Америка водеше изолационистичка политика се до нападот на Перл Харбор. Немаа Американците ни искуства ни пак некоја голема воена сила ни пак некакво модерно или масовно вооружување. Русите свои офицери и опрема до пред втора светска војна тестираа во Шпанија, во Финска и Maнџурија и Полска и романија... често имаа свои трупи и опрема некаде на некое боиште. Забрзано ја градеа армијата, со масовно производство на тенкови авиони артилерија, имаа огромна армија.... сите услови за водење на ефикасна војна за разлика од америка која немаше ни обавезен воен рок ни оклопни корпуси. Ни по број на опрема ни по луѓе не беа на рамниште со русите.
Прво начинот, концептот на војување, доктрината на тотална војна која ја наметна третиот рајх ги изваде од колосек сите, концентрација на голема огнена моќ, синергија помеѓу пешадија и оклоп и сл...тоа нема врска со ништо што си споменал. Кое борбено искуство од Шпанската граѓанска војна е тоа што е стекнато а оди во прилог против една оклопна механизирана единица?
Инаку и САД имаа свои експедициски трупи низ Јужна Америка тој период, еве порвери Патон како заговорник на оклопни трупи во вооружените сили на САД, каде се наоѓаше? Бркаше бандити заедно со Першинг низ Јужна Америка?!
Борбено искуство да, ама не им помогна многу во новиот тип на војување против Ромел во Северна Африка, така да споредбата не ти држи.
Е сеа, САД никогаш не биле монархија споредено со сите светски сили, што е предност, се градат на поинакви постулати и сл...
СССР ја градеше Црвената Армија а сеуште немаше расчистено со белата армија на царска Русија, луѓе умираа масовно од глад, сеуште чистки со стариот естаблишмент и сл. макар што во САД владееше Големата Депресија, но сепак индустријата на САД беше светлосни години пред СССР, тоа е доволно да се каже.
СССР имаше модернизација на Црвената Армија, само не во таков обем како тврдиш ти, пошто доживеа фијаско со нападот на Финска, тоа знаеш?
Ако нема квалитетна обука, која чини пари, ништо не значи задолжителен воен рок без квалитетна обука, само запознавање и создавање топовско месо што и беше случај...
Бројноста на Вермахтот против останатите армии каква беше?
Страшна индоктринација, мобилни формации со голема концентрација на огнена моќ, добра координација радио врски и се останато, НАТО силите беа базирани на таа доктрина и целокупно модерно војување за време и после ВСВ.
Пак ќе речам, ептен поедноставуваш комплексни работи и си субјективен.[DOUBLEPOST=1499808129][/DOUBLEPOST]
Пантерот е се разбира одличен тенк. Но кога се прави споредба треба да се види и цената. За производство на Партнер е потребно 55,000 man-hours. За Т-34 само 3,000. Значи со исти капацитет можеш да произведеш 18-19 Т-34 или еден Пантер тенк. Во едно хипотетично сценарио ако можеш да произведеш и едниот и другиот тенк, ќе произведуваш само Пантери ако може да униште во просек минимум 19 Т-34 или ќе се свртиш на Т-34 продукција во спротивно.
Доктрина е во прашање, а со тоа и концепт. Едните се масовно производство и буквално фрлање во воени дејствија, додека другите нешто спротивно...Доктрина на примена, концепт на дизајн и производство.[DOUBLEPOST=1499808178][/DOUBLEPOST]
СССР влезе во војната во Семптември 1939 кога заедно со третиот Рајх ја нападнаа Полска.

Финска исто тука е. Се е предмет на интерес.