Јас најмногу го пишав постот за Манчестер Јунајтед и Барселона..очајно му фалат токму нив засилувања и тоа онака квалитетни играчи..посебно Јунајтед..ниту Мората,ниту Лукаку се играчите кои му требаат,преценети коњи што цените му се кренати до небо и никаква разлика нема да донесат каде и да одат ама клубот што ќе ги купи ќе се заеби до максимум а веројатно Јунајтед ќе земи еден од нив двата и ќе испадни флоп како по обичај.
Реал Мадрид можеби не сакаат да го продаваат Мората како што се пиши низ медиумите па затоа ги разбирам што ставаат толкава висока цена..ама Лукаку?..за онај коњ 100 милиони фунти?..па Лукаку реално 50 преку сила дали вреди и во овој денешен пазар ..за Лаказет 50, а за коњот 100..надвор од памет се цените...и не вервам дека Челзи ќе се заеби со Лукаку бидејќи сметам дека прават попаметни трансфери од Јунајтед и еднаш се имаат зафркнато со Торес