Еве да се заплени ?
Што имаме ние како граѓани ќар од тоа ?
Имотот што го имаат ќе биде дел од еден годишен буџет и толку се потрошиле парите.
Многу подобар пристап е конкуренција, да се бори да троши пари, да качува плати.
На пример, многу е лесно на орце камчев да му го собереш имотот, но многу подобро е конкуренција, па да почне да зголемува плати, па да почне да се рекламира, да троши повеќе пари, многу повеќе луѓето во македонија ќе добијат на тој начин отколку земи му го имотот.
Не се сложувам.
Мислам дека немате претстава колку е украдено и пропорционално на тоа колку е реинвестирано овде. Тоа сељачиште орце има 98% изнесено од овде и за каква конкуренција би збореле, покачувања плати - тоа е мисловна именка. Едноставно му е полесно да живее од камати на тие пари, наместо да ги инвестира во земјава каде што може да ги изгуби заради икс причини. Плус и тоа со закон или било кој друг правен механизам не може да се регулира висина на плати - тоа е оставено на волјата на „бизнисмените“. Толку се разбираат и од бизнис и од растење на фирма.
Пари мора да се запленат инаку џабе срљаме овде.
Да не зборам какви долгови треба да се враќаат кон банки, какви камати на долгови. Така да тоа „запленување“ не е погрешно е да се гледа како „ќар“, затоа што наспроти огромните провизии што ги имаат земено лично (еве ќе земам пример за автопатите), потпишани се договори се супер-неповолни (за државава) камати, кои ретко кој ги потпишува на друго место на планетава, затоа што би бил обесен на плоштад од сопствениот народ за таков грабеж. Кога се во прашање кинези, мислам дека кај ЕУ би имало интерес да се решат овие прашања (условно) во корист на народот, т.е да не се користат кредити со мали камати од нив за да се сервисираат долгови кон нив. Светска банка дури и реагираше дека државава подигнува кредити за патишта кои би биле тотално нерентабилни како автопатот кон Охрид или Штип, затоа што со тој интензитет на сообраќај би се отплатувале (да не претерувам) со стотици години.
Не е проблемот само во просто пикање пари у џеб, туку и во неодговорно работење со инвестиции кои не враќаат пари. Такви г***а ни остаи оној што бара 20 мајмуни да го чуваат и добро знае зошто.