Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.411
- Поени од реакции
- 7.871
Тоа и јас велам, иако америка бркаше бандити и индијанци а русите беа во центарот на збиднувањата со големите сили, русија никогаш не успеа сама да се издигни на повисоко ниво ни на индустрија ни на наука ни на воена техника и стратегија
Сите свои успеси русите ги направија со многукратно повеќе жртви и трошоци од западни земји а во поглед на сопствен развој и напредок зависеа цело време а и се уште зависат од западната наука и техника
Пак баби и жаби, СССР и Црвена Армија vs Царска Русија и Бела Армија, тоа и ден денес трае, опшествена борба и сл, затоа напишав дека САД никогаш не биле монархија, формирани и изградени врз поинакви постулати.
Како ќе споредиш?
Ваква компарација е паушална на темата, и воопшто не само тука, едино споредба тенк со тенк, или доктрина против доктрина.
Ама и тоа е направено, ќе прикачам литература каде се компарирани различни модели на тенкови и тоа е, ме мрзи да навлегвам.
Земи дека пантерот носи слично главно рудие со PzKpfWg 4 75mm Pak, со зголемување на должина во неколку калибри истиот топ добива сосема нови балистички к-ки, замисли посовремена муниција и СУО- систем за управвуање со оган, тогаш тоа било нишанџијата и два окулари на различна стрна од купола кај Пантерот, без жироскопкса стабилизација и сл...друго орудие.
А во суштина не е.
Имаш споредба детална в секој поглед на Т34 со Пантер во прикачена книга, тоа е што може да долови нешто, ама факт е дека немците изгубија иако имаа супериорно вооружување до одреден момент, со модерна доктрина на примена, коцепт на формациска поставеност и што не...
Ромел во писмо на жена му напишал дека во брза оклопна борба во пустината, дури и најбедното парче земја за кое ни најсиромашниот бедуин не би свртил глава, станува вредно да се лее крв...во еден момент.
Тоа што на почетокот на ВСВ бил тенкот, на крајот бил Воздухопловот...сега тенкот со ПО системи модерни пешадиски, не е баш звер, има добри видеа од Сирија, примена на оклоп во урбана асиметрична борба со ГоПро.[DOUBLEPOST=1499809452][/DOUBLEPOST]
Податокот ми е всушност од пдф линк што клин го стави, има таму и монетарни трошоци, во тој случај Пантерот е само дупло поскап, само во војни услови не знам колку тоа значи. Имам видено слични податоци на други места.
Сведени се на еквивалент трошоците за полесна компарација, ако добро се сеќавам, има повеќе изданија со вакви компарации да чепнам во архива само
