Апликација и златници со ликовите не Посејдон, Александар и Филип
Златни предмети кои датираат од пред речиси два и пол милениума, меѓу кои се и две златести монети со ликовите на Филип Втори и Александар Трети Македонски се најновите пронајдоци кои ги презентираше директорот на Управата за заштита на спомениците на културата, Паско Кузман.
Меѓу пронајдените предмети се и златната апликација со ликот на Посејдон, ситни копчиња од малависки тип со ѕвездести испапчувања, стотина алки, како и многу лисести висулци за ѓердан. Вкупната тежина на пронајдените предмети е околу 700 грама злато, но многу побитна, според Кузман е нивната специфична и исклучителна историска вредност.
"Овие пронајдоци уште еднаш го потврдуваат историскиот континуитет на наша почва, бидејќи во светски размери е повеќе од вредно да се пронајдат и поседуваат артефакти
кои датираат од периодот, 4 века пред Христа" - рече Кузман.
Овие вредни артефакти се пројадени кај селото Тремник, Неготинско (на 5 километри јужно од градот), што говори за уште едно вредно археолошко наоѓалиште. Пронајдените предмети во моментов се конзервираат, а потоа ќе бидат предадени на чување во музејот во Неготино, кој со пари од Министерството, но и странски донации се гради и дотерува.
- Морам да истакнам дека имавме одлична соработка со граѓаните кои пронајдоците веднаш ги пријавија во надлежната институција, при тоа не барајќи ниту денар надоместок. Ваквиот факт е уште повреден ако се знае какви се проблеми ние како археолози имаме со дивите копачи. – додаде Кузман.
http://www.australianmacedonianweekly.com/edition/1037_19082008/131_nasledstvo_k.html