[DOUBLEPOST=1499456579][/DOUBLEPOST]
хахаха види ги репликите на твитот
Па ова е и реалното, се глеа дека сака да си замине братот.
На Барса и треба можеби и само он или некој од таква класа играч во средниот ред за да изгледаат многу подобро. Во претходната ваква мини-криза го купија Суарез и тоа им донесе триплете. И сеа им треба 2-3 играчи, ништо повеќе.
Најголемата фалинка им е средниот ред, Иниеста е стар, Бускец игра ко да му е здокурчено од фудбал, Ракитиќ испадна преценет, Арда Туран флоп. За разлика од нив Андре Гомеш е сосема солиден играч и најнеоправдано исхејтан. Проблемот е што имаа погрешни очекувања од него.
Умити и Диње се добри играчи, особено вториов е класа за пичмелето Џорди Алба, им треба само десен бек у одбрана, ете Белерин им се нудеше...
Али ни тие два потега не можат да ги направат ко што треба, Меси стана алфа и омега и за менување тренери и за купување играчи, сеа па и на Нејмар мораа желбите да му ги задоволат, не би ме чудело и Суарез да им побара играч што нему му е другар. Ептен им се измеша структурата и хиерархијата во клубот, играчите им добија многу одврзани раце за све, затоа и шашма им е во соблекувална. Квалитетот на ростерот е добар, но треба некој да ги скроти и да им укаже што им е работа а што не, Луис Енрике проба да го направи тоа но овие му направија пуч.