ЕУ, САД и ОН сите се противставија на амнестијата за воените злосторства. Комесарот на Европа за човекови права, Нилс Муижниекс, даде оцена во Извештајот за Македонија дека амнестијата за воени злосторства сѐ повеќе се смета за забранета во меѓународното право.
На трибината организирана во Институтот Брукингс во Вашингтон, амбасадорот за воени злосторства Стивен Рап дава изјава:
„
Сметам дека пресудите што се носат на меѓународно ниво треба да бидат ограничени на најсериозните дела коишто имаат најшироки последици. Но, на ниво на државите исто така треба да има гонење на сериозните прекршители и тоа треба да се направи на балансиран начин. Ако имало кршење на правото од двете завојувани страни, тогаш двете страни треба да бидат истражени и обвинети. Ова се одлуки коишто треба да ги донесат обвинителите, во демократски процес, заснован на владеење на правото и треба да ги одразат погледите на општеството. Без навлегување во индивидуални одлуки, секогаш интерес е правдата да биде фер и независна од етничката припадност, националноста и религијата. Сериозните злосторства треба да се соочат со правдата, независно од која страна доаѓаат“.
Линк од веста за изјавите на комесарот за Европа за човекови права Нилс Муижниекс и амбасадорот за воени злосторства Стивен Рап --
тука.
Според меѓународното право, случаите на злосторства против цивилно население, случаи на тортура и мачење
не застаруваат и не може да подлежат на амнестија, пишува во извештаите на Комитетот за тортура на Обединетите нации и на Амнести интернешнел за Македонија.
Линк од веста за извештаите на Комитетот за тортура на ОН и на Амнести интернешнел за РМ --
тука
Значи, твојата изјава дека амнестиите за воените злосторници во Македонија поминале без приговор (или дека 'нѐ охрабрувале да ги амнестираме воените злосторници') од САД, Европа и ОН, е неточна.