Вистина дека многу работи се смениле за 100 години. Сепак историјата е важна. Повторувам за да знаеме на дело колку браќа Руси биле за нас.Абе историски многу работи се случиле кои денес се незамисливи за тој временски период, денес Германија и Франција се најголеми сојузници на пример а додека во минатото биле големи ривали. Тоа што се случило нешто во далечното минато не значи дека не е предмет на промена, историјата/животот се менува константно.
Па дечко ти колку години имаше во 2001? Дали беше во државава, дали имаш меморија од тоа време? Дали те интересираа работите кои се случуваа тогаш? Еве јас сум ти прва рака извор како и верувам поголем дел од членовите на форумов, прашај ги родителите и постарите членови на твојата фамилија за тој период. Исто така ти препорачувам да ја прочиташ Сведоштва од Генерал Панде Петровски, началник на генералштабот на АРМ во тоа време.
Еве ти линк до неговата книга ако си навистина сериозен
http://www.macedonianhistory.ca/Stefov_Risto/Svedoshtva - 2001 - e-book Macedonian.pdf
Инаку забележав дека не ми одговори на моите прашања до тебе, те молам одговори ми ги за да имаме плодна и интересна понатамошна дискусија.
Рече сме биле под закана за бомбардирање ако може некој линк, ме интересира од каде е оваа информација.