Се согласувам дека не може да се изучува информатиката на класичен начин, токму затоа образовната програма може и треба да се надогради. Ова за деца кои од мали "во малиот прст" знаат Ворд, Ексел и слични софтверски алатки, воопшто не ти држи вода, младите денес знаат да го користат компјутерот исклучиво за Фејсбук, Твитер, Инстаграм и слични идиотизми.
Кога сме кај софтверот, зошто набавиле Линукс ќе ги прашаш тие кои го распишале тендерот, а како што е општо познато, софтверот може во било кој момент да биде сменет, само треба на некој да му текне да набави нов софтвер за компјутерите. Инаку сите компјутери на крајот завршуваат или во музеј или на електронски отпад за 5 до 10 години, ретки се тие кои не очекуваат премногу од компјутерот, па затоа и после 10 години сеуште го користат.
Укинувањето на радиодифузната такса беше изборно ветување на зајко кукурајко и плавите жолтици, и јас чекам да се држат до дадениот збор за да заслужат кренат палец.
Европската Комисија, односно Европската Унија, не ни` е ништо на нас, исто како што и ние не сме им ништо на нив, ако радиодифузната такса е толку добра идеја, тие нека ни` ја плаќаат.
Враќањето на евтината тарифа на струјата исто така беше изборно ветување на зајко кукурајко и плавите жолтици, и за тоа исто така имам резервирано кренат палец за кога ќе ја вратат - за сите граѓани на Македонија, а не само за социјалните случаи.
Екстерното тестирање беше чист идиотизам токму поради тоа што го спомнуваш ти - намалување на просекот во училиштата. Една личност блиска до мене, лично беше опфатена со екстерното тестирање пред некоја година во една скопска гимназија, каде што учениците со недели се подготвуваа за екстерно тестирање по историја кога им велеа дека прашањата ќе бидат за НОБ, ПОМ, АСНОМ и АВНОЈ, за на крајот над 50% од прашањата на тестот да бидат за рамковнистичката историја на нашиот западен сосед и прашања за рамковнистичката литература на нашиот западен сосед - кој ја напишал не знам која рамковнистичка книга и кога истата била објавена.
Бидејќи екстерниот тест беше со цел намалување на просекот на учениците, учениците возвратија подеднакво подмолно - со телефоните во рацете, вклучен Интернет, па можеш да претпоставиш што беше понатаму за успешно да го решат тестот.
Екстерното тестирање со право требаше да се укине и еве кренат палец за зајко кукурајко и плавите жолтици за тоа остварено ветување.