Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Зависи како гледаш. Независноста ја избориле од Британија. Биле дел од нејзиниот монетарен и даночен систем.

Тогаш не биле САД, говориме после Декларација за независност, тие велат while under British rule...коа говорат за тој период.
Ептен прават разлика when redcoats ruled.
 
Е сега прашање е зошто решија да го откачат Груевски . Сепак излегоа снимени разговори после кои секој политичар на Запад би бил политички мртов.
99% е затоа што не спроведувал политики според нивни потреби. Но, тоа не мора да значи дека спроведувал такви кои биле во корист на државава. Од многуте напишани и случени работи, според мене, голема е веројатноста после Букурешт 2008 да почнал да добива ишарети од исток, пред се' мислам на Турција, но и од Русија преку србите. Иако и самиот не е способен, мислам дека е опкружен од тотални идиоти кои немаат појма од геополитика. Истите го вивнаа во приказната дека тој ќе може да функционира како Мило во Црна Гора, со тоа што прашањата со албанското малцинство ќе ги решава со тотална попустливост, а со другиве ќе држи затегнати односи, кои во народот ќе се толкуваат како „патриотизам“, а реално ќе значат тапкање во место по однос на Нато и ЕУ.
Мислам дека ни самиот не е свесен со кого нашол да сади тикви. Доволно е човек да се запознае со блиската историја на земјите од централна Америка и ќе види колку ситуациите се пресликуваат тука. Не можам да кажам дека ми е мило дека е така, ама неприкосновени со целиот свет и кон факти не смее да се пристапува со сентимент или симпатии кон некого. Ши птарите се' многу пред нас свесни за ова и затоа метар по метар го грицкаат Балканов. Наспроти тоа, паторот бираше некои сомнителни партнерства со турската џавахирија, која не перцепира како западна Румелија или уште попатетичниот обид да се намигнува на Русија која воопшто и не не перцепира. Лани овие мамлази кои им сметала џихадистичката градинка у Гази Баба, ракоплескаа на ердо султанот, наместо да навиваат за секуларни држави кои во корен би ги сотреле сите обиди за верска манипулација и повици на верски освојувања, каде истите ние би биле мета.
 
Три дена се оправам со луѓе за вработувањава на кловновите од вчерашни и инстант добиваш реплики, ама не знаеш ти, секоја влада носела луѓе од ДОВЕРБА :icon_lol: Тоа не е ништо поразлично од исповработување на внуци, братучеди, фамилии и партиските вработувања на ВМРО.

Разбирливо е за најблиските сорабтници да бидат одбрани со прст секаде, посебно на министерски кабинет, државни советнци и сл. влијателни позиции, меѓутоа да не бидат по 50 на број по кабинет, а за се друго мора да има јавни конкурси, транспарентен избор и сл.
Ако вработиш пет плакетолепачи, уше пет со тој ум ќе речат и јас сакам, ама ако вработиш пет квалитетни ликови уште дваесет објективни луѓе ќе речат секоја чест, барем јас така мислам.
Згора ако се работи за школувани ликови, не разно разни матни условно зависно независни апартчици, помалку мрчење, вака коментар секој втор види овој кај влезе на работа а до четврта средно мака имаше со читање, ама ете преку партија...
 
Тогаш не биле САД, говориме после Декларација за независност, тие велат while under British rule...коа говорат за тој период.
Ептен прават разлика when redcoats ruled.
Немој вака, ќе се наљути некој јенки антикус ако те чита. Како тоа да нема културен континуитет?
 
Зависи како е предвидено во законот за банери

Одкако елаборираше и ја докажа незаконитоста, криминалсноста и што не на бренд логоата на Coco-Cola, Porche i NLB Bank, во МКД според постојната законска регулатива, после сета таа релативизација пак не напиша дали дотичниот банер тоа го прави помалку незаконски или повеќе законски?

Друго, да не изгледа тенденциозно. да речеме дека дотичниот банер не е напишан на албански, туку на било кој друг од јазиците од малцинските етнички заедници кај нас, во средина во која тие доминираат со преку 90% од население, помалку незаконски е?

Еве нека не биде воопшто во корелација со етничка заедница, чисто легалистички аспект, на клингонски во Свирипичино каде владеат клингонци, помалку е незаконски?

;)
 
99% е затоа што не спроведувал политики според нивни потреби. Но, тоа не мора да значи дека спроведувал такви кои биле во корист на државава. Од многуте напишани и случени работи, според мене, голема е веројатноста после Букурешт 2008 да почнал да добива ишарети од исток, пред се' мислам на Турција, но и од Русија преку србите. Иако и самиот не е способен, мислам дека е опкружен од тотални идиоти кои немаат појма од геополитика. Истите го вивнаа во приказната дека тој ќе може да функционира како Мило во Црна Гора, со тоа што прашањата со албанското малцинство ќе ги решава со тотална попустливост, а со другиве ќе држи затегнати односи, кои во народот ќе се толкуваат како „патриотизам“, а реално ќе значат тапкање во место по однос на Нато и ЕУ.
Мислам дека ни самиот не е свесен со кого нашол да сади тикви. Доволно е човек да се запознае со блиската историја на земјите од централна Америка и ќе види колку ситуациите се пресликуваат тука. Не можам да кажам дека ми е мило дека е така, ама неприкосновени со целиот свет и кон факти не смее да се пристапува со сентимент или симпатии кон некого. Ши птарите се' многу пред нас свесни за ова и затоа метар по метар го грицкаат Балканов. Наспроти тоа, паторот бираше некои сомнителни партнерства со турската џавахирија, која не перцепира како западна Румелија или уште попатетичниот обид да се намигнува на Русија која воопшто и не не перцепира. Лани овие мамлази кои им сметала џихадистичката градинка у Гази Баба, ракоплескаа на ердо султанот, наместо да навиваат за секуларни држави кои во корен би ги сотреле сите обиди за верска манипулација и повици на верски освојувања, каде истите ние би биле мета.

Аполутно.
Уште на времето не ми се веруваше колку отворено со руски олигарси - луѓе на Путин тука се флертуваше. Хотел Русија, па незнам фудбалски клуб купен,па незнам млекара купена, па овој на форца кредити русин, темата од коцкарниците од претходно исто со руска мафија поврзано.
Значи паторчето се фати пред се за пари во оро со Русите. Како можел да биде толку глуп дека запад ќе го толерира незнам. Русите олигарси и мафија јасно не се тука само ради пари, туку ради политички интерес. Да не држат надвор од ЕУ и НАТО, т.е. во диктатура.

Од друга страна политичари-диктатор-мафиози запад ги толерира кратко, т.е. имаат краток век. Брзо од запад почнуваат да зборат за независно судство итн. Плус боде очи со децении исти лидер, тоа само во диктатура. Значи политичари-диктатор-мафиози немаат многу избор освен да се вртат кон Русија.

Да играат на карта “само ја ве бранам од надворешен непријател“ и да држат население во постојана параноја од надворешни заговори. Тоа ти е буквално од диктатор скул боок. Од С.Кореа до Дуерте па до диктатори во историја, сите исто.

И апсолутно треба да учиме од Албанците. Си знаат како тера светот. Си знаат нема барање правдини многу многу. Си знаат нема “независни самостални политиќи“ ке сме фурале. Си знаат кај е силата и кој одлучува, значи си знаат во чија милост треба да бидат за да им иде работата.
 
Последно уредено:
Немој вака, ќе се наљути некој јенки антикус ако те чита. Како тоа да нема културен континуитет?

Што би било тоа не можам ни да замислам, едино антикус може да биде некој Навахо, Чироки или Апачи, се друго...
 
ВО што сме ние посебни од во однос на другите, било кои , па да ни воведуваат федерации, конфедерации и други заговори, или што и да е? Кога лојалноста воопшто не е доведена под прашање.
Не сме ништо ни различни ни посебни, од било кој друг. Империите секаде практикуваат dīvide et īmpera. Колку поразделен е субјектот, толку полесен е за контролирање и поцелосна е контролата.
Тоа не е ништо лично против нас, едноставно вообичаен геополитички бизнис.

Не знам од каде тие идеи дека нешто како „лојалност“ постои во тој свет, и влијае врз империјата да не работи за сопствените империјалистички интереси - што во нашиот случај, значи зајакнување на албанскиот внатрешен фактор (кој без нивна помош е банално лесно решлив проблем дури и за една ваква слаба држава како нашата).

Федерации, конфеерации, воопшто нашиов однос со Албанците се наш проблем и без да ги имаме сите тие амбасадори и дипломати како посредници.
„Нашиот“ проблем со Албанците не би постоел како таков, без директно мешање на западниот фактор (читај САД).
Дури и сега, проблемот е лесно решлив без тоа странско мешање. Лесно. Решлив.

И не ми изгледа дека држи тезата дека предходниов нешто многу се залагал за национални или какви и да се интереси освен сопствените. Па истиот тој до последен момент трчаше и бараше приеми кај странски дипломати и политичари и кога никој не сакаше да го прими.
Никогаш и никаде не реков дека претходниот премиер „нешто многу се залагал за национални или какви и да се интереси освен сопствените“. Се обидуваше да направи привид дека го прави тоа, со примарна цел да освои повеќе од македонските гласови.
Јас тоа го споредував со неговиот сегашен заменик, кој ја отфрли макар и претензијата дека се залага за националните интереси. Верува дека како што САД го донесоа на власт, така САД ќе го одржат на власт наспроти интересите на мнозинскиот народ во Македонија.

Ова не значи дека претходниот премиер беше добар за Македонија. Не. Имаше шанса многу да направи, но потфрли (ако воопшто реално се обидел, наспроти работењето на изгледот дека работи на тоа).

Е сега прашање е зошто решија да го откачат Груевски . Сепак излегоа снимени разговори после кои секој политичар на Запад би бил политички мртов.
Те молам немој толку наивно.
Прво ова овде не е запад, а второ, истите тие САД имаат историја на помагање и директна соработка со диктатори како Пиноче, Нориега, итн, итн. Никогаш не биле загрижени за тоа кој е нивниот човек, се додека е корисен и одработува за нив. Еве и една мала листа во тој контекст:
http://www.deathandtaxesmag.com/205411/10-vicious-dictators-supported-by-the-u-s-government/

Да не се правиме сега дека овде некој пие нафта, и дека САД се било како загрижени за моралната и етичка позадина на странските лидери кои ги поддржуваат. Пошто во тој случај снимени разговори има и со Заев, дури и поинкриминирачки од тие за Груевски.

Само да не почнеме сега да ги мериме двајцата на кантар, нема намера да се заглупувам сега со тоа (не мислам на тебе, туку на дежурниве форумски usual suspects). Кој сака нека навлегува во фините поенти на една дискусија од типот, кое гомно повеќе смрди.

Груевски е заменет првенствено затоа што почна да актуелизира соработка со Русија, пред се за изведба на јужен гасовод од Русија кон ЕУ. Нешто што нам ни е од голем интерес пред се заради нашата огромна потреба од поевтин и еколошки чист енергенс - каков би бил рускиот природен гас преку таков гасовод наместо преку гасоводот преку Украина и Бугарија (што е многу поскапо од политички причини).
Потоа тука се и проблемите што Македонија ги направи вп агендата за имиграцијата во ЕУ. И неколку други поситни работи, како приближување до вишеградската група, и слично.

На крај Груевски е заменет и затоа што им се може. Покажаа дека имаат потполна контрола, и неговата замена е попослушна и бара прилично помалку за да одработува за САД.

Целата работа САД не ги фати скапо, инфраструктурата одамна ја имаат преку петтата колона во облик на купот невладини организации, преку кои овде легално се ангажираат локални платеници за одработка на преврат.
 
Последно уредено:
ама ако вработиш пет квалитетни ликови уште дваесет објективни луѓе ќе речат секоја чест, барем јас така мислам.
Згора ако се работи за школувани ликови, не разно разни матни условно зависно независни апартчици, помалку мрчење, вака коментар секој втор види овој кај влезе на работа а до четврта средно мака имаше со читање, ама ете преку партија...
Апсолутно, затоа и се фрла со кал по горенабројаните ликови. Лешо, Васиљ, Јована. Била убава и претставителна, па само јас знам 3-4 Македонки што го исполнуваат критериумов, сигурно и ти, а секој на темава. Не е во ред тоа. Па и уште јавно се издаваат по Фејсбуци :tapp:
 
Segašnata verzija ne....no za taa prehodnata za koja pregovaraše predhodnata administracija vo MNR znam skoro sve što e bitno ....i mislam deka vo novata nema značitelni promeni

И не мислиш дека е попаметно прво да го видиме договорот па потоа да коментираме?
 
Дајте бе веќе еднаш детаљи од тој смрден договор ако ги знаете!
Не чини, па не чини....

Што би било тоа не можам ни да замислам, едино антикус може да биде некој Навахо, Чироки или Апачи, се друго...
“Јенки“ реков...тие ти шо збориш се сотрени за век и веков.
Да не речам дека по тој терки и ние ќе треба да се откажеме од Аце, цар Самуил....скраја да е.
 
Се слушаат и низ Битола, али то им е правило на верата воспоставени уште од Мухамед за повикување на верници, додека за камбани немам најдено каде Исус или госпот нареди да звонат.
Муамед стриктно наредил да употребуваат ултра јаки аудио појачала со неколку илјади вати снага за засилување?
Се слушаат на десетици километри далечина, доволно за да разбудуваат во 4 наутро.

Патем, тролањето ти е со патетичен квалитет.
Но надокнадуваш со квантитет, а?
 
Повик за молитва со глас, не е специфицирано ни појачало ни вати, али е така наложено да се повикуваат верниците на молитва.
Кај рисјаните во нивните свети книги не се споменува никакви камбани ни камбанерии ни начин ну време на ѕвонење[DOUBLEPOST=1500749809][/DOUBLEPOST]
Одкако елаборираше и ја докажа незаконитоста, криминалсноста и што не на бренд логоата на Coco-Cola, Porche i NLB Bank, во МКД според постојната законска регулатива, после сета таа релативизација пак не напиша дали дотичниот банер тоа го прави помалку незаконски или повеќе законски?

Друго, да не изгледа тенденциозно. да речеме дека дотичниот банер не е напишан на албански, туку на било кој друг од јазиците од малцинските етнички заедници кај нас, во средина во која тие доминираат со преку 90% од население, помалку незаконски е?

Еве нека не биде воопшто во корелација со етничка заедница, чисто легалистички аспект, на клингонски во Свирипичино каде владеат клингонци, помалку е незаконски?

;)
зависи како е предвидено во законот за банери
 
Лет, набилдај ја со некој друг дневната квота на (лошо) тролање. Бива?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom