Не е рано, напротив, досега требаше да има 500 км автопат изградени, 500 евра просечна плата, да не се плаќа радиодифузна такса и дневна ефтина струјна тарифа. Кога ќе се средеше еднаш тоа, можеше слободно да се продолжи со споменици, панорамски тркала, врби, палми и останатите капитални инвестиции и проекти од интерес за животот на граѓаните.
Наместо тоа, државата попушта по сите шафови, екстерното што ни го држеше образованието на највисоко ниво го укинаа, Суперкупот уште е прашање дали ќе се одржи и ги заебаа трасите на автопатите за кои господинот Груевски лично се увери дека се иде по план, цензура на медиумите (само ТВ Нова и Алфа останаа реални, кај се Миленко, Ефтов, бурекот?), земјоделците протестираат само во една група, не ко порано кога владееше демократија и имаше контрапротестанти, па можевме да чуеме и различни мислења. На мала врата ни се спрема легализирање педофилија, во собрание место демократски ја истераат на клоци опозицијата и да се донесе побрзо ребаланс на буџетот тие им дозволуваат курташак да си играат со наоѓање дупки во законот, министерот за финансии не знае што е бруто ддв, земјотреси во Охрид секој ден, земјоделци се тепаат меѓу себе со стапови, вистинските патриоти се гонат, им се одземаат пасоши, страшно... Плус, Заеф самиот призна дека нема да работи 24/7, како сакаш да ја биде.
До перцепцијата е, не дека стварно се криминалци, мислам и да се, можевме едноставно сите колективно да ја смениме перцепцијата и да се правиме налудничави ко тие што ја сфатиле оваа мудрост, и храбро сите да повторуваме „и кај е тука криминалот?“. Тоа се тие вековни филозофски прашања: дали ако никој не неисперцепира криминал, пример јавниот обвинител, тоа е навистина криминал? Дали ако никој не го слушне криминалот тоа навистина е криминал? Ептен релативна категорија е ова перцепцијава.
Можеше сѐ да се заврши за две недели и да ја имаме перцепцијата на лидери во регионот во секоја категорија. Можеше едноставно да не биде исперцепиран криминалот и обидот за дупење во здрав мозок, да немаше СЈО и Груевски да продолжи да владее на истиот начин. Тогаш немаше ни да да ти биде тешко на душата и сигурно немаше да збориш требаше ова, требаше вака или онака, туку ќе викаше народот одлучува и тоа е демократијата. Немаше никакви криминалци вистински или невистински да перцепираш во тој случај. Ама проблемот е што перцепцијата е заебана работа и не можеш со сила секому да ја наметнуваш, посебно на тие со барем малку од малку здрав разум.