Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Добро би било да ги прикажат медиумиве презентациите да видиме за кого се бара притвор.
 
Епа тогаш чим е така, среќа што го имаме чичко Сем. Иначе сеа Груевски сеуште ќе беше на власт.
Така де, утре тие другите исто вака ќе ви викаат: Среќа што го имаме чичко Сем. Иначе сеа Заев сеуште ќе беше на власт.

И така во круг. Дали ти и твоите, или тие што сега ги сменивте во фотељите, за чичо нема нема зима. За чичо Сем е важно само дека секогаш ќе има предавници и слепци да работат против националните интереси.
 
Неофицијално е ова...

http://24vesti.com.mk/sjo-bara-pritvor-za-gruevski-visoki-funkcioneri-na-vmro-dpmne-i-latas


СЈО бара притвор за Груевски, високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и Латас

Специјалното јавно обвинителство бара притвор за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева одговарајќи на новинарски прашања, потврди дека се бара притвор за претседател на политичка партија зборувајќи за проширувањето на истрагата за случајот „Титаник“.

Неофицијално, освен за Груевски притвор се бара и за поранешниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протугер, за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Сите се обвинети во случајот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности.

Обвинителството побарало притвор за вкупно 18 лица, а меѓу нив е и уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ- Латас кој е обвинет во случајот „Тотал“.
 
СЈО бара притвор за 50 лица помеѓу нив и за паторот. Судот во рок од 24 часа треба да одлучува за притвори.
 
Така де, утре тие другите исто вака ќе ви викаат: Среќа што го имаме чичко Сем. Иначе сеа Заев сеуште ќе беше на власт.

И така во круг. Дали ти и твоите, или тие што сега ги сменивте во фотељите, за чичо нема нема зима. За чичо Сем е важно само дека секогаш ќе има предавници и слепци да работат против националните интереси.

Па Beric Dondarrion има искуство во тоа. Тој гласал за Грујо пред неколку години, па се освестил, сега гласал за Заев па можеби пак ќе се освестува.
Вака делува доста интелигентен ама се бива.
Ама и ти па со тие национални интереси, толку ли не сфати дека тоа веќе изумира ниту имаме корист.

Сега ќе биде многу интересно ако има одредат притвори. Ќе пиштат како змии.

А ако не им одредат , што ќе биде оправдувањето ... :cautious:
Или направиле смена или казниле некој од сваровски судиите а не сум слушнал
 
http://www.jonsk.mk/wp-content/uploads/2017/06/СТАТИСТИЧКИ-ПОДАТОЦИ-ОБВИНЕНИЈА-29.06.2017.pptx
еве ја презентацијата,само што имињата се со иницијали,ама не е тешко да погодиш кои се хаххахаха
Мора да бидат со иницијали за пред јавноста.

СЈО е на тешки дроги
Бапни еден ладен Хајнекен и опушти се. :D
 
Почна да функционира договорот за добрососетство.Никој не е уапсен.

ВО ДУХОТ НА ДОБРОСОСЕДСТВОТО: Бугарски навивачи го блокирале патот Куманово – Крива Паланка и испишале навредливи пораки кон Македонија!

http://infomax.mk/wp/во-духот-на-добрососедството-бугарск/
Секоја навивачка група која патува во странство прави вакви работи.
Скоро на секое гостување сме боеле низ Србија и сме лепеле налепници.
Слично, пола Македонија е ишарана од странски навивачки групи, како Бугарски, така Српски, Грчки, Албански и ред други.
Пола надворешност на Градски ти е обоена од Балисти (боеле додека играа на Градски минатото лето), пола нови градби од другата страна на кејот се обоени од Шверцери и скоро секаде пишува Шќипри етнике. Вакви натписи имаш на градби како обвинителство, МНР итн.

Никогаш досега не биле превземени мерки против нешто вакво, а се случувале неколку инциденти досега, особено со Грчки навивачи кои транзитирале низ државава.
 
Мф....Заев ги платил навивачите бе - тоа е вест. Кај ви отиде „креативноста“?
Мфф полицијата дошла и не можела ни еден да уапси.И се уште се тегнеле едно три саати.Е Заев ќе да е крив.
 
Навредливите пораки ги знае некој?
Зашто не стаат слики? Слики од графитите со навредлива содржина за Македонија и слики од блокадата на патот, која траела некое време. Плус, во текстот пишува дека навивачите сеуште се на патот и се опираат на приведување.
Некој би си помислил дека во веста на инфомакс има трули делови. Велам - некој, но не јас. Јас сум културен.
Нема приведени ,автобусите патуваат кон албанија ,200 евро казна за графитот.
1-22.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom