Е па тоа е поентата на анкетата која ја предложив, тие кои на твоите коментари ќе реплицираат со навредливи етикетирања да бидат банирани, а истото да важи и за тебе кога ќе му лепиш партиска или било каква навредлива етикета на некој кој не го дели твоето мислење, и се разбира, истото да важи и за мене, како и за сите кои коментираат на оваа тема на форумов.
Можеш да кажеш политички заслепените и политички оглувените, а да кажеш слепите и глувите е навреда кон луѓето со оштетен вид или слух, или без вид или слух, бидејќи не можеш да кажеш дека сите слепи и глуви луѓе кои ја следат темава се глупави или не знаат дека пастирот и пвеводбениците си заминале во историјата.