Фудбалски/трансфер дискусии

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
@Џони Вајсмилер во врска со мајтапот... Не е мајтап туку лошо ја имаш составено реченицата и затоа стојат прашања, ќе се дообјасниш па ќе ти одговорам.
Сега кога знам на што си мислел. Ај вака
-Јас не ги споредувам достигнувањата на екипа со индивидуални статистики туку ти споредувам твои гледишта за ФАКТ. Не може за едно факт да ти биде статистика и упорно да се држиш до тој ФАКТ - бидејќи бил статистички показател, а за друго да викаш не ми давајте статистики зошто не значат ништо. Тоа е извртено да не речам подло водење дискусија колку да испадниш во право. Статистика е статистика - ако е валидна за квалитет на клубови тогаш треба да е валидна и за квалитет на играчи. И не од аспект на споредба клуб со играч (бидејќи така звучи твојата реченица што ме збуни) туку клуб со клуб и играч со играч.

Не ми викај по БИЛО КОЈ КРИТЕРИУМ туку дај ми твој за да немаш услови да ми вртиш пак како што правиш цело време. Еве ти давам слобода, дефинирај и јас ќе ти ги набројам 15-те клуба. По фер од ова нема да најдеш. Впрочем, 12 ти ги изборив и тогаш кога ја сокри опашката.
Значи ти објаснав

Клуб со клуб кога ги споредуваме за листа се зема во предвид статистиката и целовкупните достигнувања на двете екипи за 1,2,3,5 години

Играч со играч се зема статистиката плус ПЕРФОРМАНСИТЕ на теренот,што всушност ти потенцирав погоре ако беше само статистика немаше да постојат скаути или менаџерите да одат да ги гледаат на натпревари туку ќе си гледаа само статистика и така ќе купуваа.

Е затоа ти потенцирам нон стоп на ова,ова не е извртено или подло водење на дискусија колку да испаднам во право и затоа статистиката неможи да биди валидна на исто ниво за квалитет на клубови и квалитет на играчи.

Јас ја сокрив опашката бидејќи ме мрзеше истото да ти го објаснувам тоа што ти го објаснував 10 страни претходно..

Значи во последните 1,2,3,5 сезони земени во предвид Дортмунд е пред Тотенхем во трофеи,достигнувања во фазите и места во првенствата ете ги критериумите..можи вака?..ама тогаш почна да го мешаш муабетот со лигите(дека потешка Премиер лигата) и ојде дискусијата у курац
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.730
Баш спротивно на ова.
Можеби, ја прочитав дека е нешто слично ко со Верати и за него.

:pos:

@Донев има инсајдерско инфо дали бил SMS или преку писмо се смириле.

Сакав да пишам ова, нема воопшто да ме чуди овие напаѓачиве кои беа „сигурни“ дека ќе заминат (Коста, Мората, Абумејанг...), да си останат у клубовите.
 
R

red.devil

Гостин
Значи ти објаснав

Клуб со клуб кога ги споредуваме за листа се зема во предвид статистиката и целовкупните достигнувања на двете екипи за 1,2,3,5 години

Играч со играч се зема статистиката плус ПЕРФОРМАНСИТЕ на теренот,што всушност ти потенцирав погоре ако беше само статистика немаше да постојат скаути или менаџерите да одат да ги гледаат на натпревари туку ќе си гледаа само статистика и така ќе купуваа.

Е затоа ти потенцирам нон стоп на ова,ова не е извртено или подло водење на дискусија колку да испаднам во право и затоа статистиката неможи да биди валидна на исто ниво за квалитет на клубови и квалитет на играчи.

Јас ја сокрив опашката бидејќи ме мрзеше истото да ти го објаснувам тоа што ти го објаснував 10 страни претходно..

Значи во последните 1,2,3,5 сезони земени во предвид Дортмунд е пред Тотенхем во трофеи,достигнувања во фазите и места во првенствата ете ги критериумите..можи вака?..ама тогаш почна да го мешаш муабетот со лигите(дека потешка Премиер лигата) и ојде дискусијата у курац
Зошто кога споредуваш играчи да не ја земиш во предвид статистиката и целокупните достигнувања на играчите во 1,2,3,5 години?

Ти не рече се зема статистиката плус ПЕРФОМАНСИТЕ туку рече не ми цитирајте статистики зошто тие не значат ништо за квалитетот на играчот. Или сакаш и тоа мислење да ти го најдам. А тоа што потенцираше за скаути и менаџери се согласувам и не знам зошто го повторуваш кога никој не ти спомна за тоа. :D

Ти брат избегнуваш да дадеш директен одговор на прашање па ќе се измешаме во долги реплики.

Еве пак истото, никаде ама баш никаде не ти реков дека Тотенхем е пред Дортмунд или Дортмунд е пред Тотенхем. Сто пати ти реков исти курац се, но ако одиме по твоите критериуми што ги споредуваше овие два клуба, нема ни едниот да завршат во топ10 оти има други што исполнуваат поголеми критериуми по кои ги споредуваше овие два клуба а Дортмунд го ставаше во топ10. Треба да земам да ти цртам изгледа.

И да ПЛ е 100 пати потешка од Баерн лигата и тоа е ФАКТ.
 
Бидејќи клубот е константа,а играчот не е константа тој можи да остари да се повреди,да му раскини жената,да направи сообраќајка,да стани на лева нога,да се искоцка, и триста други пиздарии/поволности што еден динамичен живот за професионален спортист можи да ти го донеси.

Значи целовкупната дискусија беше за Лукаку,не знам зошто упорно ги вметнуваш Дортмунд,Топ 10 и Тотенхем во дискусијата кога одамна ја завршивме и не најдовме компромис па сега упорно се навраќаш на нејзе како да сакаш да се докажваме до утре нешто за што имаме различно гледиште..Јас кога ти спомнав кажи ми кои се останатите 4 клуба што ја составуваат Топ 10 ти ми наброј неколку клубови на иста позиција бидејќи нема соодветни критериуми за да кажиш кои се Топ 10..па затоа јас ти ја спомнав листата од Уефа дека тие се најмеродавни да кажат кои екипи се во Топ 10 по нивни критериуми бидејќи сигурно по коефициентот на јачината на првенствата и по самите успеси во Европа на екипите утврдија дека Дортмунд е на 7дма позиција,а јас ги споредвав Дортмунд и Тотенхем head to head 5 сезони за да докажам поента на твојата теза дека ти се исти што немаше логика..

Можеби спрема твои критериуми Дортмунд не се ни во Топ 15 ама фактите говорат дека играат редовно ЛШ и со тоа во нокаут фазата..епа тие екипи што ми ги наброја во Топ 10 ниту играат редовно ЛШ ниту фазата на групите ја немаат поминато што во модерниот фудбал премногу се цени,па затоа ти ми ги спомна после лигите и нивната јачина и дискусијата отиде у курац.

Ако се гледаше успехот само во лигите немаше Атлетико да биди во Топ 10,туку тие првично се претежно поради успесите во Европа и затоа неможи Тотенхем (како пример земен) да бидат пред Дортмунд,башка домашното првенство што Дортмунд се поуспешни и таму
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.858
Поени од реакции
10.230
За секој трансфер на Манчестер може да прифатам спрдање ама за Шо не е баш на место. По онаква повреда сем Валенсија во поново време, не знам кој се вратил на место.
Ремзи[DOUBLEPOST=1499471458][/DOUBLEPOST]Кој фелј ќе им се деси на Ед и Мурињо ако не го земат Лукаку, 100 години ќе ремет ќе паднит :D
 
Последно уредено:

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.778
Поени од реакции
43.992
Па реално и Ремзи не си го искористи скроз потенцијалот. Мислам дека можеше да понуди многу повеќе од тоа што досега го има направено во кариерата.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.858
Поени од реакции
10.230
Па реално и Ремзи не си го искористи скроз потенцијалот. Мислам дека можеше да понуди многу повеќе од тоа што досега го има направено во кариерата.
Реално е уште млад 26 години може и не го исполнил уште потенцијалот ама после таква повреда Ремзи изигра една страшна сезона 2013/14 и две просечни после тоа. Сезонава го искинаа повреди, а и кога играше играше се освен тоа што му лежи. Од ко смени Венгер формација во 3-4-3 го стави во тандем со Џака и одигра сосем солидно последните 8, 10 кола.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.730
Ости по марка и другите шпански медиуми шо се тресе.

Не беше на шпанските, на англиските читав, телеграф или гардијан. Но и според твитов може да испаднам во право. Исто ко Верати и тој. :D
 
Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.490
Поени од реакции
10.246
Ремзи манекенот изигра сезона и пол страшен фудбал,другото му беше сопкање од топката,дриблање сам со топката и слични пиздарии.Страшната сезона и пол му беше 2-3 години после повредата,така да не може да се каже дека поради повреда не го искористи потенцијалот.За разлика од него,Вилшер навистина не си го исполни потенцијалот поради повредите,1000 сетбека.Сеуште се надевам дека повредите ќе му се минато и конечно ќе го видиме тоа што знаеме дека го поседува,а постојано не може да го покаже поради повредите.Муабетите за ноќниот живот и сл. се глупи наметнати изговори (и тоа од фановите на др екипи) дека поради тоа не направи ништо.

Не беше на шпанските, на англиските читав, телеграф или гардијан. Но и според твитов може да испаднам во право. Исто ко Верати и тој. :D
Различна ситуација од Верати.Ова на Верати буквално како на сликата погоре што беше постирана.
 
R

red.devil

Гостин
Ај ќе цепkам дел по дел, и онака не ми се спие. :D
Бидејќи клубот е константа,а играчот не е константа тој можи да остари да се повреди,да му раскини жената,да направи сообраќајка,да стани на лева нога,да се искоцка, и триста други пиздарии/поволности што еден динамичен живот за професионален спортист можи да ти го донеси.
:facepalm:
Го прочита прашањето? Чисто се сомневам како и многу работи кои што не си ги разбрал уназад, ај обиди се уште еднаш. :)
Значи целовкупната дискусија беше за Лукаку,не знам зошто упорно ги вметнуваш Дортмунд,Топ 10 и Тотенхем во дискусијата кога одамна ја завршивме и не најдовме компромис па сега упорно се навраќаш на нејзе како да сакаш да се докажваме до утре нешто за што имаме различно гледиште..Јас кога ти спомнав кажи ми кои се останатите 4 клуба што ја составуваат Топ 10 ти ми наброј неколку клубови на иста позиција бидејќи нема соодветни критериуми за да кажиш кои се Топ 10..па затоа јас ти ја спомнав листата од Уефа дека тие се најмеродавни да кажат кои екипи се во Топ 10 по нивни критериуми бидејќи сигурно по коефициентот на јачината на првенствата и по самите успеси во Европа на екипите утврдија дека Дортмунд е на 7дма позиција,а јас ги споредвав Дортмунд и Тотенхем head to head 5 сезони за да докажам поента на твојата теза дека ти се исти што немаше логика..
Како прво, јас само ги спомнав во контекст на различните критериуми за значење на факт, еднаш статистиките биле а еднаш не биле. Ти пак почна да ги верглаш истите глупости кои што никаде не сум ги пишал и секако дека ќе ти повторам - оти не сум пишал ништо.
Точно јас ставив 5-6 екипи на таа позиција. И тоа сите ќе одат пред Дортмунд ако факторот број на титули влезе во игра кој што упорно го форсираше. Што значи пред Дортмунд гледајќи пет сезони поназад според твои критериуми ќе се Реал, Барса, Атлетико, Севиља, Јувентус, Челзи, Лестер, Сити, Јунајтед, Наполи, Рома, Бенфика, Спортинг, ПСЖ, Монако. Значи ќе повторам ова се истите критериуми што го сметаш Дортмунд за топ10 и ги користиш за споредба со Тотенхем. Листата на УЕФА смета само Европски натпреварувања и како таква, секако се согласувам дека Дортмунд спаѓа во топ10 константни тимови во Европа - иако како што реков е дискутабилна оти планираат да ја менуваат формулата, но нејсе, дискусијата беше друга, ама пуста желба да си секогаш во право.... :( :(
Исти се, едниот има НУЛА титули а другиот една од можни 20 и кусур, напрај есап како што бараше и ќе видиш дали е исто.
Втора фаза ЛШ не е успех и никогаш нема да е.
Можеби спрема твои критериуми Дортмунд не се ни во Топ 15 ама фактите говорат дека играат редовно ЛШ и со тоа во нокаут фазата..епа тие екипи што ми ги наброја во Топ 10 ниту играат редовно ЛШ ниту фазата на групите ја немаат поминато што во модерниот фудбал премногу се цени,па затоа ти ми ги спомна после лигите и нивната јачина и дискусијата отиде у курац.
И Арсенал игра редовно во ЛШ и нокаут фазата но ти мудро го избегна прашањето кога те прашав дали се лузерски тим. ;)
И повторно, играње втора фаза ЛШ не е ама никаков успех.
Овие што ти ги избројав играат редовно во ЛШ, можеби немаат стигнато далеку повеќето од нива ама сите имаат повеќе титули од Дортмунд - твојот втор критериум за квалитет. Капиш??
Ако се гледаше успехот само во лигите немаше Атлетико да биди во Топ 10,туку тие првично се претежно поради успесите во Европа и затоа неможи Тотенхем (како пример земен) да бидат пред Дортмунд,башка домашното првенство што Дортмунд се поуспешни и таму
Ако се гледаше успехот на лигите, Дортмунд немаше да е топ20 последниве пет години. Оти кучка е на Баерн, Лајпциг, Хофенхајм и Леверкузен. ;)

Ај нуди уште критериуми, интересно е. :D
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Ако се гледаше успехот на лигите, Дортмунд немаше да е топ20 последниве пет години. Оти кучка е на Баерн, Лајпциг, Хофенхајм и Леверкузен. ;)
Дортмунд е втора сила во Германија,овде ми делува како да се заебаваш бидејќи ни во некој најлуд сон неможат ботски екипи како Леверкузен,Лајцпих и Хофенхајм со една сезона да бидат пред Дортмунд или тие Дортмунд нив да му биди кучка..и да гледаме успех по лигите Дортмунд е во Топ 15 ама стрикно успех во лигите со оглед на коефициентите и квалитетот на самите лиги

И Арсенал игра редовно во ЛШ и нокаут фазата но ти мудро го избегна прашањето кога те прашав дали се лузерски тим. ;)
И повторно, играње втора фаза ЛШ не е ама никаков успех.
Овие што ти ги избројав играат редовно во ЛШ, можеби немаат стигнато далеку повеќето од нива ама сите имаат повеќе титули од Дортмунд - твојот втор критериум за квалитет. Капиш??
Арсенал се лузерски тим поради менталитетот на клубот,поради тоа што секогаш флопнуваат кога се фаворити во најбитни моменти,бидејќи секогаш кога треба да потегнат и да се вклучат во битката за титула тие ќе кикснат,бидејќи не ги болат поразите како останатите клубови,бидејќи се екипа составена од мекуши и пичкици што треба да играат балет,бидејќи имаат сенилен старец на клупата што го изгуби чуството за фудбалери и за успех воопшто во споредба со минатото..а не само поради резултатите

Дортмунд има играно во ЛШ многу пати против Реал Мадрид но никогаш се нема предадено и покажваше заби во секој натпревар,до последната минута се бореа и му парираа во 2013 и во 2014 ..против Јувентус кога беа распад систем во 2015 покажаа мадиња и заби во Торино..во 2016 лесно се справија со Бенфика и налетаа на Монако кои играа страшен напаѓачки фудбал сличен на нив ...

Арсенал во споредба со нив ги туркаа гаќите во нокаут битките,едноставно исто како боксер да не сака да влези во рингот и да ја предај службено а вака навидум имаат поквалитетен ростер од Дортмунд..е затоа се ЛУЗЕРИ

Како прво, јас само ги спомнав во контекст на различните критериуми за значење на факт, еднаш статистиките биле а еднаш не биле. Ти пак почна да ги верглаш истите глупости кои што никаде не сум ги пишал и секако дека ќе ти повторам - оти не сум пишал ништо.
Точно јас ставив 5-6 екипи на таа позиција. И тоа сите ќе одат пред Дортмунд ако факторот број на титули влезе во игра кој што упорно го форсираше. Што значи пред Дортмунд гледајќи пет сезони поназад според твои критериуми ќе се Реал, Барса, Атлетико, Севиља, Јувентус, Челзи, Лестер, Сити, Јунајтед, Наполи, Рома, Бенфика, Спортинг, ПСЖ, Монако. Значи ќе повторам ова се истите критериуми што го сметаш Дортмунд за топ10 и ги користиш за споредба со Тотенхем. Листата на УЕФА смета само Европски натпреварувања и како таква, секако се согласувам дека Дортмунд спаѓа во топ10 константни тимови во Европа - иако како што реков е дискутабилна оти планираат да ја менуваат формулата, но нејсе, дискусијата беше друга, ама пуста желба да си секогаш во право.... :( :(
Исти се, едниот има НУЛА титули а другиот една од можни 20 и кусур, напрај есап како што бараше и ќе видиш дали е исто.
Втора фаза ЛШ не е успех и никогаш нема да е.
.
Рома,Наполи,Бенфика,Спортинг,Монако,Јунајтед,Лестер и Севиља не се пред Дортмунд во Топ 10 во каков сакаш критериум користи..ајде за Јунајтед можеби е дискутабилно ама овие?..сериозен си?..Рома и Наполи што неможат ЛШ да фатат и испаѓаат во квалификациите уште?..Монако со една сезона?..Спортинг:pos:..Бенфика:pos:..Лестер со една сезона?:pos:..Севиља со три Лига на Европа и едно учество во ЛШ каде испаднаа во групната фаза?:LOL:..кочи малце со споредбите..Јунајтед двапати во првенството со истите критериуми завршува надвор од Топ 4 и има играно само еднаш во групната фаза во последните 5 сезони.....ќе ми извиниш ама овие болдираните не се пред Дортмунд па каков сакаш белосветски критериум користи за изминатите 5 сезони(нормално 5 ги спомнав дека ми се качи на гла за таа споредбата со Тотенхем).

И да групната фаза е успех,па посебно ако стигни до 1/4 финале и тоа ако го правиш константно..неможи да ми ги ставиш тука Монако и Лечестер со една сезона а овие тоа го прават секоја година..неможи едноставно
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Новинари што се блиски до УТД јавуваат дека оди таму, додека пак новинари што се блиски до Челзи го јавуваат спротивното, што прави ситуацијава да е нашки кажано, „каша попара“.

Ако отиде во Челзи, да знаете дека е само и САМО затоа што Фил Невил ја објавил сликата на инста, нешто ко Стелт кога при 2-0 за Дортмунд лани изеде гомна за „квалитетот на лигите“.
 
R

red.devil

Гостин
Дортмунд е втора сила во Германија,овде ми делува како да се заебаваш бидејќи ни во некој најлуд сон неможат ботски екипи како Леверкузен,Лајцпих и Хофенхајм со една сезона да бидат пред Дортмунд или тие Дортмунд нив да му биди кучка..и да гледаме успех по лигите Дортмунд е во Топ 15 ама стрикно успех во лигите со оглед на коефициентите и квалитетот на самите лиги
Исти курац ти се сите, види ги пласманите на Дортмунд последниве пет години? Втора сила завршува позади дебитант во лигата или седми? Ах Џони, Џони. Ама битно јас сум почнал да кажувам колку била конкурентна ПЛ, не е битно што овие во свој двор не можат да покажат константност. (y)
Добро, и мора малце да осетиш мислење по твоја рецепта, онака поекстремно.

Арсенал се лузерски тим поради менталитетот на клубот,поради тоа што секогаш флопнуваат кога се фаворити во најбитни моменти,бидејќи секогаш кога треба да потегнат и да се вклучат во битката за титула тие ќе кикснат,бидејќи не ги болат поразите како останатите клубови,бидејќи се екипа составена од мекуши и пичкици што треба да играат балет,бидејќи имаат сенилен старец на клупата што го изгуби чуството за фудбалери и за успех воопшто во споредба со минатото..а не само поради резултатите

Дортмунд има играно во ЛШ многу пати против Реал Мадрид но никогаш се нема предадено и покажваше заби во секој натпревар,до последната минута се бореа и му парираа во 2013 и во 2014 ..против Јувентус кога беа распад систем во 2015 покажаа мадиња и заби во Торино..во 2016 лесно се справија со Бенфика и налетаа на Монако кои играа страшен напаѓачки фудбал сличен на нив ...

Арсенал во споредба со нив ги туркаа гаќите во нокаут битките,едноставно исто како боксер да не сака да влези во рингот и да ја предај службено а вака навидум имаат поквалитетен ростер од Дортмунд..е затоа се ЛУЗЕРИ
Значи да сумираме:
-Арсенал е лузерска екипа, која стигнува втора фаза ЛШ и има повеќе титули од Дортмунд последниве 5 години.
-Дортмунд е топ10 екипа, која стигнува втора фаза ЛШ и има само една титула во последниве пет години.

Ар ју факинг кидинг ме? Кој е поголем лузер?? Му се држел на Реал, голем кур.

Рома,Наполи,Бенфика,Спортинг,Монако,Јунајтед,Лестер и Севиља не се пред Дортмунд во Топ 10 во каков сакаш критериум користи..ајде за Јунајтед можеби е дискутабилно ама овие?..сериозен си?..Рома и Наполи што неможат ЛШ да фатат и испаѓаат во квалификациите уште?..Монако со една сезона?..Спортинг:pos:..Бенфика:pos:..Лестер со една сезона?:pos:..Севиља со три Лига на Европа и едно учество во ЛШ каде испаднаа во групната фаза?:LOL:..кочи малце со споредбите..Јунајтед двапати во првенството со истите критериуми завршува надвор од Топ 4 и има играно само еднаш во групната фаза во последните 5 сезони.....ќе ми извиниш ама овие болдираните не се пред Дортмунд па каков сакаш белосветски критериум користи за изминатите 5 сезони(нормално 5 ги спомнав дека ми се качи на гла за таа споредбата со Тотенхем).
По твојот критериум се. Имаат многу повеќе титули од Дортмунд, сите набројани.
Нема везе, дали Наполи и Рома не можат ЛШ да фатат, јер ти рече Дортмунд имал повеќе титули од Тотенхем и затоа не можат да се мерат.
Монако, една ама вредна. Направи повеќе од Дортмунд последниве ПЕТ сезони.
Спортниг има повеќе титули од Дортмунд последниве пет сезони - твој критериум, помири се со тоа.
Бенфика ито, додади го и Порто, го испуштив.
Лестер во една сезона успеа да го престигне успехот на Дортмунд во последните пет -не знам што не е јасно.
Севиља бато има четири пати повеќе титули од Дортмунд последниве пет сезони. Продолжи да се смеаш.

И да групната фаза е успех,па посебно ако стигни до 1/4 финале и тоа ако го правиш константно..неможи да ми ги ставиш тука Монако и Лечестер со една сезона а овие тоа го прават секоја година..неможи едноставно
Многу јако, две четврт-финалиња (толку памтам, може три да се максимум) во пет години, ебиветар константност
 
Kajgana Shop

На врв Bottom