СИЛНА ПАЈОНСКА ДИНАСТИЈА
Причина за тоа е кремацијата на покојниците, тврдат експертите. При запалувањето, коските се деформираат, па скелетите не може да се измерат и не може да се реконструира физичкиот изглед на човекот.
- За жал, може да се случи антропологијата никогаш да не може да учествува во разрешувањето на загатката на античките Македонци на наша територија. Сепак, треба да се разјаснат неколку работи што во науката се спорни, а денес многу се мешаат. Македонската држава егзистирала само еден век на територијата на денешна Република Македонија. Претходно, тука долги векови постоела пајонската држава. Веднаш по Македонците дошле Римјаните. Денес многу од овие термини не се разграничуваат. До неодамна, Македонија воопшто не се спомнуваше. Зборувавме само за Пајоните, кои се доминантно палеобалканско население на Република Македонија. Тие имале силна држава, династии, свои кралеви и монети - објаснува Велјановска.Последните векови од старата ера биле многу бурни, имало политички, културни и културолошки промени. Основното прашање за антропологијата е: што се случувало со населението и дали е сменето?
Според Велјановска, Пајоните се добро антрополошки документирани преку некрополите од Средно Повардарие. Тие биле високи луѓе
со кратки черепи и значително се разликувале од другите палеобалкански групи - Илири, Тракијци и Хелени. Тоа се клучни векови за Македонците. Но, поради кремирањето и малкуте инхумирани скелети, нема доволно материјал да се следи процесот. Имаме темна точка, празнина во нишката - вели таа.Римското време и средниот век се многу добро антрополошки документирани и истражени преку повеќе илјади скелети. Времето на Рим ни е познато преку некрополите во Стоби и Скупи, а во последно време и преку наоди од повеќе локалитети во Охрид.
- Во римско време веќе има промена на населението, но не било подеднакво на целата територија на денешна Република Македонија. Во срцето на Македонија, од Стоби до Гевгелија, се' уште егзистирало население со исти
краткоглави карактеристики како што имало палеоблаканското население. На периферијата на земјата, во североисточниот дел, кон Куманово до Крива Паланка и кон југозапад, има мешано население. Тука има поголем наплив на ново население, веројатно како резултат на римската колонизација - раскажува Велјановска.