- Член од
- 20 декември 2013
- Мислења
- 212
- Поени од реакции
- 110
Косата кога ќе ја намокрам со вода многу брзо ми се суши помалку од минута и е потребно за скроз да се исуши,а и шампонов што го користам моментално ја прави уште посува и поцврста како гел да имам ставено...Дали на некој од вас му се има случувано ова,што шампон би препорачал?
(п.с во врска со темава...не можев да најдам ништо поврзано со насловов повеќето од темите се за опаѓање и стајлинг)
(п.с во врска со темава...не можев да најдам ништо поврзано со насловов повеќето од темите се за опаѓање и стајлинг)
Јас би ти препорачала да си користиш масла за коса. И да си земеш глисче 180 ден, со масло. Не од оние без масла, за да ти биде косата секогаш малце помрсна. Нема да ти се приметува дека е мрсна. Летно време е, затоа се суши влакното премногу, и јас имам таков проблем. Ама користам масла за коса, моментално кокосовото масло, во ДМ го купив, 300 ден. И глисот го имам. Убаво е и она Арганското масло, тоа е 900 ден. 30 мл. до 1000 се движи, ми го препорачаа од Диор. Шампон користи си некој поблаг, зошто со самото она што ти се суши косата може да настане нејзино опаѓање. Така да, со среќа пријателе! Се надевам, доколку ме послушаш, ќе ти помогнат овие раб.

