Не знам како не му е срам да коментираат онакви глупости..ги заебале Реал Мадрид..екипата што има освоено 3 ЛШ во последните 4 години што испишаа историја како прва екипа што ја одбранила ЛШ,со милион други титули и еден од најмоќните состави во денешницата каде на секоја позиција имаат по двајца квалитетни играчи стана одеднаш заебана од раштиман оркестар како Манчестер Јунајтед бидејќи не му го продаде резервниот напаѓаш Мората за 90 милиони
,тој Јунајтед што му треба пола тим да смени за да заличи на екипа..е тоа го прави денес интернетот,медиумите ќе пишат и други ќе веруваат и така ќе си прават филмој
Џони можеше уште некое епитетче да додадеш за Реал, ама јас не гледам каква веза има тоа што Реал земал 3 титули ЛШ итн, итн со евентуалниот трансфер на Мората.
Тоа дали некој ги заебал или не ние никогаш нема да дознаеме, не велам дека муабетите на членовите од наш фан клуб се на место. Чисто само ми е чудно зошто сметаш дека тоа што Реал испишале историја, имале по 2ца квалитетни играчи на секоја позиција и бла бла бла... има врска со фактот дека бараат 90м за резерва играч кој е незадоволен и сака да си оди од тимот по секоја цена?
Еј, може да се каже дека е флоп?
Јунајтед направи оуверпеј на милијарда играчи што ги донесе, ги фаќа паника, не знаат што да праат. Се понашаат ко богато разгалено дете кое нема харизма, хумор, стил нит па друштво и само се пува со пари. Мења тренери, секоја сезона мења односно гради нов костур итн итн, што е трагикомично. Него, сакав да те прашам, кој играч што го донесе Јунајтед пост Фергусон периодот, ги достигна очекувањата и ги оправда финансиите вложени во него?
Па од тие што ги земаа Мојс и ЛВГ би кажал Херера и делумно Марсијал. Делумно, пошто под ЛВГ, кој и го донесе искина, додека со Мурињо сега за сега не се снаоѓа баш најдобро. Но ако му даде малку повеќе слобода верувам дека ќе се врати во топ форма.
Блинд и Рохо ги платија по 15тина милиони мислам, така да не се некои лоши трансфери и тие. За таа пара, помагаат доволно во ротација. Мата и Фелаини исто знаат да завршат работа, но реално гледано и за двајцата платија бар по 10тина милиони повеќе од што би требало.
Од овие што го зема Мурињо, рано е да се каже според мене. Баји имаше добра сезона, Погба има уште многу да покаже, мада јас би дал уште 100м за играч со предиспозиции како неговите, а Мики изигра просечно. Ама ете останува во тимот, ќе видиме што ќе покаже сезонава. Исто како што пишав неколку пати наназад и Шо не би го отпишал сеуште.