Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Maрксизмот е теорија која теоретски би делувала во цел свет на марксистички земји. Тој не функционира во земји опкружени со капитализам затоа што би подразбирал ограничувања во односи со други земји, Ни една држава не е самодоволна за себе секоја мора помалце или повеќе да соработува со други земји и ссср и југославија, требаа да имат економски финансиски воени културни и други соработки со капиталистички или дури и диктаторски држави за да опстанат.
Така да левицата освен ако не успее да воспостави марксизам во поголемиот дел на планетата - нема никакви шанси за успех поготову во мала и сиромашна Македонија. Не можеш да имаш марксистичко уредување базирано на капиталистички односи со некого.
Форматот на владеење не мора да значи дека мора да е таков. Национализацијата, репресивните мерки, стварање на такви нови елити - тоа не мора и не треба да го има.
Мене најмногу ме погодува раскурцувањето со природните богатства кои се сечии и се ничии. Приватизирање на компании кои работат со енергенси, инфраструктура, шуми, води е класичен грабеж и докажано не функционира. Како може Словенија да не дозволи електростопанството да се приватизира? Наспроти тоа, кај нас лавина кога ќе однесе некој електричен столб, па ЕВН го заболе стапот дека пола селана накај Дебар немаат струја по цел месец у зима, пошо не му е "рентабилно". Како може Норвешка да дели дивиденда по жител од нафтените наоѓалишта во Северно море? А кај нас една свиња, наказа, морална и физичка, пешевски да дели концесии да се преора државава со рудници и површински копови ко да е на мајка му.
Понатаму и во делот со работничките права и слободи сме на ниво меѓу феудализам и робовладетелство, што не смее да е така. Да не зборам за односи на плати во иста фирма меѓу менаџер и најниско платен вработен, која кај нас достигнува троцифрена разлика, а една капиталистичка Швајцарија донесе закон со референдум наречен "12" според кој истава разлика не смее да е над 12 пати.
Има многу аспекти. Поентата ми е дека не значи дека доаѓање на ваква партија на власт ќе значи праење паради, бесење мурали по град и јавно стрелање богаташи, туку посовесна работа со колективното и почовечки однос на власта кон обичните луѓе.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Инаку Маркс го има раштрафено капитализмот со сите маани и фелери уште пред двеста години, целата негова неодржливост, тенденцијата за изразита нееднаквост во распределбата на капиталот, експлоатација на работникот и стварање на конфликти за ресурси и богатства.
Инаку Лешек Колаковски го има раштрафено марксизмот со сите маани и фелери уште пред шеесетина години, целата негова неодржливост и целата негова утопија базирана на Хегел и парадоксално, на Библијата.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Инаку Лешек Колаковски го има раштрафено марксизмот со сите маани и фелери уште пред шеесетина години, целата негова неодржливост, и целата негова утопија базирана на Хегел и парадоксално, на Библијата.
Нема нешто што не може да се раштрафи.
Ме заинтригира со муабетов, ама штом видов "Библијата" се разочарав.

@bijons Чичковците тука праат муабет, оди си у соба, ајде.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Нема нешто што не може да се раштрафи.
Ме заинтригира со муабетов, ама штом видов "Библијата" се разочарав.

@bijons Чичковците тука праат муабет, оди си у соба, ајде.
Зошто би се разочарал? Доаѓањето на власта на пролетеријатот после кое што завршува историјата потполно наликува на второто Исусово враќање, или на самоостварувањето на Умот во Хегеловата филозофија. Очигледно е од каде тие идеи се земени.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Зошто би се разочарал? Доаѓањето на власта на пролетеријатот после кое што завршува историјата потполно наликува на второто Исусово враќање, или на самоостварувањето на Умот во Хегеловата филозофија. Очигледно е од каде тие идеи се земени.
Па не можам да коментирам, ако не сум ја прочитал целата теза. Вака звучи логично. Со тоа што треба да се познава во кој контекст е напишана и дали авторот имал директно (веројатно негативно искуство, ако е пољак сигурно) со режимот. Прашање колку е субјективна.
Во поново време се популарни и оние за кои прееска пишував, кои ги "расклопуваат" во Merchants of doubt - "независни" експерти кои глобалното затоплување го толкуваат (псевдо)научно како лага, штетноста на цигарите ја извртуваат во корисност и благопријатност за здравјето - "алтернативни" вистини. Ако е на тоа ниво, тогаш можел и во зен-будизмот да пронајде аналогии и контра-аргументи за раштрафување или било кое друго учење.

За фелерите на капитализмот веќе и не треба да си некој многу интелигентен човек да ги воочуваш. Посебно не во оваа примитивна форма на класично разграбување која трае овде преку 25 години.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.387
Поени од реакции
3.594

Vidi, kapitalizam sovrseno funkcionira so poshten i trudoljubiv narod.
 
Во поново време се популарни и оние за кои прееска пишував, кои ги "расклопуваат" во Merchants of doubt - "независни" експерти кои глобалното затоплување го толкуваат (псевдо)научно како лага, штетноста на цигарите ја извртуваат во корисност и благопријатност за здравјето - "алтернативни" вистини.

За фелерите на капитализмот веќе и не треба да си некој многу интелигентен човек да ги воочуваш. Посебно не во оваа примитивна форма на класично разграбување која трае овде преку 25 години.
Книгата на Колаковски се вика Главните текови на Марксизмот. Тоа е негово капитално дело и генерално се смета за една од најдобрите книги посветени на Марксизмот.

Не е проблемот кај Маркс во економската анализа на капитализмот, која е на научни основи онолку колку што економијата може да биде егзактна наука. Проблемите настануваат кај неговите политички учеања и очекувања. Од неговите економски учења неговите политички очекувања едноставно не следат.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Форматот на владеење не мора да значи дека мора да е таков. Национализацијата, репресивните мерки, стварање на такви нови елити - тоа не мора и не треба да го има.
Мене најмногу ме погодува раскурцувањето со природните богатства кои се сечии и се ничии. Приватизирање на компании кои работат со енергенси, инфраструктура, шуми, води е класичен грабеж и докажано не функционира. Како може Словенија да не дозволи електростопанството да се приватизира? Наспроти тоа, кај нас лавина кога ќе однесе некој електричен столб, па ЕВН го заболе стапот дека пола селана накај Дебар немаат струја по цел месец у зима, пошо не му е "рентабилно". Како може Норвешка да дели дивиденда по жител од нафтените наоѓалишта во Северно море? А кај нас една свиња, наказа, морална и физичка, пешевски да дели концесии да се преора државава со рудници и површински копови ко да е на мајка му.
Понатаму и во делот со работничките права и слободи сме на ниво меѓу феудализам и робовладетелство, што не смее да е така. Да не зборам за односи на плати во иста фирма меѓу менаџер и најниско платен вработен, која кај нас достигнува троцифрена разлика, а една капиталистичка Швајцарија донесе закон со референдум наречен "12" според кој истава разлика не смее да е над 12 пати.
Има многу аспекти. Поентата ми е дека не значи дека доаѓање на ваква партија на власт ќе значи праење паради, бесење мурали по град и јавно стрелање богаташи, туку посовесна работа со колективното и почовечки однос на власта кон обичните луѓе.
сето тоа го имавме 50 години во заедничка држава каде сите едногласно рековме, тоа не чини треба да се менува. И шуми и води и море и езера и реки и централи и рудници и патишта.... беа општествено добро од чија експлоатација или употреба - му се враќаше на народот за негово добро.Први беа словенците во тие барања за промени. Тие беа најгласни и најупорни да се смени тој систем.
То шо во некоја земја некој сегмент остана или се користи на сличен начин (а се останато е капитализам) не ја прави таа земја марксистичка.
Ако споредиш како државата преку “народни“ избраници, денес управува со она шо остана во раце на државата (здравство, школство МРТВ, депонии, комунални услуг, пошта..... можам да замислам како би ни било да останеше и електростопанство во нивани раце. Веројатно ќе имавме понеквалитетна електрична енергија од онаа во Македонија во 1955.
Левица се млади деца занесени по чегевара и пароли од книги на ленин, кој се уште живеат од плата на родителите. Нивната концепција е едноставна, ќе напрат се шо бара народ и болници и патишта и фабрики и електрани и аеродроми и извоз и високи плати и наталитет.... кај нив нема проблем, имаат маѓионичарски шешир и од него ќе ти извадат за 3 секунди се шо ќе побараш. Само како и секоја маѓионичарска претстава на крај останува само илузија и оптичка варка.
 
C

cige

Гостин
Се знае ли колку Соросоиди фатија функции пред долгогодишни членови на СДСМ?
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Vidi, kapitalizam sovrseno funkcionira so poshten i trudoljubiv narod.
И ова е идеализирање и генерализирање. Познавам многу вредни Македонци и скотови (исто Македонци).
И во Јапонија има мрзливи луѓе, пијаници, наркомани, бездомници.
сето тоа го имавме 50 години во заедничка држава каде сите едногласно рековме, тоа не чини треба да се менува. И шуми и води и море и езера и реки и централи и рудници и патишта.... беа општествено добро од чија експлоатација или употреба - му се враќаше на народот за негово добро.Први беа словенците во тие барања за промени. Тие беа најгласни и најупорни да се смени тој систем.
То шо во некоја земја некој сегмент остана или се користи на сличен начин (а се останато е капитализам) не ја прави таа земја марксистичка.
Ако споредиш како државата преку “народни“ избраници, денес управува со она шо остана во раце на државата (здравство, школство МРТВ, депонии, комунални услуг, пошта..... можам да замислам како би ни било да останеше и електростопанство во нивани раце. Веројатно ќе имавме понеквалитетна електрична енергија од онаа во Македонија во 1955.
Левица се млади деца занесени по чегевара и пароли од книги на ленин, кој се уште живеат од плата на родителите. Нивната концепција е едноставна, ќе напрат се шо бара народ и болници и патишта и фабрики и електрани и аеродроми и извоз и високи плати и наталитет.... кај нив нема проблем, имаат маѓионичарски шешир и од него ќе ти извадат за 3 секунди се шо ќе побараш. Само како и секоја маѓионичарска претстава на крај останува само илузија и оптичка варка.
Прво, јас не сум се согласил. За тоа не беше распишан референдум, туку поединци во КПЈ групирани во национални групи го побараа. Иницирани претежно од надвор (не одам по ова понатаму).
Не си сериозен за струјава? Единствени пост-СФРЈ инвестиции во енергетски систем се безмерните милионски "модернизирања" на РЕК Битола (кој и покрај тоа работи лошо и е константно во дефект) и акумулацијата Козјак. Малите хидроцентрали на поточињата од времето на Бучко не произведуваат доволно струја ни за себе. Брда пари одат за увоз на струја. Со кеш се пунат "сеат ибица и кратовчанецот".....и? Тоа е подоброто? Немој те молам. Сериозни луѓе сме. Да не праиме муабет од инает.
Јас не сум дел од Левица, ама ете идеолошки сум наклонет натаму (иако идеологија е апсурд во оваа држава). Не ми се допаѓа овој начин на зборење "ќе ова, ќе она". Ако си приметил, во ист манир зборат вмороните за владава сега.
Да, неискусни се, млади. Истото го зборам. Се очекува слично да пројдат заради неуспехот на Ципрас на пример, ама дека би дошло добро и поволно за државава нешто од тоа што бараат - не се сомневам. Тотална моќ се знае дека не ни можат да имаат, ама во моментов мислам дека згрешија што не се дел од власта, повеќе заради коректив.
Каков им е бекграундот - подобро таков него 27-те миљони на Анѓушев заработени у последниве 10 години.
Седни, размисли.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
И ова е идеализирање и генерализирање.
Не си сериозен за струјава? Единствени пост-СФРЈ инвестиции во енергетски систем се безмерните милионски "модернизирања" на РЕК Битола (кој и покрај тоа работи лошо и е константно во дефект) и акумулацијата Козјак. Малите хидроцентрали на поточињата од времето на Бучко не произведуваат доволно струја ни за себе. Брда пари одат за увоз на струја. Со кеш се пунат "сеат ибица и кратовчанецот".....и? Тоа е подоброто? Немој те молам. Сериозни луѓе сме. Да не праиме муабет од инает.
производсвото на струја (рек) е во државни раце. Пренос на струја е приватизиран.[DOUBLEPOST=1500501689][/DOUBLEPOST]
Каков им е бекграундот - подобро таков него 27-те миљони на Анѓушев заработени у последниве 10 години.
Седни, размисли.
како ги заработи анѓушев милионите?
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
@Klin[/USER] јас ти реков дека идеолошки со нив сум близок, но не ми се допаѓа начинот на делување. Во ред е пленарниот, линеарен систем, ама во различни сфери од политичкото дејствување мора да изберат соодветни луѓе.
Знаеш каде треба да е нивниот reach? Меѓу оние што копаат ниви, оние што висат на скелиња, оние што се потат на шивачка машина....на фејсбук може да ги лајкнала бИјонС пошо и се видело дека е coool и дека некој тип шо го follow-а нив ги лајкувал на ѓутуре (која реченица ја состаив). Они таму не ни припарија, за жал.
Една апстрактна споредба на Достоинство и Левица, доколку Стојанче прифатеше лукративните понуди кои ги имаше и одеше со ДПМНЕ, ќе се офајдеше тој и мала група околу него, едно големо ништо во суштина. Тоа и беше целта. Истото сака некој да го постигне со Левица. Сепак со речиси никаква кампања и средства постигна добра бројка.
Иако Левица нема лик кој ќе му парира на Столе, сепак може ако се стимулирани да направат нешто.
Од друга страна СДСМ со транзицијата се етаблира како анти работничка партија, уште потрагично е што со прст не мрда барем декларативно да ја поправи таа перцепција, не камоли нешто суштински, иако се што произлезе од таа транзиција е алката што ги поврзува со ДПМНЕ.
Грешиш само за земјоделците, ДПМНЕ се етаблира таму со купишта поволности и истурени пари, иако добар дел служеа за финасирање на партиски активисти, корупција и што не, за да му парира некој таму треба многу добро да осмисли како и пред се кој ќе биде фронтмен на таа политика, како стојат работите земјоделците ќе бидат трн во око на новата Влада.
Затоа напишав синдикатите пред се да бидат цел на Левица, и делумно граѓанскиот сектор, земјоделците не им се на дофат засега.
Е сеа треба да размислат што конкретно сакаат да постигнат, ако веќе остануваат на политичката сцена.

работниците си имаа права до 91ва, и плати и работно време и додатоци за прекувремени и боледувања и К15 и 13 плата и одморалишта со поволни услови за престој, и платени превози и исхрана и синдикални пакети 1-2 пати во годината бесплатно здравство и школство....
И рекоа дека тој систем не чини оти е тоа еднопартиски социјалистички систем кој не му дава можности на приватното и на бизнисот и масовно излегоа да гласаат за капитализам
Така да ако еден ден решат дека капитализмот не чини, можат пак да излезат и масовно да гласаат за враќање на старите патишта на другарите Тито, Едвард Кардељ, Колишевски и Сава Ковачевиќ.[DOUBLEPOST=1500494488][/DOUBLEPOST]
Па марксизам се спроведуваше во ссср, социјалистички земји како бугарија, полска чехословачка, романија, унгарија, литванија летонија естонија југославија албанија....
и сегде народот стана и го урна тој систем како лош. Остана уште во северна кореја и куба да се спроведува.
Така да реално, марксизмот убо изгледа на папиру али во пракса се покажа катастрофа
Смешна ти е таа некоја теза која сакаш да ја наметнеш дека Левица се залага за социјализам и враќање на еднопартиски систем, Југославија и слично, понатаму мешаш поими, работнички права не е исто со животен стандард и нето плата од 500евра.
Едно е да бараш да се обезбеди соодветно здравствено, пензинско осигурување, соодветни работни часови, хранарина патни трошоци и сл, кој ти бара назад социјалзиам не знам?
Макар се што си напишал го има во Скандинавските земји да речеме, а нема еднопартиски систем, земи инфо дека во Грција имаш активна и парламентарна од падот на хунтата Комунистичка партија на Грција, членка и на НАТО и ЕУ земја, иако како таква партијата има доста поригидни ставови од Левица?!
Тоа дека Евроатлантска перспектива не дозволува ништо друго освен неолиберализам кој и да го продава не држи, ти кажав примери погоре.
Шо мешаш Југославија, СКМ и Левица не ми е јасно.
Командант Тричкови пред некоја година имаше писание, како се именуваш, што промовираш и за што се залагаш треба да создава синергија, не спротивното.
И сеа шо има спорно кај дечките од Левица, ако имаш ККЕ во Грција, Скандинавски социјализам и сето тоа во Евроатлантско друштво, освен фактот што малку им мрси математики?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.374
Поени од реакции
35.023
Некои работи изгледа дека не ги разбираш баш. Претседателот на државата нема никаква улога во законодавната власт, за да би го менувале уставот. Плус, устав не се менува како „закончиња“. Башка што начелно треба да има поширок консензус за менување на устав, дури и некој да има 2/3 мнозинство во Собранието.
Kaжи, а се обидоа ли дпмне да го сменат уставот?
Па ете другите нека одбијат, дпмне алиби ќе имаа. Но не, не се обидоа да го сменат уставот напишан од сдс (напишан намерно за злоупотреба да е можна). Не се обидоа да го сменат уставот, од истите причини заради кои сдс така го напиша: им одговара можноста за злоупотреба.

Останува фактот дека и сдс и дпмне предизборно се жалат на се и сешто, и ветуваат се и сешто - но потоа се се менува кога ќе дојдат на власт. Затоа предвидувам дека и сдс сега нема ни да се обидат да го сменат уставот, иако толку кењаа за злоупотреба на истиот од страна на Претседателот. Ќе имаат тие „нивни“ претседател на следните избори (или така барем планираат).

Не е така за победникот. Села не е победник. Со 3 пратеници. Ниту ми кажа кој е победник во 1990 г. Затоа што така не се гледа. Може и да не се формира влада.
Не бе Ѓорѓи... Како да објаснам поубаво, ај вака:
- Села не е победник, Села е алатка на победникот. Заеб, исто така. Аљи, и тој... Значи ако дпмне не е победник, а не се ни Заеб со Шошоните (освен фигуративно)... Тогаш кој е победникот?
Кој е мајсторот што ги користи алатките? Кој е победникот тука? А??
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
производсвото на струја (рек) е во државни раце. Пренос на струја е приватизиран.[DOUBLEPOST=1500501689][/DOUBLEPOST]
како ги заработи анѓушев милионите?
хах, јако државно, ако најголем распишувач на тендери во државава е токму Елем. Сите пари по тој основ одат у прецизно селектиран приватен сектор.
Анѓушев ги натепа парите на увоз на струја. Истиот е странски играч и се збори дека дури и см се обидел да го превземе, познавајќи ја доходовноста на бизнисот, ама бил "предупреден" да не помислува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom