Во дијаспората имаш секакви луѓе и мислења, од лично искуство не би рекол дека сите биле за ВМРО, тоа е паушална теза. Факт е само, дека ВМРО-ДПМНЕ како партија поорганизирана е во дијаспората и барем декларативно се грижи за дијаспората а СДСМ досега ни тоа не го правеше. Нормално дека тоа има ефект. Остај тие фејзбуци и разни коментари, тоа се поединечни мислења а имаш и нормални покрај нив. Истото го имаш и ко ќе коментираат од Македонија луѓе.
Факт е исто, дека во дијаспората никој не зависит од партиите во Македонија, на крај во глобала послободни се во мислењата. И уште еден факт: Дијаспората нема толкава сила да врши притисок врз некого во Македонија, како? Никаква моќ нема дијаспората ни е некој фактор, матичната држава едноставно не се грижи за нив. Ако сум добронамерен ќе речам ок, не може ни за нецел 2милионски народ да се грижи дома камоли за дијаспората. Али на крај испаѓа дека секоја партија во Македонија бега од тоа да и даде на дијаспората повеќе моќ знаеќи, дека не можа да ја контролира.
Пак ќе речам недокажана теза е дека цела дијаспора била за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Никој не го спречува Заев и СДСМ активно да пристапат кон дијаспората.
Малце е и жалосно сликата што сеуште се има за дијаспората. Тие што ги мислат неписмени и не знам што од правата генерација сега се пензионери. Втората и третата генерација Македонци во дијаспората како група е и пообразована и со повеќе потенцијал него таа во Македонија и овде нормално ги вклучувам новите дијаспорци, професионалци и студенти кои заминаа тазе од Македонија. Македонија како држава може само да добие од оваа група односно од поединци од неа. Ама не е во интерес на матичните партии.
Делумно се согласувам, поради тоа што имам пријатели и роднини кои се дел од таа дијаспора. Не е никогаш добро да се генерализира, ама начелно мислам дека пресудно е кој кога е отиден од овде и на каква социјална структура припаѓал тука. Ако е после 90-ти, кога државава на големо се гледаше дека има расклатени, нефункционални институции, тогаш најчесто се незаинтересирани за македонска политика и не верувам дека воопшто гласале кога им беше овозможено. Тие се луѓе што знаат дека не вреди замарање за туѓи лични интереси и дека на политичариве не им чуе за државава.
Оние постарите, од време на СФРЈ, тие уште имаат некоја перцепција дека институциите делуваат некако, посебно репресивните као суд, полиција и дека со сите "непријатели" на земјава добро е да се игра "на нож", без притоа да увидат дека ниту државава има политичка, воена моќ, доволно население за да биде таков фактор. Нив ги лови дпне на сентимент и лажен патриотизам, со целата таа фејк иконографија и флоскули "ќе идеме на Солун", "Мртов Ш..." итн. Овие, за разлика од помладиве, ги чини претежно работничко население, кое често нема ни време подлабоко да навлезе у политикава, а и да има, сепак припаѓа на ниски интелектуални слоеви кои често ја промашуваат суштината. Сдс нема што да бара кај нив.
Оваа последнава "гарнитура" што ја напушти земјава, за несреќа е пообразувана, но тоа не значи и дека политички е заинтересирана. Во неа добар дел се медицинари, програмери, високообразувани луѓе на кои па дпне не само што не може да им ги продава своите ефтини националистички г***а, туку и тие се главната причина која ги истерало од овде. Така имам впечаток дека пошарена е дијаспората, со тоа, како што викаш, што дпне е поорганизирана (барем до скоро беше) и затоа го спроведе оној криминал со лажните тројца пратеници кои им беа неопходни да менуваат закони, устав од к**ташак.
Ш дијаспората е сосем друга песна. Со тоа што кај неа трендот на растење на "незаинтересираност" за државава е во поголем подем. Истите градат празни куќи со спуштени ролетни покрај пат (за да личи дека ги има), лијат пари за луксузирање на локалниве гниди, ама очигледно е дека се' потешко се мобилизираат за избори и пописи. Жално е што ние тој момент не знаеме да го искористиме.
Не ми се ни дискутира за повисоки форми на делување на дијаспора како лобирања по институции и светски велесили како на пример на вчерашната средба на ЗЗ со некоја австралиска функционерка на која и побарал признавање на државава под уставно име - чие опструирање со години го спроведува силната грчка заедница во Австралија. Како за споредба - ние во таа земја имавме амбасадор педофил и тепачки меѓу владиката петар и инвеститорите во црквите...шта речи, коју послуку порати.[DOUBLEPOST=1499837284][/DOUBLEPOST]
Ц ц ц ц...кој цвикатор си. Мил ти е Платон, ама помило ти е да замараш овде, отколку вистината.
Ако веруваш у тоа што го бамбориш иди до крај, истерај еден бан ко маж, таман да одмориме малку од тебе. Место како лав да се бориш, ти чекаш ко хиена у некој џбун.