Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
За истите тие 25 години нашите православни браќа од Русија со кур не мрднаа билокако да помогнат во Македонија.

Но што ако никако не помогнале а многу одмогнале за државата?

Барем не ни мислат лошо, шипците ги мрзат, го сакаат нашиот друг православен братски народ Србите и затоа сигурно не сакаат и нас затоа што сме православни како нив!
Прво, мислам дека и со Србија е многу, многу сомнителна блискоста. Каква беше помошта во бомбардирањето во '99-та? Еден спуштен стелт? Ај дали претерувам - не ќе беше логично Русија да објави војна на Нато? Некои викаат дека Русија уште не била консолидирана од распадот на СССР - точно.
На многу луѓе не им е јасна надмоќта на Нато над Русија, по бројност, по воени буџети, по многу параметри. Србија беше уништена во тие два-три месеци. Да не се лажеме..тоа морални победи, историски преседани - тоа е за во книга. Србија прашање на ден е кога ќе го признае Косово исто како што ние ќе го смениме името.
Секогаш, без исклучок ќе ја ставам Србија пред шип тарите, кои ги доживувам како проблем бр.1 (ниту име, ниту пасоши, најмалку црква), ама кокетирањата со Русија во овие геополитички услови се повеќе од штета отколку од корист. Освен во реториката на српските десничарски партии, на Балканов Русија ја нема и тоа не е од вчера. Историски никогаш немале однос кон нас и тоа што малку им е познато на македонците - секаде каде што стапнале и тие праат асимилиција, се наметнуваат со сила, надменост и силеџиство, имаат истребено или асимилирано милиони домородни народи во 9 временски зони и не е за очекување дека многу ќе се испотрескаат за некои балкански антикуси кои се срамат од словенството. Знам дека изгледа дека сме слични, дека сме "православни" и дека по default значи дека треба да се сакаме, ама ете, тие не го мислат тоа. Јас не гледам потреба да бараме љубов од нив по секоја цена - би не искористиле да си го избришат газот со нас за некоја периферна војна со Нато, за да ни увалат некое р'ѓосано оружје од СССР и толку.
 
А

Атлантист

Гостин
Те молам немој толку наивно.
Прво ова овде не е запад, а второ, истите тие САД имаат историја на помагање и директна соработка со диктатори како Пиноче, Нориега, итн, итн. Никогаш не биле загрижени за тоа кој е нивниот човек, се додека е корисен и одработува за нив. Еве и една мала листа во тој контекст:
http://www.deathandtaxesmag.com/205411/10-vicious-dictators-supported-by-the-u-s-government/

Да не се правиме сега дека овде некој пие нафта, и дека САД се било како загрижени за моралната и етичка позадина на странските лидери кои ги поддржуваат. Пошто во тој случај снимени разговори има и со Заев, дури и поинкриминирачки од тие за Груевски.

Само да не почнеме сега да ги мериме двајцата на кантар, нема намера да се заглупувам сега со тоа (не мислам на тебе, туку на дежурниве форумски usual suspects). Кој сака нека навлегува во фините поенти на една дискусија од типот, кое гомно повеќе смрди.


Груевски е заменет првенствено затоа што почна да актуелизира соработка со Русија, пред се за изведба на јужен гасовод од Русија кон ЕУ. Нешто што нам ни е од голем интерес пред се заради нашата огромна потреба од поевтин и еколошки чист енергенс - каков би бил рускиот природен гас преку таков гасовод наместо преку гасоводот преку Украина и Бугарија (што е многу поскапо од политички причини).
Потоа тука се и проблемите што Македонија ги направи вп агендата за имиграцијата во ЕУ. И неколку други поситни работи, како приближување до вишеградската група, и слично.

На крај Груевски е заменет и затоа што им се може. Покажаа дека имаат потполна контрола, и неговата замена е попослушна и бара прилично помалку за да одработува за САД.

Целата работа САД не ги фати скапо, инфраструктурата одамна ја имаат преку петтата колона во облик на купот невладини организации, преку кои овде легално се ангажираат локални платеници за одработка на преврат.
Не сме Запад, но не сме ни некаква периферија веќе, претенденти сме за влез во ЕУ и НАТО, а тоа подразбира и поинаков тип на сојузништво.
Неспоредливо со диктатори од Типот на Пиноче или Нориега( Овој мислам скоро почина во Американски затвор), кои биле во функција на судир на геополитички интереси.

Или Актуелниве судири во Арапските земји. Можеби ваква теза би држела 90-тите, сега геополитички судири се случуваат во Украјна, Сирија, Иран...


Значи повторно не гледам на САД како на некаков бранител на етички или морални принципи, ова го дискутиравме и во друга тема, за некакви краткотрајни интереси можеби и ќе им послужи некаков локален диктатор, за нешто потрајно е потребна смена на политичкиот систем, но не само декларативно, за да имаме прилагодување на интересите на нашите локални политички моќници. Немаме ние вистински независни институции, судство, законодавен дом, се е кај нас подредено на лидерот.
 
W

wicked_1

Гостин
Прбо беше Мајдан. Потоа беше Турскиот тек. Потоа беа мигрантите. Потоа беше Сорос. Потоа беа терористи на граници и конвои со оружје. Потоа беше Тиранската платформа. Потоа беше договорот со Бугарија. Потоа беше договорот со Грција. Сега повторно се мигрантите.

И никако нешто од сето тоа да се случи, секогаш има некоја закана, секогаш исчезнува, а Гвујо сеуште не е во затвор заради корумпираното судство.

Ве возат како Југо 45, глупи сте ко кур а бистрите геполитики. Ебаве токмаците, ебаве.
Да не заборавиме на една од најгенијалните колумни некогаш напишани на овој медиум.
Само неколкумина на форумов ја увидоа позадината на актуелните случувања, мнозинството се заплеткаа во пајажините на дневно-политичките препукувања.
Ајде да завршиме со нив....

Значи, САД ќе направи се, само за да Русија не го реализира проектот со Турскиот поток. Земете ја за пример Сирија и Украина.
Сценариото е исто.


-На Македонија и одговара Рускиот проект. Зошто?
- 3 пати!!! поевтин гас од Американскиот, а со тоа
- Поевтин транспорт
- Поевтина храна
- Помали сметки за ел. енергија.
- Државата ќе има константен прилив во Буџетот како транзитна земја
- Развој на економијата
- Поконкурентни производи.

Ова не е терање некаков инает на Америка, или пак Русофилство, туку здрав разум.
На мене како граѓанин ми одговара да плаќам пониска цена, веќе кога имам избор....


Поради ова, спремен сум да го простам аздисувањето на Владата и да им прогледам низ прсти(а имам толку многу гнев насобрано)
само доколку покажат декa имаат муда, и дека ќе го истуркаат проектот со рускиот гасовод до краj
.
Амин
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.896
Поени од реакции
31.847
@ Атлантист за сето ова изгледа треба да се префрлиме на некоја посоодветна тема, овде врнат глупости (истура всушност).
Покасно.


Е па веќе се загрижив дека нема да ја употребиш фразата со пикање на главата во газот. Сега уште АЛАС недостига.
Алас, ама времето лета. Имам обврски и морам да одам оф, но евентуално во меѓувреме признавам дека сум заинтригиран со кои квалитети мора да ти е компензиран недостатокот од интелегенција (не сум религиозен, ама велат дека господ некаде земал, некаде давал). :)
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Секуларни држави кои беа, а сега не се:
Либија, Ирак, Египет, Тунис... И многу други, ете и Сирија е на добар пат.

Бонус прашање: Кој ги организираше тие преврати на спомнатите секуларни држави? Кој ја запролети Арапската Пролет?
За тебе бонус прашање: сакаш да имаш нормални граници и нормален, стабилен внатрешен поредок или да те лапне држава од 80 милиони со која имаш историски конфликт, суштински цивилизависки и културолошки разлики, само затоа што ти е по кеиф како главниот тиранин владее во истата? Као да сакаш да те пројде Тајсон низ шаки пошо добро тепа. Многу мудро!
 
А

Атлантист

Гостин
Аполутно.
Уште на времето не ми се веруваше колку отворено со руски олигарси - луѓе на Путин тука се флертуваше. Хотел Русија, па незнам фудбалски клуб купен,па незнам млекара купена, па овој на форца кредити русин, темата од коцкарниците од претходно исто со руска мафија поврзано.
Значи паторчето се фати пред се за пари во оро со Русите. Како можел да биде толку глуп дека запад ќе го толерира незнам. Русите олигарси и мафија јасно не се тука само ради пари, туку ради политички интерес. Да не држат надвор од ЕУ и НАТО, т.е. во диктатура.

Од друга страна политичари-диктатор-мафиози запад ги толерира кратко, т.е. имаат краток век. Брзо од запад почнуваат да зборат за независно судство итн. Плус боде очи со децении исти лидер, тоа само во диктатура. Значи политичари-диктатор-мафиози немаат многу избор освен да се вртат кон Русија.

Да играат на карта “само ја ве бранам од надворешен непријател“ и да држат население во постојана параноја од надворешни заговори. Тоа ти е буквално од диктатор скул боок. Од С.Кореа до Дуерте па до диктатори во историја, сите исто.

И апсолутно треба да учиме од Албанците. Си знаат како тера светот. Си знаат нема барање правдини многу многу. Си знаат нема “независни самостални политиќи“ ке сме фурале. Си знаат кај е силата и кој одлучува, значи си знаат во чија милост треба да бидат за да им иде работата.
Имаше не толку скоро, кога се случи онаа експлозија на Бритиш Петролеум нафтената платформа, па мораа да плаќаат Милијарди долари казни. За кратко време им продадоа илијадници бензински пумпи на Руски компании низ цела Европа.
Поентава ми е, да владее кај нив таква хистерија за некакви Руски инвестиции овде, кои се минимални, а истовремено кај нив имаат милијарди долари Руски инвестиции?

Инаку тоа беше тезата на Мирка, Миленко итн. тие одеа на картата на геополитики и Русија, ако тие му биле советници за надворешна политика, тогаш ок, има можеби понешто и вистина, па заради тоа се заангажираа толку за да го сменат.

Со вториот дел потполно се сложувам, со децении ист лидер, очигледно нешто не е во ред со политичкиот систем и таквите бараат други сојузници. Но сојузништво со Русија никогаш кај нас не било официјална политика.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.896
Поени од реакции
31.847
За тебе бонус прашање: сакаш да имаш нормални граници и нормален, стабилен внатрешен поредок или да те лапне држава од 80 милиони со која имаш историски конфликт, суштински цивилизависки и културолошки разлики, само затоа што ти е по кеиф како главниот тиранин владее во истата? Као да сакаш да те пројде Тајсон низ шаки пошо добро тепа. Многу мудро!
Не одговарам на прашање додека прво ти самиот не одговориш на прашањето. Како што е редот, да одговориш пред да прашуваш.
Впрочем ти нагласи дека треба „да навиваме за секуларни држави, не ги заменувај тезите.
Секуларни држави кои беа, а сега не се:
Либија, Ирак, Египет, Тунис... И многу други, ете и Сирија е на добар пат.

Бонус прашање: Кој ги организираше тие преврати на спомнатите секуларни држави? Кој ја запролети Арапската Пролет?
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Поентава ми е, да владее кај нив таква хистерија за некакви Руски инвестиции овде
За разлика од средени општества, инвестиции Руски тука значат дебело мешање на Руска политика. Инвестициите купуваат политика, особено силно во мали несредени држави. Од Запад имаат видено дека паторчето има интерес од статус кво ситуација. Т.Е. само начелно сака запад, а на дело блокира. Патем, јасно и зошто, нема да може да си тера со грабежот мирно, да мести избори итн кога ќе влеземе во ЕУ по нивни стандарди на судство итн. А и на Русија одговара да не влеземе во НАТО и ЕУ, во форма на блокирање и постојан статус кво.

Значи му одговараше статус кво блокирана ситуација.
Некои сметаат и дека намерно испогради споменици провокации за соседите, за да се блокира повеќе се.
 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Да не заборавиме на една од најгенијалните колумни некогаш напишани на овој медиум.

Амин
Пази му го првиот лајк. :pos:

"неутралниот" волк кој ќе прогледал низ прсти на грабеж невиден досега.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Не одговарам на прашање додека прво ти самиот не одговориш на прашањето. Како што е редот, да одговориш пред да прашуваш.
Впрочем ти нагласи дека треба „да навиваме за секуларни држави, не ги заменувај тезите.
Каде тоа ги "заменувам тезите"? Каква врска имаме ние со Либија и Тунис? Ниту географска, ниту било која друга блискост. Може индиректно да сме засегнати од тие процеси преку варирањето на цената на нафтата, но не директно. Тебе треба да ти е поука дека во државите каде е поддржана исламистичка страна настанува хаос и тоа е рецептата за уништување. Во различни региони нивните интереси се различни и голема несреќа би била за нас ако настане конфликт меѓу Нато и Турција затоа што режимот е изворен, домашен и пркоси на влијанијата на Европа и САД. Турција отворено бара повлекување на нато војската од Инџирлик, што ти можеш како сакаш да го толкуваш, ама не е во прилог на Нато и САД. Тие и отворено ги поддржуваат и наоружуваат и Курдите во Сирија и северен Ирак кои исто така се претставени преку работничката партија на Курдистан, левичарски фронт, строго секуларен (имаат женски воени единици). Сакам да кажам дека во даденава ситуација со Турција, Америка ги поддржува страните кои се за нас поповолни, а што на вас сендвичите ви одговара у џихадистички, затуцан османлиски режим што финансира екстремни секти на Балканов, само вие си знаете.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.896
Поени од реакции
31.847
Каде тоа ги "заменувам тезите"? Каква врска имаме ние со Либија и Тунис? Ниту географска, ниту било која друга блискост...
Aло @Almeida, овде Земја. Само се обидов да ти ја покажам иронијата, во тоа што повикуваш „да навиваме за секуларни држави“ ама во исто време навиваш за тие што еден куп секуларни држави ги направија дувла на религиозни муслимански фанатици.
Претпоставувам премногу суптилно беше тоа, за тебе. :([DOUBLEPOST=1500756045][/DOUBLEPOST]gtg...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom