Тенкови и тенковски операции во втора светска војна

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа и јас велам, иако америка бркаше бандити и индијанци а русите беа во центарот на збиднувањата со големите сили, русија никогаш не успеа сама да се издигни на повисоко ниво ни на индустрија ни на наука ни на воена техника и стратегија
Сите свои успеси русите ги направија со многукратно повеќе жртви и трошоци од западни земји а во поглед на сопствен развој и напредок зависеа цело време а и се уште зависат од западната наука и техника

Пак баби и жаби, СССР и Црвена Армија vs Царска Русија и Бела Армија, тоа и ден денес трае, опшествена борба и сл, затоа напишав дека САД никогаш не биле монархија, формирани и изградени врз поинакви постулати.
Како ќе споредиш?
Ваква компарација е паушална на темата, и воопшто не само тука, едино споредба тенк со тенк, или доктрина против доктрина.
Ама и тоа е направено, ќе прикачам литература каде се компарирани различни модели на тенкови и тоа е, ме мрзи да навлегвам.

Земи дека пантерот носи слично главно рудие со PzKpfWg 4 75mm Pak, со зголемување на должина во неколку калибри истиот топ добива сосема нови балистички к-ки, замисли посовремена муниција и СУО- систем за управвуање со оган, тогаш тоа било нишанџијата и два окулари на различна стрна од купола кај Пантерот, без жироскопкса стабилизација и сл...друго орудие.
А во суштина не е.
Имаш споредба детална в секој поглед на Т34 со Пантер во прикачена книга, тоа е што може да долови нешто, ама факт е дека немците изгубија иако имаа супериорно вооружување до одреден момент, со модерна доктрина на примена, коцепт на формациска поставеност и што не...

Ромел во писмо на жена му напишал дека во брза оклопна борба во пустината, дури и најбедното парче земја за кое ни најсиромашниот бедуин не би свртил глава, станува вредно да се лее крв...во еден момент.

Тоа што на почетокот на ВСВ бил тенкот, на крајот бил Воздухопловот...сега тенкот со ПО системи модерни пешадиски, не е баш звер, има добри видеа од Сирија, примена на оклоп во урбана асиметрична борба со ГоПро.[DOUBLEPOST=1499809452][/DOUBLEPOST]
Податокот ми е всушност од пдф линк што клин го стави, има таму и монетарни трошоци, во тој случај Пантерот е само дупло поскап, само во војни услови не знам колку тоа значи. Имам видено слични податоци на други места.

Сведени се на еквивалент трошоците за полесна компарација, ако добро се сеќавам, има повеќе изданија со вакви компарации да чепнам во архива само :)
 
Податокот ми е всушност од пдф линк што клин го стави, има таму и монетарни трошоци, во тој случај Пантерот е само дупло поскап, само во војни услови не знам колку тоа значи. Имам видено слични податоци на други места.
Ако читаш само бројки без детални извештаи можеш да добиеш грешна слика, пример, ќе видиш негде податок дека во некоја година се произведени 4000 т34 тенкови, но ако прочиташ сами руски извештаи дека само 10% од Т34 тенкови издржувале пат подолг од 300 километри или дека само при марш на една дивизија на т34 од едно место до друго изгубени се 30% тенкови ради дефекти или дека на секој сат возење правеле пола сат одмор да се изладат моторите или дека број на напуштени т34 на бојно поле од страна на посади поради дефекти бил толку голем да сталин издал наредба посебна за тие посади за строго казнување од страна на воени судови или дека во борбени услови т34 најчесто се движел со 15км/час поради проблеми со менувачот и неможноста возачот да префрли во повисок степен на пренос..... ќе сватиш дека самата бројка на произведено не значи и бројка на квалитетни борбено корисни тенкови[DOUBLEPOST=1499809789][/DOUBLEPOST]
Ромел во писмо на жена му напишал дека во брза оклопна борба во пустината, дури и најбедното парче земја за кое ни најсиромашниот бедуин не би свртил глава, станува вредно да се лее крв...во еден момент.
Ромел не бил ништо посебно како тенковски генерал, тој е само уште еден од митовите на втората светска војна, холивудски херој чија цел била подигање на моралот кај домашната публика
 
Ако читаш само бројки без детални извештаи можеш да добиеш грешна слика, пример, ќе видиш негде податок дека во некоја година се произведени 4000 т34 тенкови, но ако прочиташ сами руски извештаи дека само 10% од Т34 тенкови издржувале пат подолг од 300 километри или дека само при марш на една дивизија на т34 од едно место до друго изгубени се 30% тенкови ради дефекти или дека на секој сат возење правеле пола сат одмор да се изладат моторите или дека број на напуштени т34 на бојно поле од страна на посади поради дефекти бил толку голем да сталин издал наредба посебна за тие посади за строго казнување од страна на воени судови или дека во борбени услови т34 најчесто се движел со 15км/час поради проблеми со менувачот и неможноста возачот да префрли во повисок степен на пренос..... ќе сватиш дека самата бројка на произведено не значи и бројка на квалитетни борбено корисни тенкови

И тоа се само за Руските тенкови, или горе долу важи исто за Германските тенкови, посебно оние произведени во екот на ВСВ?

И Шерманот не бил кој знае колку подобар, разликата е што имаш погонска единица или систем на преносни односи резервен спремен за промена.
American War Machinery :)
 
посебно за руски тенкови. ГЕрманците имаа проблеми со поновите модели кои ги исфрлаа набрзинка али старите панзери работеа многу посигурно и подобро од руските
 
81BnNYjF-%2BL.jpg

M3 Medium vs Panzer III Kasserine Pass 1943

By Gordon lL Rottman
 
Ако читаш само бројки без детални извештаи можеш да добиеш грешна слика, пример, ќе видиш негде податок дека во некоја година се произведени 4000 т34 тенкови, но ако прочиташ сами руски извештаи дека само 10% од Т34 тенкови издржувале пат подолг од 300 километри или дека само при марш на една дивизија на т34 од едно место до друго изгубени се 30% тенкови ради дефекти или дека на секој сат возење правеле пола сат одмор да се изладат моторите или дека број на напуштени т34 на бојно поле од страна на посади поради дефекти бил толку голем да сталин издал наредба посебна за тие посади за строго казнување од страна на воени судови или дека во борбени услови т34 најчесто се движел со 15км/час поради проблеми со менувачот и неможноста возачот да префрли во повисок степен на пренос..... ќе сватиш дека самата бројка на произведено не значи и бројка на квалитетни борбено корисни тенкови[DOUBLEPOST=1499809789][/DOUBLEPOST]
Ромел не бил ништо посебно како тенковски генерал, тој е само уште еден од митовите на втората светска војна, холивудски херој чија цел била подигање на моралот кај домашната публика
Па слични дефекти ги има и кај Пантер. Повеќе тенкови се изгубени од механички проблеми отколку во борба. Не е поентата да се направи совршен тенк, туку да се добие војната.
 
војната не ја доби тенк ни топ ни брод, туку операциите. Знаеме како заврши војната но кога ќе ги соберема бројките на меѓусебните губитоци, година по година, ќе видиме дека германците имаа помалце тенкови против руските, но дека направија мноооогу повеќе успеси на бојното поле. Од 1941 до 1945, година по година таква беше ситуацијата. На крај, губитоците во тенкови на германија на источен фронт беа многу помали од губитоците на русите.
Сега е прашање, како може да еден тенк кој некој го сметаат за најдобар, покаже така слаби перформанси дури и на крајот на војната кога се бори против веќе истоштен, послабо вооружен, понеискусен послабо опремен и со послаба подршка неприател.[DOUBLEPOST=1499810453][/DOUBLEPOST]
Ромел во писмо на жена му напишал дека во брза оклопна борба во пустината, дури и најбедното парче земја за кое ни најсиромашниот бедуин не би свртил глава, станува вредно да се лее крв...во еден момент.
Ромел не бил ништо посебно како тенковски генерал, тој е само уште еден од митовите на втората светска војна, холивудски херој чија цел била подигање на моралот кај домашната публика
 
посебно за руски тенкови. ГЕрманците имаа проблеми со поновите модели кои ги исфрлаа набрзинка али старите панзери работеа многу посигурно и подобро од руските

Кој со кој модел споредуваш прво, СССР имаше КВ серија, што беше од постарите тенкови на Вермахтот пандан на овие тешки офанзивни тенкови?

Сакаш по детален формациски состав и вооружување да ти напишам сега една Панзер дивизија и со што ќе споредиш пример кога освен оклопни корпуси кои се ставаат под командна структура по фронтови или армиски групи во СССР немаат нешто за споредба на почеток на ВСВ.
Мешаш доктрина на војување, концепт на дизајн и сл со генерална дискусија, знаеме кој победи, споредба имаш стручна во литература што прикачив. Поќе не знам од авторите на книгите за да коментирам индивидуална компарација по модел на тенк.
Друго е се муабет пред кооперација.[DOUBLEPOST=1499810898][/DOUBLEPOST]
Ромел не бил ништо посебно како тенковски генерал, тој е само уште еден од митовите на втората светска војна, холивудски херој чија цел била подигање на моралот кај домашната публика

Е сеа ова не ти требаше, Пустинска Лисица, Патон, Монтгомери...оклопна борба, доктрина концепт примена.
Дај биди озбилен, прво Ромел се истакнива со команда на ОМЕ единица при инвазија на Франција со 7ма панзер дивизија, тоа за почеток. Настрана исксутвото како пешадиец во Прва СВ. Ајзнехауер во книгата напиша за Ромел пофални зборови, ја имаш во НУБ Св. Климент Охридски- Рат за ослобоџење Европе, изворно Crusade trough Europe. Баба лаже трап не.
Исто Бредли пофални зборови, ја има на исто место, Soldiers story, Исповест једног војника - мислам беше српскохрватски.
Не прајме за есдес и вмро тука муабет, биди озбилен.[DOUBLEPOST=1499811630][/DOUBLEPOST]
818QNrV2ypL.jpg

Sherman Firefly vs Tiger Normandy 1944
By Stephen A Hart

Ова е она што може да се нарече компарација, од техничко експлоатационен аспект, во иста временска рамка, на исто боиште и сл...
Толку за денес.
 
Последно уредено:
Е сеа ова не ти требаше, Пустинска Лисица, Патон, Монтгомери...оклопна борба, доктрина концепт примена.
Дај биди озбилен, прво Ромел се истакнива со команда на ОМЕ единица при инвазија на Франција со 7ма панзер дивизија, тоа за почеток. Настрана исксутвото како пешадиец во Прва СВ. Ајзнехауер во книгата напиша за Ромел пофални зборови, ја имаш во НУБ Св. Климент Охридски- Рат за ослобоџење Европе, изворно Crusade trough Europe. Баба лаже трап не.
Исто Бредли пофални зборови, ја има на исто место, Soldiers story, Исповест једног војника - мислам беше српскохрватски.
Не прајме за есдес и вмро тука муабет, биди озбилен.
Ромел се истакнува како потчинет на Гудеријан во операцијата во Франција. Не како самостоен командант кој решава стратешшки прашања.
Неговата слава е од периодот на африка. И тука има една малку позната страна на историјата, имено ромел, бестрашно и одлучно тргал во напад совршено одбирајќи место и време. Исто така и чудесно ги избегнувал неприателските против напади. Англичаните се сомневаа дека германците ја пробија нивната шифра па доаѓаат до драгоцени податоци кои му кажуваат на ромел каде да нападне, но од како успееа да заробат една германска единица за врски и детално ги испитаа сватија ека нивните шифри се безбедни.
Но имаше продолжение прикаската, имено америка иако не беше во војна, во Каиро постоеше амерички воен аташе на киј англичаните им ги даваа сите воени податоци за состојбите на фронтот кој пак аташе ги испраќаше во америка кај своите претпоставени. Абвер успеа незабележително уште пред да дојде ромел во африка да провалат во просториите на аташето да ги снимат шифрите и со тоа ги читаа сите најважни извештаи. Пример, англичаните ги известуваа американците за состојба на секоја единица, која има колу луѓе, каков им е моралот со кое оружје располагаат каде се распределени каде поставија мини.... Ромел точно знаеше каде смее а каде не смее да нападне, кога да се повлече кога да напредува, каде може да остави послаби сили каде треба да концентрира посилни... и така ромел имаше успех во африка се до момент кога американците не ја сменаа шифрата и одеднаш ромел почна да трпи порази....

А монтгомери е 3 класи подолу од ромел. Тој беше многу неинвентивен, неинспиративен со недостаток на иницијатива и храброст. Имено англичаните трпеа порази на секаде пред монтгомери, и во индокина и во бурма и во африка и во франција, им требаше лик, кој ќе го смени тоа. Монтгомери добиваше огромна подршка во материјали луѓе и опрема, тој не тргаше во битка до колку не обезбеди неколку пати поголема надмоќ во луѓе авиони топови тенкови, тој беше и предмет на подсмев кај новинари посебно амерички, монтгомери не влегуваше во битка се додека не направеше услови за да во никој случај не може да ја изгуби битката. Имаше доста незгоден карактер, имаше и тефтерче каде ги запишуваше офицерите кои не му се свиѓаа па ги отстрануваше, битките ги водеше школски оонака како е запишано во учебниците не покажуваше инвентивност ни иницијатива. После војната држеше еднаш предавање по тактика демек освојување на рид каде школски објаснуваше по и како се превзема и кога еден офицер го праша “А шо ако неприателот не е на ридот„, збесна поцрвена и почна да вика, НЕПРИАТЕЛОТ МОРА ДА Е НА РИДОТ!
Хемингвеј кој се разбираше во војни и учествуваше во војни викаше еден коктел Монтгомери коктел, демек 7 делови од една пијачка наспроти 1 дел од друга пијачка, као шо монтгомери војуваше, со надмоќ од 7 спрема 1 во своја корист
 
Имено англичаните трпеа порази на секаде пред монтгомери, и во индокина и во бурма и во африка и во франција, им требаше лик, кој ќе го смени тоа.
Најголемите енглески порази ми личи дека се Франција, Крит и Сингапур, а не го спомена најголемото достигнување на Монтгомери - Маркет Гарден. Еден од полошите генерали.

Мене генералите ми се одприлика вака:
Mанштајн 10
Жуков 9,5
Гудериан 8,5
Патон 8
Чуиков 7,5
Бредли 7,5
Јамамото 7,5
Конев 7
Ромел 7

(може некој забораив)
 
Абе оти?!

Ромел беше командир на обезбедување на фирерот, а овој го одбра зашто немаше благородна пруска крвна линија ко другите високи офицери...сепак високо одликуван офицер, со исклучително борбено исксутво, Пешадија во напад книгата која ја нашишал и ден денес се чита,е сеа стигнува до командант На Панзер дивизија или оклопно механизирана дивизја. 7ма панзер дивизја, која поради исклучетелно длабок продор на непријателска територија е наречена дизвизија на духови. Кој зароби на која река во Франција знаеш?
Точно е тоа за единците за извидување на комунакации везисти т.е Signal intelignece, точно е и тоа за Американското аташе во Каиро, ама точно е и тоа дека Flak 88 го поставува во форма на U буквата о прв пат корсити против воздушно орудие поради балситички к-ки во против оклопна борба.Тоа нема врска со разузнавање, едноставно има интуиција како стратег, размислува војнички не е нацист, благородник со арогантно слепило и сл...еве командата на Африка корпусот да ја изоставиме, команда добива над Атлантски ѕид, со промените кои ги прави знаеш која штета има нанел на Сојузничките сили?
Најтраично е што учествва во заговорот против фирерот...
Имама детална биографија на македонски, ама може ќе ја прикачам на Вики, иам книги доста, ако не бил ништо посебно зошто бапш Liddel Hart го обработува?
Доста ценет од Сојузниците како војник, стратег и како човек, кој не бил нацист...синот Манфред станва градоначалник на еден поголем град во Запдна Германија токму ради него и како е ценет на Запад...

Монти во др прилика.
 
Па сега, не знам дали може да се каже дека учествувал во атентатот.
Ја колку што знам, они дошле кај него, а он само им дал согласност дека ќе ги подржи ако успеат и неќел директно да учествува.
Нормално, тоа не им сметало на овие другиве после да го натераат да се самоубие.

(монти е идиот)
 
Oд сите произведени Т34 тенкови во војната, значи сите модели, околу 80% Т34 беа уништени. Бивале уништувани масовно и 1941 и 1943 и 1945.
Бројка на уништени Т34 во период јануар - мај 1945, е речиси еднаков на број на произведени Т34 во ист период. Значи кога германија беше веќе во колапс а нејзините единици ги сочинуваа млади деца или пензионери и кога немаа ни доволно тенкови ни доволно артилерија ни гориво ни превласт во воздухот... русите губиле масовно тенкови.[DOUBLEPOST=1499805381][/DOUBLEPOST]
па немало ни употреба на атомско оружје на бојно поле

Ne zboram za nuklearno oruzje, zboram za otrovni gasovi kako sto koristel hitler da gi ubiva evreite no zaradi nekoi pricini nikogas ne se osmelil da gi upotrebi na bojnoto pole.
 
затоа што тоа ќе му дадеше причина на англија и америка да возвратат со иста мерка. Германските бомбардери никогаш не достигнаа сила и ефикасност на англиска и америчка авијација која можеше да исфрли хемиски бомби на цела територија на германија во многу поголема количина[DOUBLEPOST=1499884573][/DOUBLEPOST]
Најголемите енглески порази ми личи дека се Франција, Крит и Сингапур, а не го спомена најголемото достигнување на Монтгомери - Маркет Гарден. Еден од полошите генерали.

Мене генералите ми се одприлика вака:
Mанштајн 10
Жуков 9,5
Гудериан 8,5
Патон 8
Чуиков 7,5
Бредли 7,5
Јамамото 7,5
Конев 7
Ромел 7

(може некој забораив)
Колинс и Мидлетон
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom