грците рекле -барале.
АХАХХА леле дете
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Е па историјата вели дека со Минхенскиот договор од септември 1938 на Адолф Хитлер и Нацистичка Германија им се отстапува само Судетската област од Чехословачка, додека останатите територии од Чешка, заедно со целата територија на Словачка продолжуваат да постојат како една држава Чехословачка, се` до март 1939 кога Хитлер и нацистите го прекршуваат Минхенскиот договор и ги окупираат преостанатите територии од Чехословачка, по што вршат поделба на Чехословачка на марионетската наводно независна држава Словачка, и поделената Чешка која ја преименуваат во протекторат на Бохемија и Моравија.

И покрај ваквото прекршување на Минхенскиот договор, Велика Британија и Франција си молчат и после март 1939, со што нивниот пишан збор не вреди ни колку хартијата врз која е напишан, ни колку мастилото со кое е напишан.
Судетите им беа отсапени на германија со минхенскиот договор и се гарантираше независноста на чехословачка. На 14 Март 1939 година словачка се отцепи од заедничката држава со што престана да постои чехословачка. После тоа самиот чехословачки претседател потпиша договор за влез на германците во чешка, Значи ем престана да постои државата на која и беа дадени гаранциите, ем остатокот на државата доброволно без војна пристана да влезе во сотав на германија.
Дури и русија која имаше потпишано воен пакт и обврска за одбрана на чехословачка не реагираше на таквата ситуација.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Кого се обидуваш да го лажеш другар? Мене? Себе?
https://www.foreign.senate.gov/imo/media/doc/Baily_Testimony.pdf
ПДФ од диспозицијата на Бејли.
Македонија, Македонци, нема еднаш употребено фиром или словени.
Зошто лажеш само ти си знаеш.
Pa ne gledash deka nikade ne spomnuva Makedonci. Skogash veli: Albancite i drugite narodi vo Makedonija...
Ili mozhebi sum go propushtil toj del kade ne oslovuva kako Makedonci.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.150
Поени од реакции
15.130
Само те молам немој да прејудицираш.
На референдум ќе кажеме што (не) сакаме.
Vo vakva konstelacija na nastani
....referendumot lesno moži da se "podesi" prema želbite.

Go vidovme toa 2004......

Dovolno e samo da se izvadi na referendumot prvata točka od dogovorot za imeto , a od vtorata do devetata ednostavno da ne se vmetnat vo referendumskoto prašanje.

Moži da se povtori i kičevskoto scenario so nosenje na site pečalbari -albanci koi ne se malku, plus turcite i romite i pogolemiot del od edna golema partija na makedoncite....vo ovoj slučaj sds.

Seto toa so edna agresivna kampanja so učestvo na gosti od tipot Han..Mogerini....nekoj bakšiš za železnica ili avtopat...vetuvanje za plati od 1000 evra i kusur....

I sve e dofatlivo
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom