Убаво се тоа ама ај појасни како ќе ги примамиш Ди Мариа и Видал да дојдат во моменталниов Интер. Само со плата? Еве ти уште еден хипотетички пример со друг клуб кој те пресретнува во идејата да го потпишеш Санчез (пример Јувентус) и му нуди идентични услови плус место во екипа што ќе игра во ЛШ оваа година. И ти го лапнуваат пред нос.Прво, не смеам да очекувам да се разбереме кога не ме цитираш.
Али ќе продолжам со дискусија.
Примеров твој, вака со сите овие хипотези и претпоставки држи место да, не во реални услови не. Зошто? Затоа што еве пример Перишич си оди, Кондо можда и тој, кој би се бунел на тројно поголемата плата на соиграчот кој е трипати подобар од сите други во тимот.
Па види еве прв тим од (еве на пример до пред некоја година) ПСЖ, колку земаше плата ибра колку последнорангираниот...
Ако некој мисли дека баш тој заслужува висока плата, бујрум, направи драстична разлика, биди моторот, али се' досега што имаме изгледа као да им треба "месија" меѓу нив.
Не знам точно која цифра ја имаме на располагање за трошење моментално, но доколку тоа е пр. до 100, секако можеме да направине нешто.
А кога сме кај Икарди, не сме приморани да му бараме конкуренција која би го принудила на реакции кои ти ги спомена, туку фидер, фудбалер кој ќе го храни, фудбалер кој ќе ора и ќе гради игра.
Мое гледиште!
Реалноста е дека не сме атрактивен тим за носење на ѕвезди. Незначи дека можеби нема да договорат некој класа играч до крај на преоден рок, само тој процес ќе биде скап и долготраен.
Тоа ми е поентата што толку лесно поминува покрај тебе. Ѕвезди сите сакаме да донесат ама не се носат лесно. Битно не се пропушта прилика да се плука по управата која е нецела година тука и која наследи еден просечен играчки кадар и празна каса.