Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Да имаш различно мислење и да сакаш да го смениш Грујо е ко да го спомнеш Voldermort у Hogwarts. Не дека верувам у искрените намери на овие реформаториве (на вмровец више никад неможеш да веруваш) али чисто како им ебаваат мајка овие што малце се офајдиле од Фамилијата. Уосталом се знаат што шлајм од партија се и дека се преваранти, калкуланти, лопови и криминалци па сеа си вадат прљав веш.

Грујо од таа партија може да со отиде со нозете напред. Никој не го мења додека е жив. Мислам дека нејќе ни позадински човек да биде. Зашто е тоа така, си има психијатри. А и за овие Ѓоковциве Роковциве Бијонсиња има психијатар што ќе им определи дијагноза.
А про по
http://fokus.mk/foto-gruevski-svrte-oro-i-na-komitska-vecher-vo-gazi-baba-drushtvo-mu-praveshe-i-mitko-chavkov/

Член од
24 април 2008
Мислења
11.086
Поени од реакции
12.640
Ако не ти пречи, јас би искоментирал нешто околу информатиката во основните училишта. Секако дека е тоа движечка наука во денешницата и дека мора да се учи што повеќе. Но, не може да се учи на класичен начин. Не може да се купат компјутери и да се наложи да се изучува. Ворд, ексел, yahoo... и слични работи денешните деца ги имаат од мали „во малиот прст“. Се создава хаос на часовите, учениците се затскриени зад мониторите, прават „смешки“ од часот... Мислам дека подобро би било кога повеќе теоретски би учеле што е бит, што е меморија, што е хард диск, РАМ, РОМ... како се прикажуваат податоците, што е 64-битен, што е 32-битен Windows... Друг голем проблем е наставниот кадар. Уште па на Линукс да работат.. 99,99% од луѓето работат на (користат) Windows.. итн... Значи... треба многу поосмислено организирање на оваа настава. Не е само да се купуваат компјутери кои за неколку години ќе бидат за во музеј (заради брзиот развој на оваа техника).

Следно... не знам зошто укинувањето на екстерното тестирање, РДТ, воведување на дневна евтина тарифа се разгледува само од „популистичката“ страна на тоа. И мене супер ми се тие одлуки за мене лично, но мислам дека треба посуштински да се дискутира, тоа не значи да се напаѓа.
На пример, јас 2-3 пати напишав дека постоењето на РДТ е препорака на Европската Комисија, значи, препорака на Европската Унија. Нешто слично и за евтината тарифа на струјата, односно дека се „дозволува“ тоа за социјални случаи и не повеќе од 2 години.
Екстерното тестирање на сите ни беше напор.. се укина.. но останува прашањето, што со појавата да од 25 ученици, 23 се одлични со сите петки. И тоа масовна појава.
Мислам дека треба да се дискутира за двете страни на „медалот“, не значи тоа ниту критика, ниту релативизирање... Тоа го прави еден форум квалитетен, а не „шајки, мајки, сексуални пораки“...
Се согласувам дека не може да се изучува информатиката на класичен начин, токму затоа образовната програма може и треба да се надогради. Ова за деца кои од мали "во малиот прст" знаат Ворд, Ексел и слични софтверски алатки, воопшто не ти држи вода, младите денес знаат да го користат компјутерот исклучиво за Фејсбук, Твитер, Инстаграм и слични идиотизми.

Кога сме кај софтверот, зошто набавиле Линукс ќе ги прашаш тие кои го распишале тендерот, а како што е општо познато, софтверот може во било кој момент да биде сменет, само треба на некој да му текне да набави нов софтвер за компјутерите. Инаку сите компјутери на крајот завршуваат или во музеј или на електронски отпад за 5 до 10 години, ретки се тие кои не очекуваат премногу од компјутерот, па затоа и после 10 години сеуште го користат.

Укинувањето на радиодифузната такса беше изборно ветување на зајко кукурајко и плавите жолтици, и јас чекам да се држат до дадениот збор за да заслужат кренат палец.

Европската Комисија, односно Европската Унија, не ни` е ништо на нас, исто како што и ние не сме им ништо на нив, ако радиодифузната такса е толку добра идеја, тие нека ни` ја плаќаат.

Враќањето на евтината тарифа на струјата исто така беше изборно ветување на зајко кукурајко и плавите жолтици, и за тоа исто така имам резервирано кренат палец за кога ќе ја вратат - за сите граѓани на Македонија, а не само за социјалните случаи.

Екстерното тестирање беше чист идиотизам токму поради тоа што го спомнуваш ти - намалување на просекот во училиштата. Една личност блиска до мене, лично беше опфатена со екстерното тестирање пред некоја година во една скопска гимназија, каде што учениците со недели се подготвуваа за екстерно тестирање по историја кога им велеа дека прашањата ќе бидат за НОБ, ПОМ, АСНОМ и АВНОЈ, за на крајот над 50% од прашањата на тестот да бидат за рамковнистичката историја на нашиот западен сосед и прашања за рамковнистичката литература на нашиот западен сосед - кој ја напишал не знам која рамковнистичка книга и кога истата била објавена.

Бидејќи екстерниот тест беше со цел намалување на просекот на учениците, учениците возвратија подеднакво подмолно - со телефоните во рацете, вклучен Интернет, па можеш да претпоставиш што беше понатаму за успешно да го решат тестот.

Екстерното тестирање со право требаше да се укине и еве кренат палец за зајко кукурајко и плавите жолтици за тоа остварено ветување. (y)
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Победник е тој кој составува влада. Се друго е небитно.

А кога понатаму дпмне имаа и мнозинство и претседател на власт... Дали ги поправија недоследностите во уставот, за да е 100% јасно како и на кој се дава мандат за составување влада, м’хмм?
Не е така за победникот. Села не е победник. Со 3 пратеници. Ниту ми кажа кој е победник во 1990 г. Затоа што така не се гледа. Може и да не се формира влада.
Некои работи изгледа дека не ги разбираш баш. Претседателот на државата нема никаква улога во законодавната власт, за да би го менувале уставот. Плус, устав не се менува како „закончиња“. Башка што начелно треба да има поширок консензус за менување на устав, дури и некој да има 2/3 мнозинство во Собранието.[DOUBLEPOST=1500376259][/DOUBLEPOST]
А бе, имавме ваква ситуација неодамна. Ѓорѓе го амнестираше цело ДПМНЕ и не можевме глава да кренеме од протести поради амнестијата и ја повлече на крајот. Имаше и избори на крајот и победничката ДПМНЕ замина во опозиција.

Не знам што да ти кажам, освен да почнеш да се навикнуваш да си ги гледаш Грујо, Сашко, Гордана, Миле и другите по судници и затвори. Ќе нема алтернативен епилог сутиацијава.
Мене ништо не ме „тангира“ од напишаново, не ми се никакви роднини, ниту блиски посочениве. Јас само дадов предлог кој еднаш „успешно“ се применил.
А изборите бадијала се одржаа, само пари што потрошивме. СДСМ и без избори можеше да го донесат на власт, со прегрупирање на мнозинството, слично како сега.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Кога ќе почне да се санкционира намерно или ненамерно инфантилно однесување? Џорџе и неговите теории за „мнозинство“....теле да беше ќе сконташе до сега.
 
S

silmarillion

Гостин
Дајте локација сите да отидеме!

Можда не ме одбраа за Реал Јунајтед, али втор ваков мега настан не пропуштам!
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.086
Поени од реакции
12.640
Па добро, лифтот барем ќе биде користен од страна на станарите, за разлика од фонтаните со црвените ленти :pos: , кои не се баш секогаш во доволна близина за жителите да се оладат и освежат.

Туку чекај, можеби наредната свеченост ќе биде по повод менување на сијалиците во ходниците, или по повод пуштање во употреба на нова влезна врата. :tapp:

Овие навистина губат секаква врска со реалноста, мислам дека нема доволно жолти комбиња за сите нив.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Се согласувам дека не може да се изучува информатиката на класичен начин, токму затоа образовната програма може и треба да се надогради. Ова за деца кои од мали "во малиот прст" знаат Ворд, Ексел и слични софтверски алатки, воопшто не ти држи вода, младите денес знаат да го користат компјутерот исклучиво за Фејсбук, Твитер, Инстаграм и слични идиотизми.

Кога сме кај софтверот, зошто набавиле Линукс ќе ги прашаш тие кои го распишале тендерот, а како што е општо познато, софтверот може во било кој момент да биде сменет, само треба на некој да му текне да набави нов софтвер за компјутерите. Инаку сите компјутери на крајот завршуваат или во музеј или на електронски отпад за 5 до 10 години, ретки се тие кои не очекуваат премногу од компјутерот, па затоа и после 10 години сеуште го користат.

Укинувањето на радиодифузната такса беше изборно ветување на зајко кукурајко и плавите жолтици, и јас чекам да се држат до дадениот збор за да заслужат кренат палец.

Европската Комисија, односно Европската Унија, не ни` е ништо на нас, исто како што и ние не сме им ништо на нив, ако радиодифузната такса е толку добра идеја, тие нека ни` ја плаќаат.

Враќањето на евтината тарифа на струјата исто така беше изборно ветување на зајко кукурајко и плавите жолтици, и за тоа исто така имам резервирано кренат палец за кога ќе ја вратат - за сите граѓани на Македонија, а не само за социјалните случаи.

Екстерното тестирање беше чист идиотизам токму поради тоа што го спомнуваш ти - намалување на просекот во училиштата. Една личност блиска до мене, лично беше опфатена со екстерното тестирање пред некоја година во една скопска гимназија, каде што учениците со недели се подготвуваа за екстерно тестирање по историја кога им велеа дека прашањата ќе бидат за НОБ, ПОМ, АСНОМ и АВНОЈ, за на крајот над 50% од прашањата на тестот да бидат за рамковнистичката историја на нашиот западен сосед и прашања за рамковнистичката литература на нашиот западен сосед - кој ја напишал не знам која рамковнистичка книга и кога истата била објавена.

Бидејќи екстерниот тест беше со цел намалување на просекот на учениците, учениците возвратија подеднакво подмолно - со телефоните во рацете, вклучен Интернет, па можеш да претпоставиш што беше понатаму за успешно да го решат тестот.

Екстерното тестирање со право требаше да се укине и еве кренат палец за зајко кукурајко и плавите жолтици за тоа остварено ветување. (y)
Очекував поквалитетни одговори. Искрено. ОК, екстерното како замисла нека е лоша работа.. но што ќе правиме со нереалните оцени? Тоа треба да се одговори. РДТ се вети и може ќе се укине, но нели се стремиме кон ЕУ, па согласно тоа треба и да ги следиме нивните (законски) препораки. Не е ли тоа скршнување од тој пат? Секако, не е тоа кој знае што, но.. сепак. Слично и за струјата. Ти ги гледаш само како ветувања, но очекував дека ќе продискутираш и за другата страна на нештото, не во стилот „тие нека ни ја плаќаат РДТ“. Сигурен сум дека тие 190 денари не ти го менуваат животот ни 1 промил.
Значи, со право (или не) нека се укине што ќе се укине, но што со алтернативите? Лесно е да укинеш, ама тоа не е водење на држава. Знаеш ли која е целта на препораката на ЕК за постоење на РДТ? Целта е да се намали политичкото влијание на власта врз јавниот сервис. Односно, да постои одреден стабилен буџет за истиот. Ако се укине РДТ, тогаш пари за јавниот сервис ќе се обезбедуваат од буџетот на државата. А таа ставка ќе се определува околу нова година, кога ќе се дефинира државниот буџет. Па власта (хипотетички) ќе ја има „моќта“ да даде помалку или повеќе пари за јавниот сервис. Затоа, препораката на ЕК (ЕУ) е да има РДТ. Очекував околу ова да продискутираш, не „да ни ја плаќаат тие“. Во секој случај НИЕ (ќе) го плаќаме јавниот сервис.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.882
Поени од реакции
36.934
А лентата ќе ја сече пред лифтот или ќе се извози до горе и таму ќе има лента за сечење?

Да знам кифличките кај да ги наместам.
 
Во последната реченица кажа се` како што е.

Токму бидејќи ние го плаќаме и ќе продолжиме да го плаќаме јавниот сервис, потребна е негова приватизација и ајде здраво и со него и со радиодифузната такса.

Од МРТВа не сме виделе ништо асално повеќе од 20 години, можеби со исклучок на Касандра - која е венецуелски, а не македонски телевизиски производ, како и некои други слични латиноамерикански телевизиски производи.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
А лентата ќе ја сече пред лифтот или ќе се извози до горе и таму ќе има лента за сечење?

Да знам кифличките кај да ги наместам.
Сам ќе си ги јадеш. Ивентот се одржал вчера.
КАРПОШАНИ :facepalm: веќе го користат својот лифт.

Додека Илон Маск праи планови за reusable ракета за патување до Марс, подржикоњот свршава на изум од пред два века и организира прослави.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ова би требало да е зградана кај Некстсенс, нека ме поправи некој, имам влезено еднаш, два пати и памтам вака дека беше ентериерот, сега дали има повеќе такви ентериери на Партизанска.. :D
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Ова би требало да е зградана кај Некстсенс, нека ме поправи некој, имам влезено еднаш, два пати и памтам вака дека беше ентериерот, сега дали има повеќе такви ентериери на Партизанска.. :D
Мене ми личи дека е спроти Алуминка. Такви згради има на потегот од ГУЦ до скоро до Нерези.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Мене ми личи дека е спроти Алуминка. Такви згради има на потегот од ГУЦ до скоро до Нерези.
Има многу членови на форумов, некој сто посто живее тука па ќе ни даде апдејт, само уште не е логиран, заглавил вчера со кифлиците и степ дринкот :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom