Тие единаесет години и нанесуваа немерлива штета на земјава, народов и партијата.
Не може одеднаш да се преправаме дека никогаш не постоеле, затоа што со катастрофалните последици од неговото владеење ние како народ и држава ќе се соочуваме уште долго, уште долго партијата ќе биде синоним за лоповлук и предавство на македонските национални интереси.
А истата таа буљумента сеуште фигурира на сцената и од петни жили се труди да се врати на позицициите од кои ќе може да продолжи да ја раскрчмува земјата и да го уништува народотза сметка на лични интереси на едно мало множество.
Не може тоа да се третира као никад да не се десило, затоа што може да се врати.
Ако спомнувањето на пастирот и пвеводбениците во секој пост или во секој втор пост кој го објавуваш на темава, ти е приоритет, а не објективната критика, верувај ми, повеќе им правиш услуга со тоа што ги спомнуваш, отколку што ги потсетуваш нивните тролови на форумов дека пастирот и пвеводбениците се минато и нема да се вратат, баш обратно, ти ги враќаш со тоа што постојано ги спомнуваш.
Но кога сме кај граѓанската самосвест која според тебе не смее да ги третира пастирот и пвеводбениците како никогаш да не постоеле и како никогаш да не ги направиле сите тие криминални дела кои ги направија, бидејќи можат да се вратат, би требал да бидеш малку посовесен и да посветиш по некоја критика и за зајко кукурајко и плавите жолтици, бидејќи не знам дали знаеш дека веќе втор месец по ред се на власт, и исто како пастирот и пвеводбениците, имаат свое криминално минато, и исто како пастирот и пвеводбениците, не смеат да бидат ослободени од било каква критика, особено сега кога се на власт и за разлика од пастирот и пвеводбениците во моментов кои се политички немоќни, зајко кукурајко и плавите жолтици сега имаат политичка моќ со која можат да ги повторат криминалните дела на нивните претходници за своја корист.
И уште го одржуваш во живот на темава.
Не знам за тоа но ако не се лажам, ти беше тој кој цело време се обидува да ја изрелативизира одговорноста на пастирот за амнестијата на воените злосторници и агресори и да ја прикаже како странски заговор и покрај брдото факти кои зборуваат поинаку.
Интересен феномен е тој, не само кај тебе, општо, кога за криминалот и деструкцијата на власта секогаш се одговорни некои надворешни фактори, јудеомасони, илуминати, тајни сили и така секогаш се релативизира нивната одговорност.
Те молам цитирај ги моите коментари каде што сум ги спомнал "надворешни фактори, јудеомасони, илуминати, тајни сили" и не знам кои други.
Ако под релативизација подразбираш изедначување на една криминална банда на власт со друга криминална банда на власт, тогаш да - слободно можам да кажам дека не разликувам помеѓу едни и други криминалци, бидејќи сум живеел под власт и на едните и на другите и не сум забележал ама баш никакви разлики помеѓу нив.
Всушност, токму амнестирањето на терористите е одличен пример - законот за амнестија го донесоа пвеводбениците во февруари 2002, плавите жолтици се вратија на власт на нивниот легендарен 15 септември 2002, и цели 4 (ЧЕТИРИ) години можеа да го укинат законот и да ги судат терористите во Македонија, но наместо тоа, плавите жолтици не само што дозволија да помине амнестијата на терористите, туку и направија влада со тазе амнестираните терористи како нивни коалициски партнери.
Ако тоа не ги релативизира работите помеѓу едната и другата криминална банда на власт, тогаш не знам што ги релативизира.
А еве ти и најтазе пример - пред некој ден зајко кукурајко и плавите жолтици најавија дека ќе воведат втора смена во државната и јавната администрација. По овој повод - ова можам да ти го потврдам од партиски извори и од двете партиски канализациски цевки - во царина се частеле меѓусебно и пвеводбеничките пулени и пулените кои шират плава жолтица, бидејќи сега ќе барале поткуп од секој шпедитер за секој камион кој ќе ја поминува границата.
Можеби е само чаршиски муабет, ама чудно е како и едните и другите пулени низ населба говорат за частенката во царина, ретко се случува да бидат вака обединети за заеднички цели.
Не знам дали изедначувањето на една криминална банда на власт со друга криминална банда на власт за тебе е феномен, за мене лично е здрав разум, бидејќи не гледам ништо позитивно на заминување на еден криминалец и негово заменување со друг криминалец.