Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 април 2008
Мислења
10.512
Поени од реакции
11.575
не знам дали ви кажаа во штабот но тој дфоговор не важи додека не се ратификува во собранието
Уште да кажеше што е тоа штабот, единствено приближно до штаб во кое јас некогаш сум бил, беше станица за прва помош на Црвен Крст кога полагав прва помош за возачка дозвола.

Со или без ратификација, мислам дека нема ништо лошо во тоа да се знае на што планира да го стави својот потпис актуелниот премиер на Република Македонија.

Знам дека никој не беше заинтересиран за условите и правилата кои пастирот и пвеводбениците ги прифаќаа со секое наредно задолжување, но токму бидејќи тоа беше погрешна политика денес пастирот и пвеводбениците не се повеќе на власт.

По логика на нештата, ако зајко кукурајко и плавите жолтици се спротивно од тоа што се` пастирот и пвеводбениците, мислам дека малку транспарентност нема да им наштети на зајко кукурајко и на плавите жолтици.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Уште да кажеше што е тоа штабот, единствено приближно до штаб во кое јас некогаш сум бил, беше станица за прва помош на Црвен Крст кога полагав прва помош за возачка дозвола.

Со или без ратификација, мислам дека нема ништо лошо во тоа да се знае на што планира да го стави својот потпис актуелниот премиер на Република Македонија.

Знам дека никој не беше заинтересиран за условите и правилата кои пастирот и пвеводбениците ги прифаќаа со секое наредно задолжување, но токму бидејќи тоа беше погрешна политика денес пастирот и пвеводбениците не се повеќе на власт.

По логика на нештата, ако зајко кукурајко и плавите жолтици се спротивно од тоа што се` пастирот и пвеводбениците, мислам дека малку транспарентност нема да им наштети на зајко кукурајко и на плавите жолтици.
“Дипломатски извори велат дека претставниците од двете земји работат во многу пријателска и позитивна атмосфера, а се очекува во текот на оваа недела да имаат уште една средба во Скопје. Додека не се усогласат сите точки од договорот, нема да има детали за јавноста, но извесно е дека не се очекуваат спорни моменти кои би биле пречка да се потпише.“
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Е па, расположен си за да ја критикуваш едната страна, па потруди се да бидеш објективен и критикувај ја и` другата страна.

Неверојатно е тоа колку си контрадикторен, од една страна говориш за фалична теза според која едните ѓубриња велат дека се помали ѓубриња од другите, а од друга страна ти самиот ја практикуваш таквата теза во твоите коментари велејќи дека само овие се најголемите злосторници, а оние другине не се.



Пастирот ќе мораше да воведе закон за амнестија во 2011 година, ако плавите жолтици во меѓувреме го укинеа законот за амнестија од 2002 година додека беа на власт од 2002 до 2006 година. Но бидејќи плавите жолтици не само што не го укинаа, туку и дозволија да се применува законот за амнестија од 2002 година додека беа на власт од 2002 до 2006 година, со ваквата пракса му оставија отворена врата на пастирот за да ги амнестира хашките случаи во 2011 година. Ако немаше закон за амнестија од 2002 година кога пастирот ги амнестираше хашките случаи во 2011 година, плавите жолтици барем ќе можеа отворено и јавно да се декларираат како противници на амнестијата на терористите, но вака се ставија на исто ниво со пастирот и пвеводбениците.

Не сум јас тој кој ја релативизира улогата на пастирот во 2011 година, туку делата на плавите жолтици ја релативизираат нивната улога од 2002 до 2006 година, со улогата на пастирот во 2011 година.

Ти ја извади ФИФА од шеширот, па повели ти прашај ги дали поддржуваат амнестирање на терористи.



Ти велиш така. :D
Нема никаква врска едното со другото, не знам зошто сакаш да прикажеш дека има, освен да му го обелиш образот на еден тип кој од грчка плажа бараше нешто наречено "автентично толкување" со цел да се амнестираат злосторниците. Округло па на ќоше, тоа беа зборовите со кои се исра на гробовите на жртвите. Толку. Со тие зборови.

Никаква, ама баш никаква последица не е 2011 на 2002 и не може да се оттргне одговорноста од главните актери, или актер поточно кажано.
Сдсм гласаа против амнестијата, имаше порано некој постирано на темава список од собрание со гласовите за и против.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
“Дипломатски извори велат дека претставниците од двете земји работат во многу пријателска и позитивна атмосфера, а се очекува во текот на оваа недела да имаат уште една средба во Скопје. Додека не се усогласат сите точки од договорот, нема да има детали за јавноста, но извесно е дека не се очекуваат спорни моменти кои би биле пречка да се потпише.“
Kurofmi.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.512
Поени од реакции
11.575
“Дипломатски извори велат дека претставниците од двете земји работат во многу пријателска и позитивна атмосфера, а се очекува во текот на оваа недела да имаат уште една средба во Скопје. Додека не се усогласат сите точки од договорот, нема да има детали за јавноста, но извесно е дека не се очекуваат спорни моменти кои би биле пречка да се потпише.“
Де бре, еден краток опис, чисто колку за да знаеме што опфаќа договорот. :vozbud:

Транспарентност :toe:

Нема никаква врска едното со другото, не знам зошто сакаш да прикажеш дека има, освен да му го обелиш образот на еден тип кој од грчка плажа бараше нешто наречено "автентично толкување" со цел да се амнестираат злосторниците. Округло па на ќоше, тоа беа зборовите со кои се исра на гробовите на жртвите. Толку. Со тие зборови.

Никаква, ама баш никаква последица не е 2011 на 2002 и не може да се оттргне одговорноста од главните актери, или актер поточно кажано.
Сдсм гласаа против амнестијата, имаше порано некој постирано на темава список од собрание со гласовите за и против.
Има и тоа како само поврзаност едното со другото, или да ги цитирам стружани од 2013 година после тогашните редовни локални избори:

" Ако Бранко ја даде Струга, Никола пропушти две можности да ја врати " .

Истото важи и за амнестираните терористи, ако пвеводбениците предводени од нивниот тогашен јарец во 2002 година воведоа закон за амнестија на терористи, плавите жолтици на чело со нивниот папа - Фокус така го нарекуваше - имаа 4 години од 2002 до 2006 година за да го поништат тој закон и за да овозможат услови за судско процесирање на хашките случаи пред воопшто да станат хашки случаи, односно пред да ги испратат од Македонија во Хаг.

Ако мислиш дека јас се обидувам да обелам било чиј образ на форумов, тогаш воопшто не ги имаш читано моите коментари, особено тие посветени на пастирот и пвеводбениците.

Но без разлика дали (не) си ги прочитал или ќе ги прочиташ или не, не очекувај од мене ни малку позитивни коментари за било кои - барем од сегашната власт и од сегашната опозиција - за кои верувам дека како на нација ни` имаат сервирано доволно дози на идиотизам за да не заслужуваат ни 0% (НУЛА) доверба, па сега како сакаш толкувај го моето мислење - обелување образ или не знам како, јас лично немам причина за да имам доверба ниту во едните, ниту во другите, поради што не планирам да ги поштедам од критика ниту едните, ниту другите.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.512
Поени од реакции
11.575
Ни на тој линк нема никакви детали, претпоставувам дека можеме да почнеме со одбројување на поените на пвеводбениците наспроти плавите жолтици.

На полето на транспарентноста:

Пвеводбеници 0:0 Плави жолтици.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Ни на тој линк нема никакви детали, претпоставувам дека можеме да почнеме со одбројување на поените на пвеводбениците наспроти плавите жолтици.

На полето на транспарентноста:

Пвеводбеници 0:0 Плави жолтици.
Линкот кажува дека до сегашна пракса е да не се објавуваат јавно договори кои се уште се доработуваат од двете страни
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.512
Поени од реакции
11.575
Линкот кажува дека до сегашна пракса е да не се објавуваат јавно договори кои се уште се доработуваат од двете страни
Тоа е стара приказна која се продаваше изминативе 11 години, јас досега не го прифаќав ваквото објаснување, исто како што нема го прифаќам ни од сега.

Баш напротив, мислам дека ова е одлична можност за зајко кукурајко и плавите жолтици да демонстрираат транспарентност.

Освен ако договорот не ги опфаќа граѓаните на Република Македонија и не е обврзувачки за нив, во таков случај слободно нека си потпишуваат договори и на анусите ако сакаат и воопшто нема да ме интересира што договориле.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.203
каква и да е правдата сепак е правда. некој ќе си добие што заслужил. мора од некаде да се почне.
Кога ќе те застани полиција тебе и уште некој одма после тебе со истиот или поголем прекршок и кога тебе ќе те ропнат а него ќе го потапшаат по рамо сигурен сум дека ќе се сетиш на овие моменти дека правда си е правда, дека некој си добил тоа што си заслужил и дека од некаде мора да се почне (y)[DOUBLEPOST=1499641340][/DOUBLEPOST]
Иницијативата за реформи/демократизација на дпмне била од некој си неважен петти шести ешалон,ѓи помножи со нула докажа дека е диктаторче и како се справува со критичка мисла,одма клоца ако сакаш демократизација у партијата а ти делиш памет дека требало да се изнајде начин Груевски на сваровски судиите да им напише негова осудителна пресуда.
Очигледно ова е премногу сложено за тебе.[DOUBLEPOST=1499641599][/DOUBLEPOST]
Не е рано, напротив, досега требаше да има 500 км автопат изградени, 500 евра просечна плата, да не се плаќа радиодифузна такса и дневна ефтина струјна тарифа. Кога ќе се средеше еднаш тоа, можеше слободно да се продолжи со споменици, панорамски тркала, врби, палми и останатите капитални инвестиции и проекти од интерес за животот на граѓаните.

Наместо тоа, државата попушта по сите шафови, екстерното што ни го држеше образованието на највисоко ниво го укинаа, Суперкупот уште е прашање дали ќе се одржи и ги заебаа трасите на автопатите за кои господинот Груевски лично се увери дека се иде по план, цензура на медиумите (само ТВ Нова и Алфа останаа реални, кај се Миленко, Ефтов, бурекот?), земјоделците протестираат само во една група, не ко порано кога владееше демократија и имаше контрапротестанти, па можевме да чуеме и различни мислења. На мала врата ни се спрема легализирање педофилија, во собрание место демократски ја истераат на клоци опозицијата и да се донесе побрзо ребаланс на буџетот тие им дозволуваат курташак да си играат со наоѓање дупки во законот, министерот за финансии не знае што е бруто ддв, земјотреси во Охрид секој ден, земјоделци се тепаат меѓу себе со стапови, вистинските патриоти се гонат, им се одземаат пасоши, страшно... Плус, Заеф самиот призна дека нема да работи 24/7, како сакаш да ја биде.


До перцепцијата е, не дека стварно се криминалци, мислам и да се, можевме едноставно сите колективно да ја смениме перцепцијата и да се правиме налудничави ко тие што ја сфатиле оваа мудрост, и храбро сите да повторуваме „и кај е тука криминалот?“. Тоа се тие вековни филозофски прашања: дали ако никој не неисперцепира криминал, пример јавниот обвинител, тоа е навистина криминал? Дали ако никој не го слушне криминалот тоа навистина е криминал? Ептен релативна категорија е ова перцепцијава.

Можеше сѐ да се заврши за две недели и да ја имаме перцепцијата на лидери во регионот во секоја категорија. Можеше едноставно да не биде исперцепиран криминалот и обидот за дупење во здрав мозок, да немаше СЈО и Груевски да продолжи да владее на истиот начин. Тогаш немаше ни да да ти биде тешко на душата и сигурно немаше да збориш требаше ова, требаше вака или онака, туку ќе викаше народот одлучува и тоа е демократијата. Немаше никакви криминалци вистински или невистински да перцепираш во тој случај. Ама проблемот е што перцепцијата е заебана работа и не можеш со сила секому да ја наметнуваш, посебно на тие со барем малку од малку здрав разум.
Напиша еден куп работи, претпоставувам си имал намера да бидеш духовит или така нешто ама на крајот испадна едно големо ништо. Ај скрати и во кратки црти напиши што му беше мислата на авторот.[DOUBLEPOST=1499642438][/DOUBLEPOST]
Да ама сепак има разлика Декстер ... баш прееска гледам на ТВ некои земјоделци истураат таму дињи и лубеници и се жалат дека работата им пропаѓа, немаат помош од никого, ни државни субвенции ни бутур ... а пред неколку години кога оној Душко млекарот од Битолско се жалеше човекот заврши во затвор со се татко му, брат му и.т.н. и тоа под обвинение за дилање на дрога WoW некој говедар таму, кравар, сточар и земјоделец што не ни видел во животот со свои очи како личи тоа, бил способен да дила дроги и после некое време го ослободија !
Сериозно Душко Млекарот го спомнуваш во целата приказна? Дај речи дека се заебаваш.[DOUBLEPOST=1499643162][/DOUBLEPOST]A @Let 3 толку се изнамачи околу бугарите на форумот за да им докаже нешто. Сега ќе биди интересно да се чита како се менува став за 180 степени. Деца читајте и учете како професионалците го прават тоа ;)
 
Последно уредено:

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
Напиша еден куп работи, претпоставувам си имал намера да бидеш духовит или така нешто ама на крајот испадна едно големо ништо. Ај скрати и во кратки црти напиши што му беше мислата на авторот.
Само ги пренесов критиките кон новата власт на твоите другарчиња, немам ништо авторско тука. Ако ти изгледаат дека не биле сериозни со нив и само се обидувале да бидат духовити со таквите забелешки, обрати им се и прашај ги што сакале да кажат авторите. Можеби тие сакале да бидат духовити, па до некаде го објаснува тоа нивниот дебилизам во однос на критиките и разочарувањата од првиот месец. И ти си тука негде само од округло па на ќоше, можеби нема да прашаш до кај се автопатите од 500км за еден месец, ама затоа во секое време си спремен да направиш куп лажни еквиваленции и спинови споредувајќи ги двата „режима“ и итарпејовски прв да обвиниш за релативизација, ептен итро. Во однос на вториот дел автору, дај објасни го твојот ептен конструктивен и неништовен одговор на прашањето што ти го поставија за тоа како требало да завршат криминалците. Освен што ептен содржински одговори дека требало некако поинаку да испадне, ама и самиот не знаеш како и дека било до перцепцијата. Цело време си тераш некој филм како сите ние имаме погрешна перцепција, а твојата е од повисоко и ти гледаш пошироко и подалеку, ама не објаснуваш што е тоа што ние не го гледаме, па демек тераш некаков сарказам. Дај биди директен и просветли не, доближи не до твојата перцепција до која немаме капацитет сами да дојдеме, како вистинските криминалци не се тие ние што ги перцепираме и што требаше да се направи. Институциите на системот?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Не го потценувајте грујо, додека не легне во затвор не е готов. Навистина може да се врати на власт.
Сите викавте готов е, на 12 декември, па влада се направи после 6 месеци, со неговиот инат може животот да ти помине и на крај може пак да победи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom