Фудбалски/трансфер дискусии

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
@Џони Вајсмилер која е твојата прогноза за Лукаку во Јунајтед, ако потпише, секако. Колку гола би имал сеознава?
Околу 18-22 гола во Премиер лигата со оглед дека целиот фокус на тимот ќе биди насочиран кон него ...но нема да направи разлика во целовкупните перформанси на екипата,нема да биди апгрејд од Ибрахимович и клубот доколку не се засили соодветно на останатите позиции повторно ќе биди надвор од Топ 4...Лукаку според мене е просечен напаѓач што е малку повеќе преценет ..освен шут и игра со глава не е нешто особено,не е тежок и незгоден за чување,секој попаметен дефанзивец лесно би се справил со него како што можев да го видам во Евертон[DOUBLEPOST=1499338306][/DOUBLEPOST]
Ко што погоди за Нолито.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
Па и за Арсенал погодив па зошто тоа не го спомнуваш?..или не ти одговара па ајде за Нолито ќе се фатиме
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.848
Поени од реакции
11.507
Da go dogovori bilo koj osven junajted, lukaku bi bil dzver. Vaka e osuden na flop. Toa govori za isfrustriranost, nisto poveke.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Нереални очекувања имаш,можеби во право си со тоа дека или ќе стани голем играч или ќе биди нов Дефо,ама да мислиш дека би го имал истиот импакт во играта како Ибрахимович со онакви квалитети е малце апсурдно...Лукаку нема визија ниту техника за да учествува во акциите како Ибрата,го нема онај првиот допир и тоа чуство на пас..Лукаку за да успее во Манчестер му треба многу подршка од крилата и бекојте каде Манчестер Јунајтед сега засега ги нема
Ко што пишаа и другиве, на Јунајтед лани најголем проблем му беше давањето втор гол и „заклучувањето“ на утакмицата. Лукаку не мора да ја има техниката на Ибра за да постигне 20+ гола во ПЛ. Реков за во ЛШ можеби ќе има проблеми, ама за во ПЛ е веќе проверена роба. Не знам и како мислиш дека е чудно да го постигне ефектот на Ибра од лани. Ибра имаше 35 лани, не збориме за Ибра од младите години.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.753
Поени од реакции
9.520
Скај викаат дека понудта од 75м фунти е прифатена, останува уште да се комплетира договорот со Раиола и Лукаку за да се докомплетира трансферот.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ова ти е 100% извадено од некоја група за Јунајтед, некој одма го нашол, го постирал.
Абе како може да те стакви вмровци, одма да ви вадат контра-аргументи, во рок од 20 минути хахахахаха

Иначе, Мане со АФКОН и повредата пропушти пола сезона.
Не е, ова го ретвитаат многу други на секој изустен збор од Џим Вајт како доказ дека не е сигурен, без разлика за кој клуб се работи. Беше веродостоен додека работеше за Скај Спортс, сега е уредник на Талкспорт.

Мада, чим има на ББЦ а тие не се опседнати со читаност, мислам дека е готово.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Da go dogovori bilo koj osven junajted, lukaku bi bil dzver. Vaka e osuden na flop. Toa govori za isfrustriranost, nisto poveke.
Многу сум исфрустриан од Јунајтед,посебно јас како фан на Интер што немаат допирна точка еден со друг неможам на вечер да спијам искрено,цревата ми се превртуваат
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.762
Поени од реакции
43.963
Скај викаат дека понудта од 75м фунти е прифатена, останува уште да се комплетира договорот со Раиола и Лукаку за да се докомплетира трансферот.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
Која статија ја читаш моментално? Оти одма после тоа твитнаа дека нема договор. :D На Еуроспорт пишат демек Лукаку сакал во Челзи повеќе и тоа малку го кочело трансферот. Сепак, јас верувам дека ќе се комплетира.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.725
Која статија ја читаш моментално? Оти одма после тоа твитнаа дека нема договор. :D На Еуроспорт пишат демек Лукаку сакал во Челзи повеќе и тоа малку го кочело трансферот. Сепак, јас верувам дека ќе се комплетира.
Смири се. Оди купи го на 2-3 акаунти на Сокер.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Ко што пишаа и другиве, на Јунајтед лани најголем проблем му беше давањето втор гол и „заклучувањето“ на утакмицата. Лукаку не мора да ја има техниката на Ибра за да постигне 20+ гола во ПЛ. Реков за во ЛШ можеби ќе има проблеми, ама за во ПЛ е веќе проверена роба. Не знам и како мислиш дека е чудно да го постигне ефектот на Ибра од лани. Ибра имаше 35 лани, не збориме за Ибра од младите години.
Без разлика на годините,Ибра и на стари години го има квалитетот и импактот во екипата само како појава кога ќе излези,башка што знаеше како да разигрува и да се вклучи во акциите во даден момент,Лукаку не вервам искрено дека го има тој квалитет..и не е само во постигнувањето на голови,туку и во целиот систем како ќе се вклопи..за голови можеби ќе постигни со оглед на тоа дека целата екипа ќе се насочи кон него и ќе изведува пенали па статистички ќе речите дека имал добра сезона ама ништо тоа нема да биди важно ако Манчестер Јунајтед имаат очајна сезона.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.753
Поени од реакции
9.520
Која статија ја читаш моментално? Оти одма после тоа твитнаа дека нема договор. :D На Еуроспорт пишат демек Лукаку сакал во Челзи повеќе и тоа малку го кочело трансферот. Сепак, јас верувам дека ќе се комплетира.
https://twitter.com/SkySportsNewsHQ/status/882914541193097216

Прифатена е само понудата во висина од 75м фунти. Останува на Лукаку и Раиола да одлучат дали ќе премине кај нас.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Инаку мала дигресија ама поврзана со трансфер муабетите, очигледно после долга љубов Реал и Јунајтед си ги заострија односите значително.

Започна после пензионирањето на Фергусон, па со доаѓањето на овој Вудвард или како и да се вика, сеа со Мурињо уште пожустро. Кулминираше секако со Де Геа и факсот... Порано тешко Реал да би му правел проблем на Јунајтед и за 15м евра, не сеа демек се ценкале за 7м за Мората, не ме јеби.

Дали им се одмаздуваат за тоа со Де Геа или Мурињо си фура расчистување на стари долгови, Мендеш тера бизниси...

Убеден сум да бевме сеа до 2013 година, Де Геа ќе беше во Мадрид а Хамес и Мората во Јунајтед за 20% помала цена од побараната.

Секако расплетот на сагава ќе биде, не каде било, туку за еден месесц во Скопје, кога Де Геа ќе му фати зицер на Мората. :icon_lol:
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.856
Поени од реакции
10.227
Абе гледав сизон ривју пред 2-3 недели некаде. Можам да ти кажам дека неефикасноста беше главна причина што Јунајтед заврши 5ти. Значи се сложувам дека одбраната не им е ниту на виско ниво, а не пак да биде на врвно како што сака Мурињо. (а и самиот Фергусон има кажано дека секој тим почнувал да го прави од одбраната) Ама тие неколку утакмици што ги играа дома 0-0 и 1-1, можеа комотно да ги добијат со по 2-3 гола разлика. За тие со 1-1 донекаде е крив и самиот Мурињо, оти знаеше да се повлече при крај, место да го умртви мечот. А со таа одбрана јасно е дека ќе ти го чукнат. Сепак тоа не го менува фактот дека напаѓачите на Јунајтед беа неумешни, па и и несреќни на моменти. После ситуацијата со Ибра мораше да донесат и шпиц. Крило и средина остануваат како позиции на кои обавезно треба да се засилат, за лев бек пак ќе кажам, јас лично (сеуште) се надевам дека Шо ќе успее.
hands off
:lut:
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
2017год дојдовме Шпанциве уште не знаат да кажат како се викаат на англиски. На крај ќе наоѓат оправдувања во дождот кога нема да успеат во островот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom