Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
нема таква работа, најкрупен е тендерот за панорамско тркало па не е ни прибвлижно... СЈО поднесе против министерката и Бетон за ситна работа, затоа што додатниот тендер е објавен подоцна, т.е. Бетон ги направил работите на вересија бидејќи машините му биле таму а друг голем трошок немало..Но ако на тендерот се јавел ДРУГ со помала понуда од Бетон, Бетон ќе морал да ги врати машините на свој трошок и да го сруши тоа што го направил ... но никој друг не се јавил на тендер, имаат некаква колегијалност за овакви работи...
Бетон работел на слепо доведувајќи во опасност животи на работници и граѓани на Македонија кои ја користат нивна дивоградба. За да добие тендер, требало да добие и проект и план и ревизија на проект. Требаше да има потпишан договор за изработка и да има надзор и да се потпшишуваат ситуации.
Ништо од тоа немаше, а државата уриваше дивоградби на обичните граѓани, им рушеше “ситни“ надоградби на куќи, мали преправки во вид на поткровја, во вид на заградени балкуни, подигнати скромни гаражи во дворовите.
Одговорноста на еден министер што овозможила такво криминално однесување со државни тендери и народни пари е немерлива, затоа што власта треба да биде узор и пример на тоа како во државата треба да се работи.
Со својот пример на криминално и незаконско однесување ова власт е директно одговорна за целокупниот криминал во Македонија и за тоа треба да добијат најстроги можни казни.
не е важно дали криминалот со тендерот на бетон е семо десетици а не стотици милиони евра, не е важно ни што тендерите за превоз на ученици во битола се 20 пати поскапи од оние во Токио, не е важна толку ни сумата од речиси милијарда евра потрошена за 34 километри автопат на промашена траса и со огромни проблеми и недостатоци, проблем е што власта тоа го дозволи и не само што го дозволи туку и го потикнуваше и учествуваше во криминалот и незаконитоста.
Само на тој основ треба да се добијат децениски робии башка казни за десетиците милијарди евра народни пари кои се прелеале во нивни џепови и сметки.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.475
Поени од реакции
81.919
Јас те сфаќам како неинформиран човек или свесен игнорант на блиската историја од 1990 година па наваму и на далечната историја од 1900 година па наваму.

Па сега очекувај другите да те сфатат сериозно кога споредуваш историски убијци со луѓе кои - барем засега - не се ни осомничени за убиство.
ок, неам ја проблем околу тоа грујовите мадиња како ќе гледаат на мене
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Стартап Гуру, Винг Чунг маестре, што уште имаме да се пофалиме? : ))

Стартап гуру...

СТАРТАП ГУРУ!

Децана што програмираат по цели денови да те читаат шестар у око ќе си збрцаат.
..некои "деца" доаѓаат на рукољуб..., некои си збрцуат шестар у око...кому како му се милува...:)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.708
Поени од реакции
11.969
ок, неам ја проблем околу тоа грујовите мадиња како ќе гледаат на мене
Ни мене не ме интересира како гледаат било чии мадиња на мене, но чисто информативно - преку чии мадиња гледаш ти на мене како на убиец ?
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.407
Поени од реакции
5.336
Слушам ќе ја правеле Администрацијата пофлексибилна.... Може некој да ми објасни што им значи тоа?
Сега за сега се прилично флексибилни на своја рака си излагаат си влагаат кога ќе им текне.

Некни чекав 46мин за да се врати административецот на своето работно место. Можете да за замислите колку се израдував кога еден од флексибилните административци ми кажа дека имаат пушачка зона од задна врата на адниминстративната зграда. Барај ги таму се собрани, ми рече
Кога отидов ме пречека ваква слика

Им викам - Јааа... за лична карта сум дојден да земам... ќе може?
Еден од батките...- Иди таму да ја допушам ќе дојдам!

Чекав уште 20мин да ја допуши цигарата.

Изгубив: работен ден, дневница и живци.
Добив: укор од газда, жуљеви на нозе и лична карта.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
а молчиш дека ПРОЕКТОТ за скопска ОБИКОЛНИЦА во која загинаа 15-а луѓе е направен за време на владеење на сдсм, нивно министерство и надзорни органи ??
Молчиш дека ПРОЕКТОТ за автопатот Кичево - Охрид е направен за време на владата на сдсм 2002-2006 ??
Зошто не се поведе барање на одговорност на проектантите и надзорот, а и надлежните министерства од тој период ??
Зошто е направен проектот Кичево - Охрид ако не се градело по тоа ?? Ако пред 3 години се правеше НОВ проект ќе лаеше ТИ дека се фрлаат пари..
Доста со кукавички јајца
Ова ми звучи, како сите лоши проекти биле направени и планирани од СДСМ на времето, а ВМРО ги имплементирало.
Или со други зборови сакаш да кажеш дека овие од вмро се неписмени, не гледаат дека имало грешки пред имплементација на проектите. Работава излегува дај-што даш.
Не викај јас за џабе, груевски ја направи државата монти-пајтонска, само кој да разбере.[DOUBLEPOST=1499187373][/DOUBLEPOST]
Ова се тие ситни ударци што му купуваат време на груевски. Само баткото не знае дека кога ЕУ вика треба да имате реформи во судството и да функционирате како правна држава всушност вика дека грујо заедно со бандата треба да си лежат.
 
ЕУ не е Македонија и Македонија не е ЕУ.

Судството во Македонија од секогаш било корумпирано, без разлика кој бил на власт, а кој бил опозиција.

Пастирот и пвеводбениците си го имаат сето време на светот на нивна страна, ако Владо Бучковски се влечкаше низ судовите со години со судска пресуда која велеше дека местото му е позади затворски решетки, за на крај во септември 2016 Врховниот суд да му изрече ослободителна пресуда, тогаш пастирот и пвеводбениците можат најкомотно да си изнајмат простории под кирија во судовите за да не трошат многу време и пари на гориво од дома до судот.

Ќе се влечкаат со години и на крајот или ќе си извадат жива глава исто како Бучковски, или во 5 до 12 пред да им биде изречена пресуда која вели дека местото им е позади затворски решетки, ќе си го фатат последниот авион за Белизе, Доминиканска Република, Кариби или не знам каде и таму ќе си го трошат криминално стекнатиот капитал.
 
За тоа во право си, но криминалите на грујо сите ги слушнаа, има преслушувано амбасади на битни земји во Македонија, ако сакаат нашите преговори со ЕУ треба да го затворат грујо, тоа е просто како грав
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.150
Поени од реакции
15.130
Тоа е судбината на мала ама балканска држава.....неможи судија да биди неутрален ако целата фамилија му е партиски вработена...како ќе суди тој? Или на еден пример од мојот град-синот и го вработија во СЈО, снаата нешто слично, таа беше претстадел на судот....

и обратно-на друга судивка/обвинителка....мажот и бивш директор на Јп во време на СДС на Бранко и го ставија на шефовско место, нејзе унапредување(во време на Грујо)...за кого ќе суди???

да не се правиме наивни.....све се купува и диригира со пари, вработување, услуги, тендери...
 
Член од
26 јули 2014
Мислења
95
Поени од реакции
103
а молчиш дека ПРОЕКТОТ за скопска ОБИКОЛНИЦА во која загинаа 15-а луѓе е направен за време на владеење на сдсм, нивно министерство и надзорни органи ??
Молчиш дека ПРОЕКТОТ за автопатот Кичево - Охрид е направен за време на владата на сдсм 2002-2006 ??
Зошто не се поведе барање на одговорност на проектантите и надзорот, а и надлежните министерства од тој период ??
Зошто е направен проектот Кичево - Охрид ако не се градело по тоа ?? Ако пред 3 години се правеше НОВ проект ќе лаеше ТИ дека се фрлаат пари..
Доста со кукавички јајца
Не е проблемот во тоа во чие време е граден проектот за автопатот. Проблем е како е спроведен. Какво искуство има Трансмет во изградба на автопати? Кој требало да ги контролира што работат на терен? По некоја логика тој што ги дава парите, нели? Каква одговорност има тој што не го спровел проектот, што утнал косини или кривини при градењето?
А за проектот, како да ми текнува дека се збореше дека Владата на СДСМ не оставила позади себе никакви проекти, па морале ВМРО да изгубат неколку години само на проектирање и затоа толку каснеа со почнување на градба на автопати. Може грешам?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.708
Поени од реакции
11.969
За тоа во право си, но криминалите на грујо сите ги слушнаа, има преслушувано амбасади на битни земји во Македонија, ако сакаат нашите преговори со ЕУ треба да го затворат грујо, тоа е просто како грав
Било какви преговори за полноправно членство на Македонија со ЕУ ги блокира Гејлада, а не пастирот и пвеводбениците.

Да се додаде таков услов - осуда, а не пресуда за лица осомничени за организиран криминал - за почеток на преговори за полноправно членство на Македонија со ЕУ е тотално промашување од самиот почеток.

За почеток, ако воопшто биде додаден таков услов, тогаш со таквиот услов се игнорира правната норма која гласи дека сите се невини додека не се докаже спротивното.

Истовремено, пастирот и пвеводбениците имаат богата мрежа на пулени низ Македонија, луѓе кои можеби не се на власт, но и без власт знаат како да им ги загорчат животите на тие кои нема да излезат на протести против додавање и/или прифаќање на таков апсурден услов за почеток на преговори за полноправно членство на Македонија со ЕУ.

Македонските политичари - од сите страни на политичкиот спектрум - се корумпирани луѓе со криминални аспирации, ретки се исклучоците кои можат да се избројат на прсти.

Ако денешен партиски пулен кој се стреми утре да биде богат криминалец, прифати негови сопартијци или членови на некои други политички партии да бидат осудени за да се исполни некаков апсурден дополнителен услов за почеток на преговори за полноправно членство на Македонија со ЕУ, тогаш истиот тој денешен партиски пулен ќе биде свесен дека и него можат утре јавно да го разоткријат како криминалец, исто како што ги разоткрија пастирот и пвеводбениците, а со тоа и неговото заминување позади затворски решетки ќе стане дополнителен услов за некоја друга политичка игранка.

Криминалец можеби не сака друг криминалец, но и двајцата си ја сакаат професијата, и последно нешто што криминалец би прифатил е создавање на правна рамка за затворање на некој друг криминалец, кога е свесен дека истата таа рамка може да биде искористена утре и против него за да заврши позади затворски решетки.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Ова ми звучи, како сите лоши проекти биле направени и планирани од СДСМ на времето, а ВМРО ги имплементирало.
Или со други зборови сакаш да кажеш дека овие од вмро се неписмени, не гледаат дека имало грешки пред имплементација на проектите. Работава излегува дај-што даш.
Не викај јас за џабе, груевски ја направи државата монти-пајтонска, само кој да разбере.[DOUBLEPOST=1499187373][/DOUBLEPOST]
Ова се тие ситни ударци што му купуваат време на груевски. Само баткото не знае дека кога ЕУ вика треба да имате реформи во судството и да функционирате како правна држава всушност вика дека грујо заедно со бандата треба да си лежат.
Било кој да дојде на власт еу кокодака дека новата власт ќе направи подобри реформи во судство,полиција војска,...........
Па до сега бре со овие направени реформи Германија требаше вода да ни носи а сите криминалци во затвор да бидат
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Било какви преговори за полноправно членство на Македонија со ЕУ ги блокира Гејлада, а не пастирот и пвеводбениците.

Да се додаде таков услов - осуда, а не пресуда за лица осомничени за организиран криминал - за почеток на преговори за полноправно членство на Македонија со ЕУ е тотално промашување од самиот почеток.

За почеток, ако воопшто биде додаден таков услов, тогаш со таквиот услов се игнорира правната норма која гласи дека сите се невини додека не се докаже спротивното.

Истовремено, пастирот и пвеводбениците имаат богата мрежа на пулени низ Македонија, луѓе кои можеби не се на власт, но и без власт знаат како да им ги загорчат животите на тие кои нема да излезат на протести против додавање и/или прифаќање на таков апсурден услов за почеток на преговори за полноправно членство на Македонија со ЕУ.

Македонските политичари - од сите страни на политичкиот спектрум - се корумпирани луѓе со криминални аспирации, ретки се исклучоците кои можат да се избројат на прсти.

Ако денешен партиски пулен кој се стреми утре да биде богат криминалец, прифати негови сопартијци или членови на некои други политички партии да бидат осудени за да се исполни некаков апсурден дополнителен услов за почеток на преговори за полноправно членство на Македонија со ЕУ, тогаш истиот тој денешен партиски пулен ќе биде свесен дека и него можат утре јавно да го разоткријат исто како што ги разоткрија пастирот и пвеводбениците, а со тоа и неговото заминување позади затворски решетки ќе стане дополнителен услов за некоја друга политичка игранка.

Криминалец можеби не сака друг криминалец, но и двајцата си ја сакаат професијата, и последно нешто што криминалец би прифатил е создавање на правна рамка за затворање на некој друг криминалец, кога е свесен дека истата таа рамка може да биде искористена утре и против него за да заврши позади затворски решетки.
Ако грујо не е во судски процес и нема некоја посериозна казна затвор, тогаш ќе чуеш од ЕУ нема владеење на правна држава и правото, тоа се вика дипломатски речник. Не може они у лице да ни го плескаат, јесте во последните години ни го плескаа ко мали деца, ама тоа оти грујо не разбира што е тоа одговорност[DOUBLEPOST=1499191173][/DOUBLEPOST]
Било кој да дојде на власт еу кокодака дека новата власт ќе направи подобри реформи во судство,полиција војска,...........
Па до сега бре со овие направени реформи Германија требаше вода да ни носи а сите криминалци во затвор да бидат
Па во скоро секој извештај на ЕУ имаше пропусти во медиумите, судството, човечки права итн, само бидејќи има пропусти во медиумите се пропуштаа овие забелешки, као тоа е ситница што би се рекло овие од ЕУ барале влакно во јајцето.
Реформи во форма на закони има донесено и тоа многу, ама само зборот од грујо ги поништува сите нив.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.675
Поени од реакции
28.116
ок, неам ја проблем околу тоа грујовите мадиња како ќе гледаат на мене
ок, неам ја проблем околу тоа грујовите мадиња како ќе гледаат на мене
Види вaкa.Акo пoдржувaчите штo се oпределиле зa пoдршкa нa Вмрo(нивнo прaвo) ги нaрекувaме мaдињaтa нa гвујo, тoгaш тие штo се oпределиле зa другaтa oпцијa зaштo не ги нaречеш чмaрoт нa Зaев?И тие и тие се нечии пимплaчи тaкa?Слепи пoдржувaчи зa кoрист некaквa
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom