Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Каква врска има тој што лежи за тегла ајвар со олигарските или пак со целиот муабет
Сака да ти ги покаже двојните стандарди, иронијата во предизборните приказни за борењето против криминалот и корупцијата... На крај и ниските очекувања и краткото памтење на сите што се пенавеа од возбуда дека работите ќе се средат после избори, и тогаш и сега без сеуште да разберат дека ниедна власт нема да работи како што треба без критичка свест на гласачите (ако и тогаш).[DOUBLEPOST=1500194946][/DOUBLEPOST]
Фатете некој од минатата власт и казнете го за да си поднесе одговорност и да врати тоа што го украл.
Вака само филмови си прават.
Да бе, па после да не можат да крадат зошто по некои следни избори и нив ќе ги судат за истото - кога пак се „сврти тркалото“. Имаат тие џентламенски договор (само скенот нема да го покажат овде). ;)
Овој народ изгледа никогаш нема да научи... :(
 
Последно уредено:
Тешко да ги вратат парите, онака судски, ама може со индиректен начин да ги изгубат, ко на пример конкуренција и на здрав начин нивните пари да завршат во економија.
Ако се направи судска постапка, ќе завршат во буџетот и никому ништо. Со конкуренција ќе се развие економијата и ќе порасни стандардот
незаконски стекнат имот многу лесно се одзема, за секој имот за кој нема покритие - доказ дека е стекнат легално, треба да се заплени.
 
незаконски стекнат имот многу лесно се одзема, за секој имот за кој нема покритие - доказ дека е стекнат легално, треба да се заплени.
Тие закони важат само за обичните смртници :D
 
Тие закони важат само за обичните смртници :D
сите сме смртници, а законот важи онолку колку е здрава државата. Треба да се отстранат оние кои се пречка во спроведувањето на закон.
 
сите сме смртници, а законот важи онолку колку е здрава државата. Треба да се отстранат оние кои се пречка во спроведувањето на закон.

Мислиш треба да се отстранат сите пратеници и сите инсталации во државните институции на позиција/опозиција?

Btw, ова не е држава...
 
Мислиш треба да се отстранат сите пратеници и сите инсталации во државните институции на позиција/опозиција?

Btw, ова не е држава...
секој кој прави пречка или го урива правниот систем во државата без оглед чиј син е кој му е шеф
 
секој кој прави пречка или го урива правниот систем во државата без оглед чиј син е кој му е шеф

Се е тоа убаво што велиш, ама и сам знаеш дека тоа никогаш нема да се случи...
Зарем сами ќе се отстранат?
 
Се е тоа убаво што велиш, ама и сам знаеш дека тоа никогаш нема да се случи...
Зарем сами ќе се отстранат?
многу си тажен и депресивен.
женските не сакаат такви момчиња
 
Каква врска има тој што лежи за тегла ајвар со олигарските или пак со целиот муабет
Тoј лежи зaтвoр зa теглa aјвaр a oвие укрaле милјoни и ти викaш дa не им се зaплени имoтoт и пaрите
 
многу си тажен и депресивен.
женските не сакаат такви момчиња

Има разлика помеѓу фантазирање и реалност...
За тебе оваа реалност е тажна и депресивна?
 
Има разлика помеѓу фантазирање и реалност...
За тебе оваа реалност е тажна и депресивна?
реалноста до пред некој месец додека Македонија не се ослободи беше трагична.
сега почнува период на изградба на правно демократско општество.
 
незаконски стекнат имот многу лесно се одзема, за секој имот за кој нема покритие - доказ дека е стекнат легално, треба да се заплени.
Еве да се заплени ?
Што имаме ние како граѓани ќар од тоа ?
Имотот што го имаат ќе биде дел од еден годишен буџет и толку се потрошиле парите.
Многу подобар пристап е конкуренција, да се бори да троши пари, да качува плати.
На пример, многу е лесно на орце камчев да му го собереш имотот, но многу подобро е конкуренција, па да почне да зголемува плати, па да почне да се рекламира, да троши повеќе пари, многу повеќе луѓето во македонија ќе добијат на тој начин отколку земи му го имотот.
 
Не се сложувам.
Мислам дека немате претстава колку е украдено и пропорционално на тоа колку е реинвестирано овде. Тоа сељачиште орце има 98% изнесено од овде и за каква конкуренција би збореле, покачувања плати - тоа е мисловна именка. Едноставно му е полесно да живее од камати на тие пари, наместо да ги инвестира во земјава каде што може да ги изгуби заради икс причини. Плус и тоа со закон или било кој друг правен механизам не може да се регулира висина на плати - тоа е оставено на волјата на „бизнисмените“. Толку се разбираат и од бизнис и од растење на фирма.
Пари мора да се запленат инаку џабе срљаме овде.
Да не зборам какви долгови треба да се враќаат кон банки, какви камати на долгови. Така да тоа „запленување“ не е погрешно е да се гледа како „ќар“, затоа што наспроти огромните провизии што ги имаат земено лично (еве ќе земам пример за автопатите), потпишани се договори се супер-неповолни (за државава) камати, кои ретко кој ги потпишува на друго место на планетава, затоа што би бил обесен на плоштад од сопствениот народ за таков грабеж. Кога се во прашање кинези, мислам дека кај ЕУ би имало интерес да се решат овие прашања (условно) во корист на народот, т.е да не се користат кредити со мали камати од нив за да се сервисираат долгови кон нив. Светска банка дури и реагираше дека државава подигнува кредити за патишта кои би биле тотално нерентабилни како автопатот кон Охрид или Штип, затоа што со тој интензитет на сообраќај би се отплатувале (да не претерувам) со стотици години.
Не е проблемот само во просто пикање пари у џеб, туку и во неодговорно работење со инвестиции кои не враќаат пари. Такви г***а ни остаи оној што бара 20 мајмуни да го чуваат и добро знае зошто.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom